Hopeful RR -> RE: Психолошки фактор (3.3.2015 16:55:26)
|
butterfly 00, прво да те гушнам силно [sm=smiley31.gif] И јас комплетно те разбирам. Сите сме биле во ваква ситуација и ич не е лесно. Мене на почетокот ми требаше време да го убедам мм да направи спермограм, замисли, додека јас без проблем правев ХСГ и што се не... Едно време јас бев таа што го убедував дека имаме проблем, тој порекнуваше, па обратно, и тек после некое време и двајцата сфативме некои работи. Имавме и расправии, и дистанцирање еден од друг, и обвинувања до кого е и како е, и за да се надмине сето тоа беше потребно време, за што од подоцнежна перспектива си викаме, колку сме биле глупи што не збрзавме. Ама тоа е, човек поминува низ сите фази, посебно пак што ова е проблем на парот, треба време за и двајцата да апсолвираат одредени работи. И мене мм ми викаше дека сум под стрес, дека само на тоа мислам, дека треба "да се опуштам" и да не мислам на тоа, дека сама се саботирам, и во тие моменти ми идеше да го задавам пошто се осеќав неразбрано и осамено, но едноставно различно ги сфаќаме работите. Додека јас се брзав за документи за ваучерот тој си беше лабав, додека јас го форсирав ивф-то тој сакаше да одиме на одмор, но ете, еден ќе попушти еднаш, другиот друг пат, се најдовме на пола и сега за сега се е ок, фала богу. Јас уште сум мрдната од хормоните и психичките аспекти на бременост после стерилитет, што е сосема нова тема, и мм исто полудува и колку да пробува да биде толерантен не му успева секогаш, но ете, возиме некако. Можеби и ние жените бараме премногу од нив, можеби очекуваме да ги прифатат нештата како и ние, а различни сме, и по воспитување, и по очекувања на средина, и по физички аспекти - тука мислам на хормони, сепак. Ова што ви се случи е голем удар, но и голем успех - сепак ивф-то беше успешно и е огромен знак дека и следното ќе биде успешно. Од тој аспект, и на двајцата ви треба одмор и пауза. Ајде да пробаме да бидеме објективни и да видиме што може и двајцата да направите. Прво, седни и разговарај со него, кажи му дека сепак ти треба поддршка и најискулирано замоли го за разбирање и толеранција. На сите нив сме им чудни во текот на овие процеси, но тоа е, не е секогаш по наша волја. Потоа, за твое и за негово добро, дигни рачна на овие муабети и 2-3 месеци потруди се да не збориш на таа тема. Ти продолжи си да читаш и да се информираш, ако тоа ти значи и ти помага, но не ги споделувај сите податоци со него. Не е лесно, знам дека сакаш да разговараш и да споделиш, но ете, ние сме тука, ќе си правиме муабет. Него пробај олабави го, нека се дистанцира малку од сето ова за да има волја и оптимизам за следниот обид. Ќе видиш, и тебе добро ќе ти дојде. Ние сме секогаш тука за тебе, така што слободно жали ни се. Ќе плачеме заедно, како и досега, и ќе се радуваме заедно, сигурна сум. Во ситуацијава најбитна си ти, и ова е минимум што можеш да направиш за да си ја заштитиш твојата психа, а и да се спремиш за нови борби [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|