Hopeful RR -> RE: Трудници во третото тромесечје IV- од 27. до 40. недела [chat] (27.4.2015 12:07:03)
|
Неее, немој да патуваш сега!!! Освен ако не сакаш бугарски пасош [sm=smiley36.gif] Одмарај, а за количка прати го маж ти, ние така планираме, пошто овде тешко некој да ни ја донесе таа што ја сакаме, Софија е голем проблем е за дистрибутерите [sm=smiley36.gif] Инаку, како се осеќам? Задутре полни 36 недели и ПАНИКА [sm=smiley36.gif] Ме фаќа страв, возбуда, анксиозност, се си мислам не сум спремна, немам се што ми треба по дома, не е доволно чисто, па после емотивно сум хаос - да не ми биде сеедно за нив после породувањето, да не не знам што да им правам, да не ме пукне постпородилна депресија, да не станам негативна со сите околу мене... не знам што ми е, мозоков ми е пудинг, ова дупливе хормони ме полудеа начисто! Да помине прегледот сега во среда ок, да издржам до почеток на мај и се надевам ќе се изрегулирам... [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|