LoveableMe RR -> RE: Психолошки фактор (20.4.2015 9:38:15)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko .......Секогаш вака ми с еслучува со фоликулите растат ОК и потоа не пукаат. Не знам веќе што баксуз ќе бев. Како и да е вчера убаво си се исплакав и сега сум ебз некоја надеж. Можеби не ни е пишано да имаме биолошки наше дете. ИЗВОРНА ПОРАКА: bubla Auuu kvisko, kako taka?! Ke se raduvas brzo. Ete nekogas rabotite ne odat po planot koj nie sme ai go zacrtale, ama upornosta na kraj ke se isplati. Znam kako ti e, ama mnogu uspeale, ke uspees i ti :) I mene maka mi e sto ete bas jas vaka da se macam, ama ete goapod ne stava pred iskusenie. Site od prva do posledna tuka ke uspeeme. Ako ne probuvame, kako ke uspeeme?! ИЗВОРНА ПОРАКА: Kvisko Дај Боже да си во право. Некако веќе ми е смачено од се. Смачено ми е всушност да се чувстувавам комплетно беспомошно. За се во животот сум научена да се мачам и да се трудам мнооогу за да стигнам до нешто што сум го зацртала, ама барем знам дека ако се потрудам ќе има резултати и напредок. Тука се чувствувам комплетно беспомошно. Што и да правам како да нема никакво влијание. Тоа ме разочарува. Беспомошноста. До сега амибициозноста и решеноста да нпаравам нешто вродувале со супер исход во борбава за бебе се обратно испаѓа. Некогаш дури и ми е срам што и докториве ги мачам заедно со мене. Знам дека се за тоа платени ама досега веќе трет пат доктор доаѓа само заради мене на работа во Сабота уверен/а дека ќе ја фати овулацијата и гледа дека пак не се случило тоа што се очекува да се случи со моите фоликули. Два пати ми се случи ова на ГАК и сега во Ремедика. Испаѓа дека сум некоја медицинска „наказа“ на која никој не може да и го најде чарето. Се исгледа добро до одреден момент и потоа работите се повампируваат. Не знам веќе што да кажам да направам нешто секако не можам. ИЗВОРНА ПОРАКА: bubla Kvisko i mene mi e smaceno da odam po lekari veke. Iskreno mi e maka. Tvojot post kako jas da sum go pisala. Nisto na tacna ne sum dobila, ama pa so trud uapevalo. a sega kako vo mesto da tapkam. Ama ne se otkazuvam! Ne treba ni ti. Ima podemi, poveke padovi, ama ke uspeeme. Jas sum ubedena. Medicinata e otodena mnogu napred i toa e nasata svetla tocka. Mora da veruvame deka site aduti se na nasa strana! Nema otkazuvanje dodeka ne uspeeme. ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR ....Kvisko, комплетно те разбирам, и сосема е нормално што така се чувствуваш. Гледам каков тип на човек си, и се препознавам многу. И јас сум од оние што цел живот, за се, ама буквално за се, мора да се потепаат од труд, работа и што се не, за да го добијат она што го сакаат. Никогаш ништо на тацна, туку напротив, со многу работа, ама додека не ти излезе низ нос. Стерилитетот е исто, и верувај ми, продолжува и после забременувањето. Едноставно, такви ми се работите во животот и тоа одамна си го прифатив. Мислам дека најдобро што можеш да направиш за да си помогнеш е да се помириш со фактот дека не сите работи зависат од тебе и дека има некои нешта на кои колку и да се трудиш, колку и да сакаш, не можеш да им влијаеш. Знам дека ова ти личи на откажувања, но не е - се работи за препуштање контрола и имање верба дека нештата ќе се средат, а единствениот твој удел ќе биде оптимизмот. Не е лесно, но се работи за leap of faith, кој за мене е симболички, не реално религиозен, се надевам дека сум јасна. Пиши ми пп, тука сум за тебе. Квиско, буквално истиот муабет го правев со пријателки скоро, абе како реченициве од уста да ми ги зема, ама тоа е, бори се влечкај се по ординации доктори, упорна упорна абре поупорна здравје, ама тука немаме контрола над овој процес, а мислите без разлика кои сме, каква религија имаме, националност, држава во која живеееме, професија, буквално истите мисли ги имаат девојките кои се борат со неплодност насекаде низ светот. Не знам кој е патот, можеби психичко опуштање, посебни техники насоки со стручна помош ќе помогнат, јас исто размислувам да најдам начин да ја одморам главата и мислам тоа бајаги ќе ми повлијае на психата, па може ќе бидне оп [sm=smiley1.gif] Не знам визуелизација дали помага, дали има начин некако со силна мисла да се победи неплодноста, нормално ако нема други пречки кои треба да се решат медицински......кога ова го зборам, стално ми е Шарлот од Сексот и градот во мисла, кога одеше на акупунктура...[sm=smiley1.gif]
|
|
|
|