Calypso -> RE: Денеска ручкавме(за деца до 1 год.) (5.12.2011 15:28:30)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Calypso Dulce, немој да и менуваш многу вкусови, мала е за тоа. Кога ќе и спремиш нешто да јаде, ако не сака веднаш, почекај малку, не го менувај со друго. И нека има време од три саати најмалку меѓу оброците, нека огладнува убаво, па да видиш како ќе јаде. И син ми така од почеток правеше, лапни-плукни, ама се научи да јаде како што треба. И тој понекогаш го држи јадењето во уста, не џвака, ама не го ни голта. Тоа обично го прави кога нешто друго ќе му го одврати вниманието. Инаку, нашето денешно мени доење лепче со путер и изварка крушка со малку оризов пудинг компир и морков каша со млеко компотче од сливи, вишни и јаболка за вечера ако сака ванилино доење Вода си бара кога е жеден, и секако после секое јадење обавезно барем 20-30 мл вода, а поретко бара да цица. Сокови не сака. Инаку,имаме 8 месеци и 26 дена
|
|
|
|