lolla RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (30.12.2014 18:59:20)
|
Здраво женски еве ме и мене. Бевме денес на контрола во ремедика. Нели пред две недели бебето беше помало за 2 недели, без пораст, сега сите параметри одговараат за неделата освен обемот на стомачето кое мнооог споро расте и заостанува за скоро 4 недели [sm=smiley19.gif] Пак ми правеа доплер тестови на бебето плус и доплер на моите вени, и цтг, тоа беше ок. Ок се и наодите од афа, димери и хемостаза, но пак стомачето е мало. Постојат две опции, или е генетски малечко или јадното не прима доволно храна. Пак не ми е јасно како се други порасна за 4 недели во рок од 2 недели само мешето не. Докторката рече ке треба почести контроли, да се види дали можеби и тоа ке напредне, или пак не, се надевам дека ке си продолжи да расте па макар и по забавено темпо. Плодова вода ок, благо редуцирана, но имало доволно спред др. Додека бев на цтг, докторката ми вика еве денес три трудници се со иста дијагноза за мало меше. Се мислеше дали Клексан да ми препише, ама па сите резултати беа ок и остана така само на муабет. ОСвен даде забелешка, дека хемоглобинот ми бил висок, 138, се очекувало да е понизок. Нема веќе железо за мене од денес. Контрола за плодова вода и пак цтг за 10 дена. И знаете што направивме после со мм, си оидовме во продавница и му купивме кревет, душече, повивална, некое боди и пижамки. Морав да направам нешто малку позитивно за него. Само молам бога да си е добар, и барем до 36 недела да издржиме со некаков пораст. И за на крај, ни го покажа лицето првпат после 12 недела, и личи на мм, исто носе и контури. [sm=duda.gif] Мам кер, ајде со лесно ако почнало пораѓањето, пишувај како иде.
|
|
|
|