Џесика
|
Значи! Детето ми е крајно распрдено... веќе 1 месец го чува свекрва ми и немам никаква замерка за тоа како го гледа (не викам дека е ок, туку не забележувам ич), ама детево не можам да си го препознаам... толку се приврза за неа што не можам да си го приберам горе да го видам, еве го и сега седи доле, не сака да се качи ни за бањање, ни за јадење, и ако стане ја влече и неа да се качи, а сирота жена едвај чека да здивне, пошто реално маста и ја вади (за ова сама си е крива) Е сеа тука е и проблемот... детево се што сака мора да добие, писка за секое НЕ, за секое АМА се фрла на земја, буквално извољева и ги мачи сите околу. Најново нешто, го научила кога одат во вц да го носи во раце до вц и он да го запали и гаси светлото. Вака звучи банално, ама дете од 22 кила и осетлива кичма ко мојата некако не идат во комбинација, и милион други хирови кои не поминуваат незабележани со пискање, викање, карање и на крај и плес-плес... Прееска спомнав дека е распрден а таа веднаш алиби „епа тогаш носете го во градинка, не сакам јас да сум крива“ Ова искрено многу ме погоди, па не е целта да се раатисаме, туку да се заложиме детето да се воспитува правилно, а во таа област жената е 0. Не се труди да се однесува малку построго како ние, туку трпи, трпи, и на крај се дере ко лудача повеќе од сите нас, а детето ми е прашалник, и тоа не ми се допаѓа... без размислување би го дала во градинка, ама што кога за 5 дена ќе крене Т (како и секогаш до сега) а јас на работа сум неполн месец и нема простор за отсуства... не знам шо да праам, дали да разговарам со неа или да си се повлечам и да го носам во градинка. За разговор баш и не се осудувам, пошто суета работи, ете како и прееска коментарот со оградувањето не ми се допадна, а знам колку ватрено реагира на најмал напад...
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
(Одговор на членот blond)
|