Regina -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела (28.11.2012 12:56:52)
|
Последниот пат кога бев на ехо, бебушот беше добро поставен со главчето надоле, како што и во претходниот пост кажав јас ритањето го чуствувам високо под десното ребро, докторот тогаш ми кажа дека имам уште време. Сега дали е веќе почнало да се спушта незнам, одам по вц нормално како и до сега, не ми ја притиска бешиката.Сега здравје до викенд планирам пак да одам, да видам што и како е,уште колку ќе почека. За пораѓање со докторот што правев муабет ми препорачува да биде по природен пат, искрено и јас сум повеќе за така, здравје ако биде се во ред, не дај боже да се јават некои компликации па тогаш ќе мора царски. Инаку не планирам пораѓањето да биде во некоја од приватните клиники, туку во државна. Искрено ме фаќа по малку трема и страв од време на време, но се тешам не сум ниту прва, ниту последна, па лесно не се бидува мајка, се ќе издржиме за нашите бебчиња, само дајј боже со лесно да биде.
|
|
|
|