Snowhite RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела (2.1.2013 19:52:42)
|
Јадам и суво овошје, нон стоп купувам, дома не се оставам или брусница, смокви, урми, кајсии, а и аронија исто така и баш тоа најмногу ме изиритира, зашто стварно посветувам внимание на исхраната, цело време одам во Виталија киснам, или во маркетите сум стално на рафтовите за здрава храна и на крај испадна дека сум на диета. И ме изнервира зашто не ме праша ништо друго дали одам на работа, каква ми е работата, психичка, физичка, дали имам некој стрес. Додуша и Михаил беше помал, стално за недела и пол некаде, а ако сметам точно јас кога сум останата според мене, зашто и јас мерев базална, сум точно 2 недели помалку отколку што таа ми смета. Сега и таа ми вели дека не се сите бебина 4 кг, ама барем да стасаме до 3кг. А што мислите дали има некоја врска тоа што го кревам Михаил на пример, зашто немам избор понекогаш кога ќе се заинаети морам да го кревам или ако не ќе ме изнервира и на крај пак ќе го кренам, вака барем ќе се поштедам од нервоза
|
|
|
|