Pixa -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела (10.12.2012 11:46:05)
|
И јас да се придружам на клубот мамички што стискаат заби да издржат бебенцата што подолго во мешето. До душа јас имам уште 2 дена до полни 36 недели, ама манекенката моја нема ни 2 килца [sm=smiley13.gif] Прво рекоа дека природно е помало бебе, не се сите исти нели, ама сега излезе и тоа што нискиот притисок знае да се качува и прави проблем при растењето. И се надевав дека ќе издржи до крај, ама во саботата ми падна мукозниот чеп, или барем дел од него и право во Систина на дежурен, водењакот се навалил некако како што сфатив и може да пукне секој момент, па еве на лежење да не му вршам притисок, да истерам уште десетина дена барем гестациски во рок, па после ќе растеме [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|