minerva -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела (2.2.2012 23:52:28)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Happy mummy Zdravo dragi trudnicki Imam edna griza sto sakam da ja spodelam so vas,pa mozebi nekoja od vas ke znae da mi kaze nesto poveke od licno iskustvo.Vcera bev na pregled,bremena sum veke 34+5.Me gledase doktorot na eho,gi merese site parametri za da vidi kako se razviva bebeto i se odgovarase na gestaciskata nedela,osven obemot na glavata koja bese nesto pomala i odgovarase na 32+5.Iako doktorot rece deka e se vo red i toa ne e isto strasno,jas sum zagrizena i postojano mislam na toa.Dali nekoj znae nesto vo vrska so ova? Ve molam piset_e kakvi se vasite iskustva.... \pozdrav Јас имав такво искуство, но кај мене стомакот доцнеше во развојот. Прв пат дискрепанца во мерките се јави околу 30 недела. Најпрвин неколку дена, па потоа една недела, па две, за да на ден пред пороѓај доцнеше со развојот цели 4 недели. Од почеток мислевме дека е грешка во мерењето, а потоа дека малата има моја конституција (висока и тенка), ама не се припотресувавме нешто особено. Но, дури откако се породив дознавме што било работата. Се породив во 41+1, а тогаш стомакот и` мереше 37. Бебето беше карлично поставено, но го замолив докторот да ме остави да си почнат болките спонтано и да одиме со природно породување, тогаш кога таа ќе посака да си излезе. Арно ама, кога влегов веќе во 42 недела, а срцушка немаше абер од излегување, на секое ЦТГ спиеше ко топ, башка ни малку не беше спуштена, докторот ми кажа, не ја чекаме повеќе, утре ќе раѓаш. Кога го прашав дали ќе биде со провокација, ми кажа дека нема, туку одиме директно на закажан царски. Испадна дека на малата папочната врвца и` беше замотана два пати околу врат. И точно две недели откако таа се намести карлично, стомакот почна да касни со мерките. После докторот ми кажа, поради тоа останала карлично и не можела да се сврти, поради тоа доцнеше стомакот и поради тоа не можела да се спушти и да си почне спонтано пороѓајот. Со негови зборови, очигледно веќе беше дека бебето има некоја траума и поради тоа не ти дадов провокации за природен пороѓај. И Господ здравје да му даде што не чекаше понатаму и практично ме примора (малтене ми нареди [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] ) да ја вадиме. Во секој случај, немој да се грижиш, бидејќи од моето искуство сфатив дека ниту докторите не ги имаат сите одговори однапред, туку ги решаваат работите во од (чекор) како што се случуваат. И добар доктор ќе знае да ја донесе правата одлука во правиот момент. Ако имаш доверба во докторот не се грижи, јас многу му верував на мојот и затоа не се плашев за ништо Поздрав и немој да се секираш, се` ќе биде во ред, само држи позитивни мисли. Не е ништо страшно, ене ја моја бебушка, срце, си напредува супер. Тоа што касни, откако ќе се родат си се надохнадува после и се изедначува развојот. Не се гриши и со лесно да си ги поминеш последните недели од бременоста, а уште полесно и да си се породиш. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
|
|
|
|