deluxe
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR Жени јас имам огромен проблем и не знам како да се справам. Знаеме дека Мартин откога доби сестричка е тотално изменет, многу е немирен, да не речам неподнослив, покажува агресија, ама за тоа го носев на психолог каде што добивме совет да не повишуваме тон и да не го удираме, но не и да го галиме, да се однесуваме сосем нормално, да не му кажуваме дека него го сакаме најмногу, туку дека и бато и Ана ни значат подеднакво за да може што побрзо да ја прифати ситуацијата. Но тоа е друго, се трудиме многу со мм да го применуваме тоа во пракса иако детето не излудува. Проблемот ми е како и секогаш - свеки. Мартин кон неа чувствува голема омраза, ми вели дека не може да ја поднесе, а чувството е обострано изгледа. Таа нон стоп му вика, му се дери над глава, се однесува нечовечно со него, а најлошото од се е тоа што го тепа. Тој и маваше шамари, а таа наместо да му го сврте вниманието и да стане, му врза шлаканица. Покасно го искорна за коса, го удира и по глава. Употребува зборови како идиот, глуак, простак, волчја крв...итн не ми се ни изговараат Мм вчера ја виде како го удира и за малку ќе ја убиеше Тој не може да се контролира. Јас не смеам да се побунам оти зависам од неа. Сто пати и имам речено дека тоа е мое дете и не сакам со тепање да го воспитувам, ама џабе е...на кој му зборам. Таа да е свесна нема ни да прави вака. Кога ми треба причувување на малата, ми излегува понекогаш во пресрет, кога ќе тргнам на работа-на неа се надевам. Немам кој друг. Мм работи од утро до вечер и претежно сум сама. Градинка не е опција, за месец дена ми фати 300 болести и ослабе 5 кг,па инфекциите ќе ми ги носи на ,а и треба некој да го носи и зема, а тоа ќе сум јас. Се јадам жива што пред мои очи некој си дозволувам да ми го удира најмилото, ама ради мир во куќата - молчам...ми се чини дека ќе пукнам ИЗВОРНА ПОРАКА: VAGA2 Пробај пак со градинка! Белки овој пат ќе прифати подобро! Јас немам никој во СК, синчето во мај ке прави 4год, во градинка е од 10мес, а сега сум бремена со второ и се надевам на градинката, мора да се работи! А тоа е недозволиво, ние како родители не креваме рака на нив, баба му не смее да помисли да го удри. Не можам да верувам! Сега тебе ти треба помош, а не да се замараш со дополнителни проблеми! Или со еден добар разговор на мт со мајка му! И со надеж дека Мартин побргу ке ја прифати ситуацијата. ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR Жени јас имам огромен проблем и не знам како да се справам. Знаеме дека Мартин откога доби сестричка е тотално изменет.....Проблемот ми е како и секогаш - свеки. Таа нон стоп му вика, му се дери над глава, се однесува нечовечно со него, а најлошото од се е тоа што го тепа.......Кога ми треба причувување на малата, ми излегува понекогаш во пресрет, кога ќе тргнам на работа-на неа се надевам...... Martins mom, дали си зборувала со нејзе дека имате сериозен проблем со Мартин по раѓањето на ќерката и дека треба повнимателно со него???? Дали пред него коментираш дека не ја поднесуваш свеки (тоа дефинитивно може да влијае врз однесувањето на Мартин кон неа, децата секогаш прават што и мајките)? Доколку си зборувала со неа за неговата состојба и нема разбирање, тогаш дефинитивно треба да размислиш дали ќе го оставиш него на чување кај нејзе, а ако планираш и малата, тоа е преголем товар, нема да може да издржи, напротив ќе биде полошо. Пробајте во игротека да го оставате него секој ден по 4-5 саати, а малата кај нејзе.....тешки времиња се, но претпоставувам финансиски не можеш да си дозволиш жена, па мораш да направиш компромис.... ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR Милијарда пати и имам кажано да внимава како се однесува со него, затоа и детето не ја сака, оти се однесува лошо со него, а не дека јас зборам против неа. Тоа самото си осеќа. Таква и е природата на жената, груба е, дрска, не знае со деца и општо емоционалната интелегенција и е нула. Мислев дека инстинктот што и е внуче ќе ја смени, ама не е возможно, таа и со нејзините деца нема блискост Па и до толку е покварена и знае оти зависам од неа, намерно ме полудува. Да не мораше да одам на работа кој ја шиша, ама вака ако и кажам што мислам, одма се налутува и одма одбива причувување на било кое од децата. Од ко знам сум на штрек дали ќе ми излезе во пресрет или ќе ме извиси. И кога сме договорени некогаш за чување, ќе ја цепи последната секунда да дојде, пред да треба да излезам Зборот ми е децата да ми се најадени, чисти и немалтретирани во текот на моите работни саати, а после тоа јас ќе им пружам се што треба. ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR Martins mom, навистина си во состојба "угоре високо, удолу длабоко..." и штом никако не можеш да наидеш на разбирање/фер однос со неа, мораш да бараш други решенија за децата за чување, во смисол да побараш да работиш еден период скратено работно време, а тие да одат во градинка/игротека. Кога децата не преспиваат во градинка, помалку се разболуваат и закачуваат вируси.... А да побараш жена да ги чува....тоа е финансиски терет, освен ако немаш некоја комшивка која за не многу голема сума ќе се нафати да ги чува....навистина си во незавидна положба. бидејќи немаш помош, треба да почнеш на работа, пари немаш многу за жени да плаќаш, а не би сакала во градинка да ги праќаш...... ИЗВОРНА ПОРАКА: niki Mene nosenjeto bolesti od gradinka ne mi izgleda poloso od grizata sto babava ja pruza jas bi si barala drugo resenie Moras li da rabotis Imas li nekoja prijatelka ili rodnina koja ima malo dete i odlucila dacsedi doma pa za nekoja sitna nafoknada da gi cuva i tvoite Majka ti dali moze da ti pomogne i taa da gi cuva So maz ti da rabotite vo smeni i da se menuvate vo cuvanje So babava se poveke i poveke ke si go upropastite deteto pa i dvete, nema tuka ni sto da se molci ni sto da se kazuva ednostavno barajte drugo resenie ИЗВОРНА ПОРАКА: Lidina Martins mom, без разлика што си многу трпелива, до кога тоа трпение? и јас сум во слична ситуација како тебе ама мислам нема да издржам долго, посебно да знам дека додека сум на работа син ми го млати некој, не е битно дали му е баба или не. Помислата ќе ме убие, нема да можам да работам и на крај ке излезам од контакт и ќе се искарам, ма колку и да сум зависна од неа Решение е ти е градинка. Физички ке ги преброди болестите ама психичките трауми остануваат и понатаму. ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR Не знам стварно. Јас не би можела да оставам дете некому кому не му верувам дека убаво ќе се грижи за ноето дете. Ако тоа што ќе му го зборува, не се поклопува со моите стандарди за воспитување на дете, за мене тоа е голем проблем. А посебно ако знам дека го тепа, што знам. Во ваква ситуација секако би ја избрала опцијата градинка. И јас немам доверба во моја свеки. Добро, таа, психички не е во состојба да го чува цел ден, ама за пола саат, саат би можела, но јас токму бидејќи немам доверба во тоа што ќе му зборува, и што ќе прават за тој саат, никогаш не и го оставам. Според мене, не е битно само да има некој со децата, и да им даде да јадат, туку битно и какво влијание ќе има тој некој врз нив. А секако ќе има, бидејќи се работи за секој ден по 8 часа згрижување нели. И плус, ако детето има отпор кон неа, и не сака да седи со неа, како ќе го изведете тоа? ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90 И јас исто порадо би го пратила во градинка отколку да го оставам на личност што не и верувам.Додуше јас таков проблем немем ние имаме проблем со претерано разгалување од страна на бабите и дедовците значи им дозволуваат на децата и што треба и што не треба,но никогаш ги немаат удрено.И тоа да се случи јас дефинитивно би кренала бунт,не сум личност што се кара ама додколку забележам дека со моите деца некој постапува лошо и ги тепа,мислам не би молчела во никој случај,иако на некој начин и јас зависам од старите долу,но сакам кога сум на чисто со некој и сум му кажала што смее а што не.Секако дека е подобро да го пратиш во градинка отколку да седи дома и да го префаќа лошто влијание од баба му.Поздрав мартинс мам и секое добро се надевам дека ќе успеете да го решите проблемот што е можно поскоро и секако да биде најдобро за М.
< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 11.3.2014 12:43:09 >
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
|