profesorica -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (9.10.2009 14:09:30)
|
Ролетни од бамбус – природно и модерно После последниот бран на зимските студови, со крајот на тмурните месеци, кога на прозорецот ќе блеснат сончевите зраци, стаклените површини би требало да се заклонат со ролетни или завеси кои ќе ја спречат заслепувачката светлост, а и горештината во потоплите денови . [image]http://www.sezadomot.com.mk/Novi_sodrzini_%2005.11/roletni1.jpg[/image] Од големиот избор на засенувачи, заслужуваат да се истакнат ролетните од бамбус кои се изработени од природен материјал, па затоа се и најадекватна заштита од сонце и горештини. Покрај тоа, со елегантната, но едноставна изработка убаво се вклопуваат во различни стилови на уредување на ентериерот. Ролетните од бамбус се поставуваат од внатрешната страна на прозорецот и можат да бидат замена за надворешните ролетни и за завесите. Изработени се од тенки бамбусови гранчиња, па и потполно затворени пружаат доволно светло и не го затвораат погледот од внатре, а истовремено ги заклонуваат погледите кои доаѓаат надвор од домот. Освен во природната боја на дрво, ги има и во други бои, со што лесно се прилагодуваат на бојата на мебелот, ѕидовите, подовите и теписите. Погодни се за сите простории, од бањата до спалната соба, па дури и за деловни згради и канцеларии. [image]http://www.sezadomot.com.mk/Novi_sodrzini_%2005.11/roletni2.jpg[/image] Начинот на поставување на овие ролетни е прилично едноставен, а се отвораат и затвораат со повлекување на тенка врпца. Не е потребно да се мијат, но повремено треба да се избришат од прашина. Освен на прозорците, од внатрешната страна на домот, тие можат да се постават и на балконите и терасите. Најубаво изгледаат опкружени со балконско цвеќе и со зеленило. И спуштени до подот оставаат доволно светло, а истовремено и покриваат од љубопитни погледи. На тој начин во потполна приватност може на мира во летното утро да се пие кафето или да поминете попладне, излежувајќи се на свеж воздух. [image]http://www.sezadomot.com.mk/Novi_sodrzini_%2005.11/roletni3.jpg[/image] Ролетните од бамбус можно е да се постават и на куќички, настрешници или тремови. За време на летните горештини создаваат сенка, а истовремено и овозможуваат струење на воздухот, па престојот во тие простории ќе биде уште попријатен. Поставување на надворешни површини побарува и превентивни заштитни мерки, бидејќо ролетните би биле изложени на дожд, па затоа треба да се заштитат од влага и мувла. Доколку пред поставувањето ролетните се премачкаат со безбоен заштитен лак, се продолжува нивниот век на траење. Извор:се за домот
|
|
|
|