lolla RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (18.12.2014 9:18:29)
|
Еј женски здраво, фала ви што ме мислите [sm=smiley31.gif] Завчера бев кај матичната за упат за на трансфузиологија, и кажав се што како испадна и таа ме смири многу. Ми кажа дека бебињата си имаат мирен период и дека си имаат периоди кога растат најмногу. Важно било да нема несиметричен застој, вика во краен случај би родила бебенце со помала родилна тежина, важно е да е созреано, па не сме сите исти. Не сакаше на ехо да ме гледа, доста ми било зрачење, и вика уште тројца да те гледаат, сите различно ке измерат. Важно било што сите доплери и протоци се одлични и постелката е хомогена. Плодова вода има, не е обилна но не е мала, имало супер езерца за него. Многу убаво ми објасни едно 20 минути се. Го гледшае и цтг-то и кажа дека си е супер реактивно бебе. Финатата е што пред некоја недела мерки земаше друг доктор, сега Адамова и можно било затоа да е толкава разликата. Вчера бев на трансфузиона, ми земаа крв, резултати за 7-10 дена, ах кој ке ги чека. Тој докторот вика ако заостанува 2 недели одма клексан наутро и навечер, ама ке почекам една недела, па нека пресече докторката, се надевам не сум згрешила, пред месец дена димерите ми беа 400. Вчера вечерта бев пак на нонстрес тест за бебето, и од докторката доби чиста 10ка, тоа било уствари цтг без контракции и гледаат дали тоновите на бебето се зголемуваат кога тоа мрда и се намалуваат кога спие. И бебуш мој мајкин доби чиста десетка за реакциите, а тоа значело дека си се хранел и имало довод на кислород. Сега ми е важно да си има напредок на следна контрола, а дотогаш само се трудам да бидам позитивна за да не му правам него стрес. Не ми е важно ак е помали, вашно нека си расте, па не сме сите ист, и јас сум била минијатурна кога сум се родила, па сега толкава кокона сум.
|
|
|
|