RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Свадби, крштевки, годишници ...



Порака


profesorica -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (9.12.2009 12:51:25)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bogdancanka

Jas ne bi napisala ali i ne sum protiv koj kako saka neka si pisuva.A isto taka olesnuvanje mi e koga imam takva pokana nema da gubam vreme vo baranje poklon pa sto da kupam ,pa dali ke im koristi ne e samo poklon da kupam treba barem i nekoj primena da ima.


потпис!!!




Sexy Lady -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (20.6.2010 16:48:56)

Не ми се допаќа кога на поканите за свадба пишува подарок во плик. Тоа е како да е морално да се однесат пари. Досега не сум добила ваква покана, а ако добијам нема да отидам на свадбата.




Maca25 -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (20.6.2010 23:20:05)

Нормално е дека на блиските може да им кажеш да донеста подарок во плик, но на сите гости, тоа е претерано!




Bitolcanka -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (20.6.2010 23:51:19)

И јас имам видено покана за свадба со ваква порака (пишуваше дека е пожелно поклонот да е во плик), навистина лошо звучи, но можам да разберам. Некои не се во состојба да ја платат свадбата (не стои секој добро финансиски, а сака да си го дозволи тој величенствен чин), па затоа така напоменале. Кога ќе дојде ред за мене, во никој случај нема да имам такво нешто - некој по желба може да има таков поклон, не да е обврзан.




nadica -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (20.6.2010 23:56:37)

јас пред 2 недели бев на свадба со таква покана и ми изгледаше вулгарно
секој сака да се оддолжи и да даде колку може но некои луѓе немаат кеш за поклон па можат и на рати да го платат


сепак бев на свадба и да поклонот беше во плик[sm=zmeden2.gif][sm=smiley24.gif]




niki -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (21.6.2010 9:52:39)

Можеби е вулгарно да стои на поканата и така мислев пред да правам свадба, па не пишуваше на моите покани. Но, некако не гледам  поента и кога ќе се изнакупуваат се исти подароци и потоа тој што правел свадба едниствено што може да направи со нив е да ги складира во подрум и да чека некој да го покани на свадба за да се отараси од нив. На поклонет коњ заби не се гледаат, но на немаштијата и за оној кој подарува и за оној кој прима подарок е подобро и покорисно она што ќе се даде да биде искористено, а не само да се даде колку да е дадено. Искрено многу повеќе ми значеа во плико 500 или 1000 денари, наместо столни ламби или 5 сервиси за ручавање што ги добив и што и ден денес седат неотпакувани бидејки чинии имав купено и пред да се мажам.
На една свадба пред 10 години, кога не беше во тренд да се дарува во плико, ги гледав подароците: 3-4 пегли, 5 фритези, 6-7 стаклени одноотпорни садови, 4 усисивачи, 2-3 соковници, неколку тостери и сл. Што ќар од сите тие исти работи имаат младенците, сигурно не ќе отвараат ресторан, а оние кои ги дале подароците парите ги потрошиле и тоа залудно бидејќи половина од подароците завршиле во подрум или кај некој трет.
Јас кога одам на свадби и на било какви прослави носам пари, па што сакаат и како сакаат нека прават со нив, сигурно повеќе ќе им користат од некоја ситница која ќе ја плаќам на рати половина или цела година, а истата ќе ја добијат уште неколку пати.




mama26 -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (7.10.2010 21:18:12)

bratucetkami sakase pari vo pliko i dobi .na prsti se broeja gostite koi bea so pokloni...na pokanata ne pisuvase taka tuku bese telefonski kazano.a ne deka site donesoa neznam kakvi pari..spored mene e isto.koj so moze tolku neka donese.a ako nemam svadbata da ja platam togas zar ke cekam od gostite?ic nema ni da ja pravam..so 500 dusi.tuku so 50 i gotovo.




blue_blue -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (8.10.2010 9:49:11)

Мислам дека не е убаво да стои на покана. Ај да почнеме и на покани за детски роденден да ставаме „пари во плик“, „кондури од GEOX број 24“, џемпер од окаиди зелен број 4....Мислам ставрно е небалгодарано - ич не викај луѓе на прослава...Јас секогаш носам пари а на детски родендени прашувам што им треба па тоа купувам, ако ми речат ништо не ми треба купувам пижами и гаќи маици пошто знам дека тоа сигурно ќе го искористат многу повеќе од некоја глупа пластична кинеска играчка со токсична боја.

На свадба ми донесоа 90% пари иако не пишуваше на поканите, ама ми беа се блиски луѓе и им кажав усно кога ме прашаа. Тие поклони неколку што ги добив беа жива глупост, освен еден сервис чинии кои сеуште ги користам.




anedespo -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (8.10.2010 15:25:04)

Јас сум За, иако јас на мојата свадба не го направив тоа. Има брачни парови што се обезбедени со се и сешто, па не им треба Вашиот вкус или невкус. сакаат сами да си купат и одберат. Од глупи поклони ми е преку глава. од кинески неквалитет сервиси, бела техника безврска што еднаш ќе ја уклучиш и ќе прегори. мене ми донесоа јорган усмрден и мувлосан што им стоел на таван, саат ѕиден од 100 ден од пазар ( а беа двајца) и ред други глупости. Денес нема срам за ништо, се знае што им треба на сите млади луѓе (пари за сами да си купат што сакаат, а некој туѓ вкус или невкус да им преовладува во домот




AnnaMolly RR -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (8.10.2010 15:50:01)

Бевме на една свадба пред некој месец и на поканата со ПЕНКАЛО имаше допишано поклон во плик. Смешки живи, а богами според мене тоа е срамота. И така во последно време повеќе пари се даваат. Ние на нашата свадба добивме 80 % пари, ама тоа по желба на гостите. Свеки викаше да пишеме и ние на поканите, ама јас и мм категорично одбивме! Нема шанси мене некој да ми се смее и после да ме оговара по луѓе. 




AnnaMolly RR -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (8.10.2010 15:52:35)

А инаку ние секогаш носиме поклон во плик на свадба. Така и мене ми е најлесно, нема да му ја мислам што да купам, а и на младенците добро ќе им дојдат.
А јас имам една подтема.
По колку пари ставате во пликот?





Annet -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (8.10.2010 17:50:38)

Јас лично сум ПРОТИВ.И јас бев невеста и сите поклони ми се драги,без разлика на тоа каков квалитет се.А тоа ПОКЛОН ВО ПЛИКО е многу понижувачко од страна на младоженците спрема гостите,се повеке себични луге на светот има ,за жал.Сите сме свесни дека сега 90% гости носат пари на свадба за поклон,глупаво е некој тоа да ни го потенцира.На крај краеви зошто прават свадби таквите луге,кога со тие пари што ги вложуваат за свадбата можат да си купат што сакаат,и така ќе си живееат сами и среќни.... Глупости се исмислуваат по светот,наместо сите роднини и пријатели да ни бидат весели на свадбата и опуштени,ние да си правиме самите да имаме глупи свадби се заради ПОМОДАРСТВОТО НА 21 ВЕК. Сепак кој како си сака,секој има свој избор. А јас сум добила таква покана ,ама не однесов пари ,туку купив поклон мн убав и сега таа истата невеста си го користи секојдневно.Нели е убаво [sm=smiley1.gif]




lukas -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (8.10.2010 18:17:26)

jas sekade kade sto odam na svadba nosam plik zosto na nikoj nemozes da mu go pogodis vkusot,a dali ima nekoj da stavi pari,????mozebi podobro mu e nestoto da go zemi od prodavnica na rati,i nekoj da mu naredi[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]sramota navistina,na film bas imav gledano pred svadbata edna nedela vo restoranot kade ke se pravi proslavata,mladencite si imaat staveno lista na raboti koi im trebaat,i odat gostite si odbiraat pokllon sto mozat i sakaat da go kupat i go preckrtuvaat,ubava ideja,za povojnica koga mi idea luge normalno idat najbliskite,site me presuvaa so damu kupat na lukas primer do tolku pari site skoro si znaeme kolku imame v dgeb,i ne mi e nitu mene sram da prasam nekoj sto saka da mu kupam,no sepak ova vazi za luge sto ubavo zivees...nezz no uste ednas da pravam svadba nikogas ne bi go napisala toa....pozzz




miana -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (26.7.2011 15:05:18)

Auuu PROTIV definitivno!!!! a i toa baci raka sto nekoi go praktikuvaat mi e mnogu mizerno!!!




Maca25 -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (26.7.2011 15:45:16)

Сега скоро брат ми правеше свадба. Тие на поканите нормално немаа напишано поклон во плик, но на најблиските им рекоа дека сакаат пари а не поклони, за да можат понатаму со тие пари да си го уредат домот по нивни вкус. И така и беше. Повеќето им дадоа пари, но секогап има по некоја неразбирлива тетка која сака да купи поклон - да се знаело дека тоа е од тетката. Среќа што тоа што им го купија па супер им се најде и баш тие работи ги немаа во куќата.
Пред некое време средував кај моите дома нешто и налетав на покана на која со големи букви пишуваше - Поклон само во плик!!!! Безврска!!!




humana -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (26.7.2011 15:51:11)

Ја аум многу многу против,како може некој да ги условува луќето,најблиските секако ке донесат,ама другите ако немаат а сакаат да дојдат,тоа јас би го савтила поклон во плик или недоаѓајте.Сега брзо бевеме на свадба со такво плико,инаку секаде носиме пари и тоа повеке од што треба,толку ме налути тоа што од инает однесов поклон,и ако верувате сите беа со поклони,така да кој решил да носи поклон ке однесе,а некој и од инает ке му однесе




Mihaela 2010 -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (26.7.2011 15:55:46)

Глупаво е да стои на поканата Поклон во плико,ама и јас сум повеќе за пари..Кога јас правев свадба,најблиските ме прашаа што сакаме,реков пари.Дома имав скоро се,кујна опремена,дневна спална..од кумот добивме машина за перење,по наша зелба,а од старосватицата правосмукалка..тоа ми фалеше..Нашата свадба бесе со 160 гости,од кој 80 посто беа пари а другото поклони,ама сум задоволна пошто добив 3 убави уметнички слики,и некои работи за домакинство што си ги користам




ikki -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (26.7.2011 18:02:43)

Jas sum protiv ta da se uslovuva poklon vo plik. Eve jas na primer za svadbata nasa ne pisuvav poklon vo plik pa 75% ni donesoa pari. Isto taka dobiv servisi i razni raboti sto mi se mnogu dragi, dobiv i koristen skovnik pa zgora i pokvaren, ama pak nikogas ne bi napisala [poklon vo plik, koj sto saka i kolku saka moze da donese bidejki jas pravam proslava a ne prosam.
A uste poselsi mi e koga nevesta odi po masi i sobira pari, pred nekoe vreme prisustvuvav na takov 4in




Bibe 14 -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (2.9.2011 19:36:46)

Kolku bi bilo ubavo koga i vo Mk bi mozele mladozencite da se registriraat vo odredeni prodavnici ili stokovni kuki kako na zapad. Ovde toa go pravat za povojnici, svadbi, mominski veceri i sto li uste ne. Tie se registriraat za pokloni sto nim im trebaat po niven vkus i tie mozat da bidat od najniska mozna cena pa do najvisoka pa koj kolku moze toa ke kupi, no sepak ke bide nesto sto mladozencite go izbrale. Tie gi pisuvaat iminjata na prodavnicite vo koi se registrirani na pokanite.
A vaka da pisuva poklon vo plik, e navistina glupavo. Jas sum definitivno protiv toa.




Martins mom -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (2.9.2011 22:43:01)

Бљак!!! Ништо не мислам и не намеравам да присуствувам на свадба под услов!




Natuska85 -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (2.9.2011 23:52:57)

ИЗВОРНА ПОРАКА: ikki

Jas sum protiv ta da se uslovuva poklon vo plik. Eve jas na primer za svadbata nasa ne pisuvav poklon vo plik pa 75% ni donesoa pari. Isto taka dobiv servisi i razni raboti sto mi se mnogu dragi, dobiv i koristen skovnik pa zgora i pokvaren, ama pak nikogas ne bi napisala [poklon vo plik, koj sto saka i kolku saka moze da donese bidejki jas pravam proslava a ne prosam.
A uste poselsi mi e koga nevesta odi po masi i sobira pari, pred nekoe vreme prisustvuvav na takov 4in



Малку офтопик:

Незнам колку селки може да биде некој обичај на одреден регион,ама на пример во Гевгелија обичај е пред да се служи вечерата да помине невестата и да ги подели бомбончињата, и тогаш кој сака(а непишано правило е[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] ) да и даде пари(50,100,500,1000...најблиските[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] ).Тоа народски се вика "бакнување рака" само што не се бакнува рака,барем во денешно време не[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] .

А и не е задолжително,може да ти даде бомбонче а да не и дадеш пари[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Snowhite RR -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (3.9.2011 8:10:47)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85 RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: ikki

Jas sum protiv ta da se uslovuva poklon vo plik. Eve jas na primer za svadbata nasa ne pisuvav poklon vo plik pa 75% ni donesoa pari. Isto taka dobiv servisi i razni raboti sto mi se mnogu dragi, dobiv i koristen skovnik pa zgora i pokvaren, ama pak nikogas ne bi napisala [poklon vo plik, koj sto saka i kolku saka moze da donese bidejki jas pravam proslava a ne prosam.
A uste poselsi mi e koga nevesta odi po masi i sobira pari, pred nekoe vreme prisustvuvav na takov 4in



Малку офтопик:

Незнам колку селки може да биде некој обичај на одреден регион,ама на пример во Гевгелија обичај е пред да се служи вечерата да помине невестата и да ги подели бомбончињата, и тогаш кој сака(а непишано правило е[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] ) да и даде пари(50,100,500,1000...најблиските[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] ).Тоа народски се вика "бакнување рака" само што не се бакнува рака,барем во денешно време не[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] .

А и не е задолжително,може да ти даде бомбонче а да не и дадеш пари[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]


И јас не мислам дека е селски, туку едноставно е обичај кој што останал. Јас лично сакав да го прескокнам тој обичај за мојата свадба, не затоа што ми беше селски, туку затоа што ете луѓето дошле на свадба, потрошиле пари да се облечат, да донесат поклон, па за такси, за слика, па сега уште и за „баци рака“ да му земаме. Ама постарите инсистираа на тоа, затоа што тоа си е традиција и не е срамота, затоа што уште од време останало така, ред е на невестата да и се дава пари, макар и 10 денари да се.
Инаку во врска со темата, на една свадба каде што бевме скоро ја имаше оваа наредба и тоа напечатена на поканата и многу се изнервирав, јас секако планирав пари да им дадам, ама толку се изнервирав што баш заради тоа сакав да им купам поклон, само немав време да одам да купувам поклон и на крај сепак пари им дадов.




Maca25 -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (13.9.2011 15:03:47)

Обичај е едно, наредба е друго. Да ми пишат на поканата наредба: поклон во плик! од инат нема да им дадам пари. Ако веќе ме канат на свадба, нека ми кажат усно дека повеќе би сакале пари, и сл. а не да ми наредат да им донесам пари.
А за обичаите кога невестата и младоженецот одат од маса на маса, наздравуваат со гостите, па некој да им да де пари е друго. Иако и тоа не би го направила јас. Присуствував на свадба (односно ја носев торбата за пари на невестата [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]) каде се одеше од маса на маса, се сликаа со гостите, наздравуваа и сите им даваа пари. Невестата превртуваше со очи кога некој ќе и дадеше 100 денари, а посебно беше расположена кога ќе видеше 1.000. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Џесика -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (13.9.2011 15:35:20)

офтопик ќе одам, ама она „баци рака“ било можда некогаш обичај, што народов си го преуредил и нема никогаш да го сфатам и прифатам, глупост жива, го напраиле сега бомбони да делиш, бомбони со торта се делат... или боновите за ручек беа?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] 




kuklica -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (13.9.2011 15:53:27)

mene ne mi pristignala takva pokana ako mi stigne valda bi odnesla pari bidejki sekako i drugo nisto nemam dosega odneseno iako na mojata svadba pred tocno 1 mesec imase pola-pola pari so pokloni bez naredba se razbira[sm=smiley36.gif]
A za toa baci raka ne da mi e glupavo tuku preglupavo i sega ke cekas nekoj ke nema sitno a nemoze da dade 500 i ke odi od masa na masa ajde dajte mi sitno brzo eteja nevestata ide pobrzooo mislam stvarno bezveze inaku porano sekade bilo obicaj ama sega kolku sto mozam da zabelezam se izostava toj adet .
Istoto go napraviv i jas ne odev na masi tuku so tortata vo tanjir koga im davav i plus ne gubev od skapocenoto vreme [sm=smiley36.gif] sto mi bese za igranje i odma mi pomina




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>