Elce -> RE: Во која болница се породивте? (18.7.2011 17:02:31)
|
Се чудам кога некој ја фали ГАКи дека поминале супер,се разбира ако имале пријатели или полни кеси.Јас се породив во ГАК,докторката што беше на смена ноќта ми го пукна водењакот околу два часот по полноќ и ја снема,сестрите изгаснаа светло и си легнаа,на две фотелји една до друга доближани,а јас во ходникот завивав од болки,во четири часот сабајлето ме внесе во собата за породување таа сестра на која и го реметев сонот,ми се дереше ко луда,триста лоши зборови ми изнакажа,ме остави на креветот и ми рече ако имаш напон,стегај како да сереш.Еден напон имав убав,наредниот ми се губеше чувството,силата ја губев,а сестрата цело време ми с едереше затвори ја устата,ако му било после нешто на бебето немало таа да биде крива,море ке ме пресечела од двете страни,во 04.35 конечно излезе бебето и јас останав така занемена,се плашев дека не е во ред нешто бебето,го зеде налутено и замина со него,до 07,30 лежев на креветот и ги молев вода да ми дадат,немаше кој две капки вода да ми даде,и цело време се секирав за моето малечко.Ме симнаа долу кај киретазите оти горе немаше место,тогаш сопругот се качи да праша за малата и му кажаа дека е добра со апгар 7/7.Ми дојде душа.А на одделение да не правам муабет,сестра чекаш со саати да дојде ако имаш некоја мака,два дена им се жалев на тахикардија и тоа силна,ми викаа мајка од анемијата ти е,з ана крај да завршам со примање на крв.Девојки не оставајте на тоа,дека не знаете кога ке се породите па кој доктор ке с епогоди на смена тој,туку гледајте да се договорите со некој.мм им давал по некој стотка на болничарките и на портирите за да ми донесат кеси и сл,бидејки бев слаба и не можев да станувам од кревет.
|
|
|
|