amateuress -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела (8.12.2012 12:53:50)
|
ја читам темава па да се надоврзам. лажните контракции се токму тоа - лажни контракции, ретко значат предвремено породување, најчесто ништо да не значат. мене во 32 недела ме исплашија (многу) со предвремено породување зашто цервиксот веќе беше скратен, детето МНОГУ ниско, а контракции имав колку да сакаш - значи баш по минимум 10 во саат. имаше и помирни периоди во денот, ама имаше и кога стомакот на 3-4 минути ми се стврднуваше, баш како за породување. решив да не примам токолиза и флостерон, почнав строго да мирувам и се породив 4 дена пред термин. кај мене беше случај што сум ситна и мускулатурата не ми се растегнува баш лесно, а плодот беше напреден, па матката немаше како поинаку да реагира на прерастегнатост освен со контракции. за среќа имав двајца прекрасни, искусни доктори кои ги зедоа сите параметри во предвид и не паничеа (зашто јас веќе доволно бев во паника), за разлика од шанку*ето на државна што ме убедуваше дека за 5 мин ќе се породам и дека сигурно имам инфекција и подобро ќе му било на бебето надвор во 33та недела. (инаку сите брисеви во текот на цела бременост ми беа чисти, немав ни кандида, а последите резултати ги имав неколку дена пред оваа случка). зборот ми е, ако има реален ризик од предвремено породување, подобро е да се прима флостерон, но бидејќи многу од докторите ги даваат тие инекции малку од ракав, за да избегнат ризици, добро размислете какви ви се шансите, и побарајте второ мислење. само доколку самите донесете таква одлука, мора да преземете одговорност. другарка ми исто беше 1 прст отворена во 32 недела и прими флостерон, мируваше до 37 недела и на крај се породи 4-5 дена по термин. таа немаше лажни контракции.
|
|
|
|