Hopeful RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (11.5.2015 12:12:50)
|
Девојки, не сум за тука, но да ви пишам како се одвиваа работите минатиот понеделник [sm=smiley36.gif] Си отидов на цтг попладнето како што се договоривме со докторот, се беше ок, и ехото покажа стареење на постелките и многу калцификати. Да не ризикува, докторот реши за царски следниот ден, на 5 мај, со тоа што ми рече да се вратам вечерта за прием. Пробав да се избоксувам за сабајлечки да отидам, чисто да отспијам дома и да се средам, ама ми рече не - нема да има време да те средат сабајле. И така, со мм гс преку глава, за 2-3 саати се спремивме, се спакував, поплакав дома, се истуширав, измив садови [sm=smiley36.gif] и отидовме. Цела ноќ седев на цтг, сабајлето ме спремија, и во 11.05 и 11.07 се родија синковци! Ви посакувам на сите среќа и со лесно во овој последен, финален период од бременоста. Мене се уште не ми се ни верува дека ми се случува ова, и дека ене во спална спијат две мали чуденца, но ете, се излезе ок. Бескрајно сум благодарна за се што ми е дадено и за целата среќа која и покрај сите неуспеси, гледаме дека ме прати во сето ова. Сега морам да одам, имам закажано ручек [sm=smiley36.gif], па во следната слободна прилика ќе ви пишам пак. Ве гушкаме!!!
|
|
|
|