RE: Завеси или венецијан ролетни? (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Совети за домаќинки



Порака


mommy_angels RR -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (29.11.2013 8:51:46)

Венецијанки немам и не сакам,немам јас живци за нивно чистење. Сакам завеси ,куќата ми ја прават топол дом,нормално модерни и убави. Е и мене ми се допаѓаат сега овие како ролетна што се ,ама ме двоуми нивното одржување[sm=zmeden.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (29.11.2013 8:55:21)

jas venecijanerot gi vadam i gi stavam vo kada so tus i sungerce gi cistam,pa posle nadvor gi zakacuvam da se cedat,ama treba vednas da se izbrisat so suva krpa zosto ostanuvaat damki,i stvarno e komplicirano,ako sakas detalno da gi iscistis,inaku so vlazna krpa na lice mesto gi pominuvam koga gi brisam i prozorite...




deluxe -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (14.4.2014 23:38:52)

Завеси,дефинитивно.лесни за одржување,и практични се.Венецијан ролетните се џабе фрлени пари,колку и да ги бришеш прашина останува,и плус тоа се мн.нежни лесно се прекршуваат.




Mila mamicka -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (23.5.2014 11:24:43)

Јас отсекогаш сакав да имам убави завеси, заедно со некои тешки завеси кои ќе ми се вклопат во просторот. Некако потопло ми делува со завеси дома. Ама, откако го реновиравме спратот за да се вселиме, излезе дека во дневната светлината ќе ни доаѓа од 6 прозори, кои се наредени во полукруг, и се во делот на кујната, и не можев да ставам завеси на нив. Ставивме венецијанки, и не зажалив. Многу ми се лесни за одржување. Во спалната имам завеса само на прозорот, од оние што се собираат нагоре со механизам, и многу ми е убава. Здравје, во детска, ќе ставам убава некоја завеса со детски мотиви.




sandriana RR -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (23.5.2014 12:07:10)

Еднаш имам пишано, ама пак ќе се потврдам - и мене завеса ми е поим за дом. Вчера си купив нова за во реновираната соба [sm=smiley36.gif] Се премисливме 100 пати со мм, консултиравме и стручни луѓе што работат со венецијан, и тие дефинитивно потврдија став за завеса за просторот за кој се двоумевме.
Венецијан имам во малата соба, која досега беше кујна - и ич не ми е решение, особено со бесно дете дома, што постојано ја чепка. Наскоро и нејзе ќе ја замени, или во најмала рака, покрие, класична завеса.




LoveableMe RR -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (30.5.2014 9:21:24)

Јас сакам завеси, мм запна кога реновиравме венецијанер, е па се сложив ама му реков не знам ништо за венецијанер, ти ќе си ги одржуваш, переш во када, бришеш и рече добро....и така е до ден денес, не ги пипам[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




princessa -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (30.5.2014 15:24:34)

Завеса дефинитивно. Така куќата ми изгледа како дом, ми внесува топлина и има шарм. Кога ќе видам венецијанки ме потсетува на канцеларија, на болница, некако ладно чувство ми прави. И тешки се за оддржување. А завесите се пери-носи и плус кога сакам си ги менувам, ги носам од една соба во друга кога сакам промена да внесам или купувам нови и така си правам нова дома.




Felly RR -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (30.5.2014 19:20:40)

Кај нас моментално е комбинација венецијанер со драпери - од тие тешките завеси што ги викате. Тие на крајот од прозорците, и не пречат за влегување на светлината, а сепак му дават топлина на домот. Прво кога ги наместивме венецијанките, ми беше некако празно, па си ставив и драпери, и вака ми е супер комбинација.




Dilina -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (30.5.2014 20:45:01)

Имаме ролетни и ги користиме само кога преку лето пече мн сонце, а ако ги немавме може на нов прозор би ставиле венецијанер ама да е меѓу стакло да немора да се бришат.... а без завеси ми е шубе, така да си личи во секој случај :)




Snowhite RR -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (2.6.2014 23:25:49)

Не ми е јасно зошто венецијанот се замена за завеси, зошто не комбинација од двете, јас па мислам дека тие се повеќе замена за оние ролетни надворешни што се ставаат на дрвена дограма. Значи завеси, а за спречување на светлината и затскривање од надворешноста венецијан
Инаку и јас сакав некоја комбинација како кај Фели, со таа разлика што кај мене прозорите се мали, така да идејата ми беше да ставам кратки драпери на мали корнези, има убави модерни корнези што не се преку цел ѕид, туку само над прозорецот, ама засега идејата ми е нереализирана, се надевам еден ден за брзо ќе ја реализирам




deluxe -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (2.6.2014 23:55:59)

И кај нас е комбинација од завеси со венецијанки.На почетокот ги ставивме само венецијаните,ама изгледаше многу празна собата,како канцеларија[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]И тогаш си најдов танки завеси,и сега супер е личи на нешто.Да можам да го вратам времето,не би земала венецијанки.Имаат многу маани,одколку предности.Многу лесно се виткаат,мало невнимание,или дете да ги зафати,отидоа...[sm=jezicek.gif]И второ многу ме нервираат колку прашина се лепи на нив,а не можам да ја исчистам комплетно.Катастрофа се според мене.[sm=smiley13.gif]И уште нешто,кога врне прозорците се валкаат 100%,за разлика од класичната ролетна,која стварно ги заштитува.




scared RR -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (30.11.2014 20:16:35)

Завеси. Поубаво изгледаат а и домот си има некоја топлина [sm=smiley1.gif]




caciana -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (1.12.2014 2:00:54)

Zavesi [sm=smiley1.gif] Sestra mi maki maci so venecijanki,nikako Ne Se cistat,treba DA GI pere Vo Kara,pa DA Se cedar...cell den go trosi na niv.




Felly RR -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (1.12.2014 9:35:02)

Јас ги тргнав завесите, сега зимово бидејќи се грееме на грва, многу се чади, уште завеси да имав - ќе требаше секоја 2 недела да ги перам. Вака ми е попрактично.




LoveableMe RR -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (10.6.2015 11:14:54)

Женски, ај препорачајте ми ролетни пластични надворешни, да не бидат многу скапи, а фирмите да бидат од Скопје. [sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]