elenak -> RE: Што мислите во врска со "наредбата" поклон во плик на поканите за свадба? (28.8.2013 23:26:28)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR е ова "поклон во плик" воопшто не ми се допаѓ.Абе да се немало срам -Јас ќе правам свадба,а вие донесете ми парички да си ја платам [sm=zmeden.gif],не ми се допаѓа,ама ете во последните години сите сакаат така,па им носам .... ама толку ми е ладно и безлично....мене навистина ми е полесно да ставам пари во пликце,ама јас искрено најмногу се радувам на поклонче,независно од неговата вредност. По се изгледа овој капиталистички свет изгледа многу малку се тие што го ценат тоа даденото од срце,битно е да се наброи на рака....што би рекол татко ми на шала-кај собира тенџере во плик? [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR Е, мами ејнџелс, јас сум баш следната недела на свадба кај што ми пишува СО ПЕНКАЛО на поканата поклон во плик. Значи поглупава работа од ова немам видено. И така 90% од гостите носат пари, ама ете некој може сака да однесе поклон. И вака инает ми ставаат. ИЗВОРНА ПОРАКА: bucko mal Ova svadbive neznam za shto se pravat[sm=smiley13.gif] Sakaat veselba da napravat so rodninite I prijatelite ili sakaat pari da soberat[sm=zmeden.gif] Znaci poklon e poklon,dali e vazna ili slika ili neznam shto.Ako nesto na nekogo mu treba neka si kupi a ne da se rasfrlaat so pari za svadba a od druga strana da cekaat nekoj pari da im donese za poklon. Ako nekoj nema pari za svadba neka ne pravi,strashna rabota ako ne se naprvi svadba[sm=smiley13.gif] ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR Не го оправдувам барањето поклон во плик, иритира секако, па макар биле и блиски луѓе. Не е поентата мислам во немање пари за свадба, свадбата ја прави фамилијата, т.е родителите а парите одат кај младоженците, освен ако е поинаква ситуација па младите сами да си прават. Свадбата спред мене и затоа се прави, да се прослави склучувањето на бракот, да се собере фамилијата, пријателите и воедно со подароците да им се помогне на младите кои почнуваат нов заеднички живот. Јас мислам е најдобро да се однесат пари, кој колку мисли дека треба и потоа тие да си ги искористат како сакаат, ама не сите мислат како мене на пр. Па затоа јас од мојата свадба пола од поклоните ги трнав настрана веднаш откако ја одвиткав хартијата. Мислам џабе е некому да однесеш нешто што нема да го користи, зошто џабе потрошени пари? Многу повеќе ќе ми се најдеа, па макар и по 500 ден. да имаа ставено во плик. А и не мора, ако некој не е во можност, воопшто ништо да не донесе нема да му забележам, битно ми е дека ме испочитувал и дошол.
|
|
|
|