RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


semrabebe -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (8.12.2014 19:18:56)

Neznam dali e zeludnikot posto duri I me pece I se suri bolkata sranicnii mi se stega stomakor




lolla RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (8.12.2014 19:44:32)

Јас имам читано дека ако се стега стомакот тоа е контракција. Може да е Бракстон хиксова (мислам и јас имав еден ден) или па реална. Најубаво утре ке ти каже др. Ајде што и да е со лесно нека е.




Zola -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (10.12.2014 14:37:32)

Здраво на сите.
Ве молам некој ако знае или ако има искуство да ми пише.
Јас сум на комисиско боледување во оваа бременост и веќе сум 29та недела.
Сега сакам да ги искористам деновите од одморот откако ќе ми истече комисиското и потоа да отворам ново боледување пак од матичен лекар. На работа прашав ми рекоа нема проблем но кога им кажав кај матичниот ми рекоа а тоа не може во исти месец да ти отвараме друго боледување. Ќе мораш од општ матичен лекар. Не ми е јасно која е логиката... Што ако јас почнам на работа и не дај Боже добијам болки или друг проблем зар нема да можам да земам боледување ??




lolla RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (10.12.2014 17:24:38)

semrabebe, беше ли на преглед? Што испадна да е болката?

Зола, немам информација за боледувањата да ти помогнам. Се надевам дека ке испадне како што тебе ти одговара.

Јас денес си ги земав резултатите од кумбсовиот тест, ок е фала болу, негативни се, сега утре сабајле ке одам кај матичната да видам за инекцијата што с еприма во 28 недела. Чисто како инфо, на трансфузиологија ако одите со приоритетен упат, бидете таму во 8 сабајле, и одма дајте упат на шалтер, и први потоа ги викаат трудниците штом почне со работа докторот што е за приоритетни тој ден. Се плаќа 290 денари и резултаите се готови следниот ден околу 15 часот. Има гужва ама се издржува, тие на шалтер ептен даваат приоритет на трудни.

Здравје утре ке пишам инфо за инекцијата.

Туку денеска кивав доста, и на едното кивање добив јака болка во десниот дел од стомакот, траеше 2-3 секунди и ја снема. Се исплашив, ама чим помина си викам валда не сум направила некоја беља. Бебуш станува посилен, му го чувствувам секое придвижување, веќе нема толку клоцање туку повеќе како да се протега внатре, па го носи цел стомак на лево на десно. Дома после јадење, прави шоу за татко му кога тој му збори блиску до стомакот.

И сакав да ве прашам, што облик ви има стомакот? Јас сум скоро 29 недела, и стомакот ми е шилест нанапред, најмногу кај папокот испрчен. Уште имам струк, а во профил ко круша голема ми е. На др ми рекоа дека бебето е ок, не е ниско поставено, ама јас очекував сомакот да е позаоблен и повисок, а не испршено шилесто нанапред. Може ли слика одкомп да се прикачи?

Другите како сте? Кичико како иде?




Slonceo1 -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (10.12.2014 21:35:02)

Zdravo mamicki jas sega sum 34 nedela, sakav nekoja da me informira kakov e toj ctg pregled? mislam deka taka se vikase. Koja nedela se pravi? Sto e sustinata na pregledot? Inaku bebusot kloca li kloca a samo vo stomak se imam popravena [sm=smiley36.gif]




Ki4iko -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (11.12.2014 10:44:21)

Еве ме и мене, презафатена бев оваа недела, ми помина многу брзо [sm=smiley1.gif] .Инаку направив испитувања крв и урина и одлични резултати,во понеделник сум на клиника за прв цтг преглед .Слонцео1 тоа е апарат кој ги покажува срцето и исхраната на плодот преку постелката.Еве јас од утре 34 недела почнувам па ќе одам на цтг во породилиштето тука во прилеп.Па ќе кажам искуство [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (11.12.2014 14:10:27)

lolla слика од ком неможе,може од ком да ја ставиш на Сликомат па тука.

Инаку и јас бев таква испрчен стомак значи дека внатрее дечко што и си знаете [sm=smiley1.gif] и изгледаше како надоле ниско да е а не беше така ,веројатно е од тежината и конструкцијата на телото

Slonceo1 тема за ЦТГ има ТУКА КЛИК




lolla RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (12.12.2014 13:10:36)

Не знаев каде да пишам, правев крвна слика и урина. Крвната слика е ок, урина негативно све, само ми пишува во седиментот: леукоците 2-4 во поле, ретко бактерии. Да правам ли уринокултура плус? Знае некој, додека чекам да ми јави општиот матичен лекар.




Melanija RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (12.12.2014 13:44:13)

lolla сите трудници имаат леукоцити и до 12-14 е нормално.Еве пред некој ден прочитај ТУКА пишуваше Bethany па има и совет а има и тема КЛИК ТУКА




kokicekokice -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (12.12.2014 13:47:23)


ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

Не знаев каде да пишам, правев крвна слика и урина. Крвната слика е ок, урина негативно све, само ми пишува во седиментот: леукоците 2-4 во поле, ретко бактерии. Да правам ли уринокултура плус? Знае некој, додека чекам да ми јави општиот матичен лекар.

I jas imav taka pred 1 mesec, I se izvadiv od pamet I napraviv odma urinokultura I izleze negativno na bakterii. Ovoj mesec pak ist rezultat, ama ovojpat ne pravam urinokultura a I dr ne mi rece da pravam.




Bethany -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (12.12.2014 15:22:06)


ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

Не знаев каде да пишам, правев крвна слика и урина. Крвната слика е ок, урина негативно све, само ми пишува во седиментот: леукоците 2-4 во поле, ретко бактерии. Да правам ли уринокултура плус? Знае некој, додека чекам да ми јави општиот матичен лекар.

Лолла, еве јас со свежо искуство.
Мене ми пишуваше 5-6 леукоцити, денес бев на преглед, докторка ми вика супер е се, до 15 леукоцити кај трудниците се толерираат.




lolla RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (12.12.2014 15:24:25)

Бетани, за леукоцити во урина збориме или во крв? Фала ти за искуството.




Bethany -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (12.12.2014 15:30:41)

За леукоцити во урина јас зборувам [sm=smiley1.gif]




Ki4iko -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (12.12.2014 17:47:17)

Драги трудници јас денеска си завршив на клиника,со инфузии.Имено уште сабајле во 6 часот ми почнаа силни грчеви во желудникот.се правев херој и ги трпев до 12 часот.Потоа станаа неиздржливи и веднаш ме однесоа најпрво на гинекологија.Таму отфрлија поврзаност со бебто,па на инфективно да не е некаков вирус,и на крај на хирургија со ранитал,ранитидин и систем за рехидратација зашто повраќав цели 6 часа [sm=smiley19.gif].Сега ме пуштија дома со иста терапија ранитал и ранитидин овие денови.Инаку болките што денес ги доживеав ги имам искусено само на породување[sm=smiley13.gif] ,ова ми беше еден вид генерална проба за породувањето.Сега немам болки,дали имате искуство д=со оваа терапија во бременост?




Bethany -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (12.12.2014 17:56:10)

ki4iko, зошто и ранитал и ранитидин, нели е тоа едно исто апче само друг назив?
Тие инаку само ги обложуваат слузницата на желудникот, не влегуваат во крвоток, и штом ти даделе не се грижи бидејќи си бремена. Само да ти биде подобро.
Имено, јас немам искуство со ова во бременоста, ама некаде на 20 години бев под оваа терапија со дијагноза гастритис. Болките ги знам, сакам да скокнам од прозорецот колку силно ме болеше, јас мислам дека е потешко од породување [sm=smiley13.gif] Жал ми е што ти се случи.

Сигурно ти кажале, ништо жешко, ладно, луто, никако интензивни вкусови, тешки јадења.

Што ти кажале за дијагноза?




Ki4iko -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (12.12.2014 19:15:51)

ахх па и болки ли беа.дијагноза гастритис ама заради бременоста поврзаа дека е од огромниот притисок што го прави бебето врз желудникот.а за апчињата рекоа или едните или другите неколку дена по 2 на ден.ќе ги пијам секако уште кога ќе ми текне на болките денес страшно поминав.[sm=smiley19.gif]




Bethany -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (12.12.2014 19:33:23)

да, пиј ги обавезно, и избегнувај тешко сварлива и зачинета храна обавезно.
Се надевам ќе бидеш во ред.

Јас имав период кога штом изедев бурек морав да одам на инфузија, бидејќи болките и повраќања не се смируваа. Си бев под терапија година дена, на крај ми го оперираа слепо црево и го снема гастритисот [sm=zmeden.gif] Очигледно воспаление беше од слепото црево и на желудникот, така ми објаснија, така да можно е и кај тебе поради притисокот од бебето овие маки. Ајде што побргу да ти мине.




lolla RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (12.12.2014 19:51:48)

УХ Кичико, баш ми е жал што си минала низ такви болки, важно поминале. Немам искуство со гастритис, како ти рекле така прави. Се надевам дека нема да ти се повтори пак.




semrabebe -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (13.12.2014 11:03:18)

Bev na pregled lolla mi dado nekakvi kapki sto me boli zeludnikot I I bolkite gi imam ot bebusot sto e dolg I sto tezi poveke I na kotrola vo bolnica na 30dek




Melanija RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (13.12.2014 13:17:13)

semrabebe предновогодишно[sm=bravo.gif]




semrabebe -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (13.12.2014 14:02:41)

Abe neznam dali ke bide pred nova tula doktorite se razlicni ot mk mat gin mi dade 2nedeli unaprad I vo bolnica uste 2 a termin imam na21 januvar takada nijas neznam ama ke bide




Slonceo1 -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (13.12.2014 15:46:12)

Mamicki znaci postojano se zalev na bolki vo rebrata, site mislea deka e od bebeto no ispadna dea imam kamenja vo zolckata. Denes bev na pregled i celata bese so kamenja. Nekoja so takov problem?? Poz




semrabebe -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (13.12.2014 16:06:25)

Eve me mene so problem bolki pod rebrata I peceje na zeludnik ama I mene mi vikat deka ot bebeto znaci moze da bide I drugo




lolla RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (13.12.2014 20:47:26)

Луѓе моево бебе ика секој ден, минимум еднаш, а знае и до три пати на ден. Треба ли да се загрижам? Знам дека е нормално да ика понекогаш, ама секој ден последниве денови??? НЕКОЈ друг со вакво искуство?




Bethany -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (13.12.2014 21:04:21)

Лолла, нормално и пренормално :)
И секој ден и по неколку пати на ден. Моето синче ко што правеше, тој само икаше. Па и потоа кога се роди, ко мало бебе, леле само икаше, дури ме нервираше. Се нацица, наместо да заспие ете ти го ика, и ајд чекај го да се смири :))




Страница: <<   < Претходна страница  80 81 [82] 83 84   Следна страница >   >>