ss80 -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела (14.1.2012 0:34:07)
|
Здраво рр-ки, еве ме и мене, во 35+6, уште малце останува:) Јас се измачувам со чешање, ме нервира многу, не е само стомакот, всушност стомакот најмалку ме чеша, имам полиморфна ерупција, тоа се појавувало само за време на бременост... Нервозно е, се вцрвенувам особено ме чеша деколтето, градите не толку многу, ама и ореолите на градите ме чешаат... Породувањето не ме замислува многу (се плашам што не се плашам ако ме разбирате:)), најмногу му ја мислам дали ќе имам млеко, дали бебето ќе го прифати доењето, дали брадавиците ми се ок итн... Прво дете ми е, не знам како е, се надевам дека ќе бидам добра мајка:) Поздрав на сите и честитки на сите кои се породиле!!!:)
|
|
|
|