|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Во која болница се породивте?
31.7.2009 22:48:23   
Еца
И овој пат се породив во Чаир.Царскиот ми го правеше Др.Јегени и немам зборови за човекот.Толку позитивен, искрен дух носи, тоа е нешто неверојатно.Немав никакви врски, Др.Јегени ме прифати како и сите останати пациенти, просто неверојатно, но со мене во соба беше една албанка, една торбешка и јас.Персоналот кон сите беше топ, визита си поминува по два пати да праша како сме, дали е се добро, педијатри за децата исто така, сестрите одговорни за бебињата доаѓаат и прашуваат дали сакаме бебињата да бидат со нас или да ги земат да одмориме.Клима има во собите, и не знам што уште е потребно за тие неколку дена таму.И само еден совет добронамерен мамички, подобро би било да размислите малку порационално, па ако веќе се одлучите да дадете толку пари нека биде тоа за зачувување на матичните клетки од папочната врвка, бидејќи барем знаете дека инвестирате во здравјето на вашето дете и никогаш нека не ви затребаат ама барем ќе ви биде мирна душата. Тоа е мој совет, штета што немав можност овој пат за таа работаuser posted image Но вие кои можете да бирате размислете убаво.user posted image Поздрав од мене и на сите ви посакувам со лесно да си поминете и да ни ги пишете своите искуства.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Во која болница се породивте?
1.8.2009 23:07:26   
Sara
Елена честито бебче да е живо и здраво и супер д-р ти се погодил.
Јас сум 34 недела и планирам да се пораѓам во Чаир и сакав да те прашам бидејќи рече дека без врски си отишла таму, од која недела веќе да почнам да одам таму бидејќи сега се одмори па треба и да се распрашам кои д-ри се на смена во август, да не е касно сега допрва да си барам болнички д-р?


(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Во која болница се породивте?
1.8.2009 23:26:02   
Еца
Не Сара, не мораш да бараш доктор уште од сега, јас отидов прв пат на ЦТГ 38 недела, и таму ме прегледа еден доктор кој ми закажа за една недела пак да одам, и потоа ме птегледа Др.Јегени и виде дека не смееме веќе да чекаме поради некакви проблеми кои ги виде на ехо, и утредента ми рече да одам, ме примија и веднаш на царски завршив.Значи со матичниот гинеколог договори се кога е време да одиш прв пат на ЦТГ и секако ќе ти треба упат за ЦТГ и болнички упат да си земеш(ова со упатите обавезно да не си имаш проблеми, нема да те прегледаат)

< Поракaта ја уредил Elena -- 1.8.2009 23:28:35 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Sara)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Во која болница се породивте?
1.8.2009 23:28:01   
Еца
А кога ќе одиш тами барај го Др.Јегени ќе го најдеш, тој постојано е тамуuser posted image јас се смеев со него му ввикав, докторе па вие си одите ли дома, нависатина е многу внимателен и спремен доктор. И кажи му дека тука на форумот си прочитала се најубаво за него и сакаш тој да те погледне, верувај нема да те одбие.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Во која болница се породивте?
1.8.2009 23:30:20   
Еца
И Сара обавезно да си носиш картонче која крвна група си, инаку таму ако ти прават тест за утврдување на крвната група чини 500 денари.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Во која болница се породивте?
5.8.2009 21:18:55   
Sara
Епа знам и јас за него ама тој е сега во август на одмор и јас би сакала да одам кај него ама здравје боже може ќе се врати јас следната недела веќе ќе сум 36 недела па може ќе го затекнам таму.
За каков проблем станува збор, мене уште во 32 недела ми е созреана постелката и мојот матичен д-р ми рече дека наводно може и порано ќе се породам и ја затоа кренав паника уште од сега, ама тоа никогаш не се знае.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Во која болница се породивте?
17.8.2009 18:28:42   
Bile
Jas odev na pregledi vo bolnicata Sv.Lazar i navistina personalot i se drugo e na najvisoko nivo samo sto nemam uslovi da poragam tamu morav da zaminam na GAK. Inaku vo Sv.Lazar sum uste od prvite denovi bidejki tamu gonosam deteto na pedijatar i mozam da kazam deka sum prezadovolna od strucniot tim na doktori.

(Одговор на членот Sara)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Во која болница се породивте?
20.8.2009 16:35:31   
Cacko
Epa Bile jas ja imav taa sreka da mozam da si dozvolam da se porodam vo Sv.Lazar i vikam alal za sekoj dinar sto im go dadov.Personalot , higiena, uslovi i neznam sto uste da spomnam sto ima vrska so bolnicata e na najvisoko nivo.Sakam da gi spomnam site doktori sto non-stop ti se na raspolaganje:
Dr.Jurukovska-me porodi
Dr.Dimitrova
Dr.Kapusevski
Dr.Adamcevski
Sekako tuka gi stavam i pedijatrite, anesteziolozite i celiot strucen kadar
Ne znam sto da vi pisam ama slobodno nekoj ako ima nekoe prasanje za bolnicata so zadovolstvo bi mu odgovorila

(Одговор на членот Bile)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Во која болница се породивте?
20.8.2009 16:37:55   
penelopa
Mene me interesira kolku čini carski rez vo Sv. Lazar akolku vo drugite bolnici? Ako ne e tajnauser posted image

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Во која болница се породивте?
20.8.2009 17:23:22   
Sara
Дали некој знае да ми каже дали во апартманите во чаир е дозволена посета?
Знам дека во собите не е, ама за апратманите би требало да може да е некој цел ден во посета?

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Во која болница се породивте?
26.8.2009 23:05:16   
Cacko
Carski vo Sv.Lazar e 65000 denari.A za drugite ne znam

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Во која болница се породивте?
26.8.2009 23:07:19   
mami
Сара, во апартманите е дозволена посета, но само најблиските и тоа до 10 навечер мислам дека беше

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Во која болница се породивте?
26.8.2009 23:08:29   
Tanja K.
Vo Sistina i Remedika e od 80000 do 85000 den.carski .A obicen od 60000 do 65000 den.

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Во која болница се породивте?
26.8.2009 23:12:28   
Tanja K.
Jas bev vo apartmanite vo drzavna.Sega posetata e minimizirana,duri koga potpisuvas dokument deka sakas tamu imas plus list kade pisuva deka poseta nesmee.Toa e zaradi gripot sto vladee.Megutoa pak pustaat ako se pogodat sestrite se razbira.I mnogu zavisi koj dr.te porodil taka ke te gledaat.Haos e po bolnicite.Za toa imam mnogu da pisuvam no vo nekoja druga prilika,oti se prikluciv za kratko,bidejki bebus kade i da e ke se razbudi za cicanje.

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Во која болница се породивте?
18.9.2009 12:49:08   
Палешка РР
Сеуште е рано за закажување, но докторката ми спомна дека најверојатно ќе се породам во Битола. Во Прилеп има многу лоши услови и стари доктори.
Така, мојата ќерка ќе биде Битолчанка user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Во која болница се породивте?
21.9.2009 19:16:28   
Весна
Иако ми е премногу рано, од што сум си претпазлива, веќе решив да се пораѓам во Чаир. Слушнав, а еве и прочитав, многу пофалини зборови за таму, а плус и плус по случката од дежурната служба во државна и тоа од страна на нивната шефица на породилно одделение, ни на крај памет не ми е да стапнам таму, пу пу пу, не дај боже!

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Во која болница се породивте?
21.9.2009 19:27:11   
barbi
Zdravo jas sum nov clen na ovaa strana, i isto taka sakam da gi spodelam nekoi od moite iskustva so vas.Jas se porodiv vo Tetovo i bese katastrofa

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Во која болница се породивте?
21.9.2009 19:48:49   
srekna mama
Јас сум од Велес,но бидејќи овде условите се никакви во болница,се породив во Чаир и сум многу задоволна

(Одговор на членот barbi)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Во која болница се породивте?
22.9.2009 0:36:36   
nadica
јас сум од неготино и тука имаат прекрасни услови но мене ме препратија во кавадарци таму не е беспрекорно ама добро поминав само што имаат малку персонал незнам на што се должи тоа

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот srekna mama)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Во која болница се породивте?
22.9.2009 8:50:50   
mami
ИЗВОРНА ПОРАКА: Весна

Иако ми е премногу рано, од што сум си претпазлива, веќе решив да се пораѓам во Чаир. Слушнав, а еве и прочитав, многу пофалини зборови за таму, а плус и плус по случката од дежурната служба во државна и тоа од страна на нивната шефица на породилно одделение, ни на крај памет не ми е да стапнам таму, пу пу пу, не дај боже!


Весне...која случка? јас не сум информирана..

(Одговор на членот Весна)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Во која болница се породивте?
22.9.2009 10:54:49   
mother 29
ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanja K.

Vo Sistina i Remedika e od 80000 do 85000 den.carski .A obicen od 60000 do 65000 den.





POEFTINO E VO RE-MEDIKA.
JAS CARSKI PLATIV 68 000 DEN.OBICNIOT E  oklolu 40 000 den. = epiduralot e 10 000 den
 

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Во која болница се породивте?
22.9.2009 10:59:40   
Палешка РР
 
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

Весне...која случка? јас не сум информирана..



Mami, оваа случка...Читај и на другата страна како помина Весне наша во државна.

http://www.ringeraja.mk/forum/m_17906/mpage_2/key_/tm.htm

< Поракaта ја уредил Палешка -- 22.9.2009 11:00:11 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Во која болница се породивте?
22.9.2009 11:03:05   
mami
фала..не мислив да не има нешто друго покрај ова..инаку за ова прочитав и едноставно немам зборови..и мене ваква некоја слична глупост ми се случи кога бев втор месец и прокрварев
и затоа си решив во Чаир да одам

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Во која болница се породивте?
3.10.2009 22:27:22   
Mila na mama
Се породив во Ре-Медика, платив 60 000 нормално породување со епидурална и 5 дена престој. Тоа ми се најдобро потрошени пари во животот. Прво ми изгледаше многу ама си реков во животот ќе раѓам еднаш или два пати, а јас и моето дете заслужуваме најдобро. Не можам да ви опишам колку сум задоволна од односот, од хигиената, од храната и првенствено од обуката што ја даваат на мајката. Се научив таму: бањање, грижа за папчето, доење, масирање, преоблекување и кога дојдов дома бев одморена среќна и подготвена сама без ничија помош освен на сопругот да си се грижам за бебето. Јас и Мила уште во болница си се “кликнавме“ една со друга па дома ни беше лесно.

Поздрав до сите мамички и бебенца. user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Во која болница се породивте?
4.10.2009 11:40:50   
mami
Не можам да ви опишам колку сум задоволна од односот, од хигиената, од храната и првенствено од обуката што ја даваат на мајката. Се научив таму: бањање, грижа за папчето, доење, масирање, преоблекување и кога дојдов дома бев одморена среќна и подготвена сама без ничија помош освен на сопругот да си се грижам за бебето.


Е ова е тоа што им фали на државните болници...а не само од врата да ме праша дали сум добра- од каде да знам јас како прворотка како треба да се чивствувам и која болка е нормална а која не??

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Kozmetika
AnMari

Dali mlekoto za telo sozdava otrovi koi vleguvaat vo majchinoto mleko?

Da (50%)

Ne (50%)


Број на сите гласови: 4

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!