RE: Во која болница се породивте? (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Породилиште



Порака


miana -> RE: Во која болница се породивте? (25.8.2011 16:05:50)

Jas bev so vrska ,ama vrskata mi e hirurg ( na carski rez ) i koga odev na pregledi go prasav dali moze da si platam toj da me poraga- mi rece - jas sum hirurg a i ne ti treba takov luksuz,skapo e ne ti se isplatuva..Doktori ima  ( mislam ) ako ti e nesto komplicirano inaku akuserki pogaraag..Nad glava mi  bea tri akuserki,edna bolnicarka i doktorot vrska koj samo stoese do mene i gledase kako odi procesot.... Toj me mestese da me porodi Livrinova ama ete bas koga dojde momentot taa ne bese tamu..I akuserki me poragaa ..Kako za site taka i za nas..Mu se plaka na doktorot treba da si prasas na vreme kolku cini toa ..Ne se plasi be,akuserkite se za toa tamu,tie si ja znaat rabotata a i toa im e rabotata.




Natuska85 -> RE: Во која болница се породивте? (25.8.2011 17:05:39)

ИЗВОРНА ПОРАКА: @Mila@

Pa za sto zemaat plata doktorite bozee...veke ne citam na ovaa tema strav ke me fati.I kolku se plakja ako sakash nekoj doktor da te porodi?
Definitivno ke mora da se rasprashame za luge tamu zs ke si odam vo privatna bas mi e gaje za parite.


Е ако ти е баш гајле за парите и да си одиш во приватна,пошто ГАК е баш хорор ако немаш врска таму.




anedespo -> RE: Во која болница се породивте? (25.8.2011 18:20:05)

500 evra e da te porodi doktor koj ti go sakas. 




*miki mami* -> RE: Во која болница се породивте? (25.8.2011 21:40:05)

Sumava od 500evra e sto posto tocna zasto i na mene mi ja kazaa istata ako sakas da te porodi prof....taa....itn da ne ja reklamiram
jas si rekov po nikoja cena nema da dozvolam da me ucenuvaat vo drzavna bolnica so plateno zdravstveno osiguranje nekoj da me ucenuva pak da mu plakam[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley29.gif[/image]
I na kraj si pominav so minimalno tetkami sto raboti tamu sestra,Ne na GAK na drug odel gi pocasti akuserkite od dobra volja i mi stavija provokacii, infuzija da mi se namali malku bolkata i na sto najveke sum blagodarna me sieaa so celosna anestezija toj momen od oragajot ne go ni pametam se porodiv vo 18casot se razbudiv vo 20sosiena




Viktori -> RE: Во која болница се породивте? (25.8.2011 21:55:33)

NO, MAJKI, OVA VI GO KAZUVAM VO DOVERBA, NE GO RASKAZUVAJTE KAJ KE STIGNETE ZATOA STO AKO DOZNAAT PRIVATNITE BOLNICI DEKA SE PRAVAT VAKVI RABOTI, SIGURNO KE IM VOVEDAT POSTROGI KONTROLI NA SESTRITE I NEMA DA MOZEME DOPOLNITELNO DA GI KORISTIME NIVNITE USLUGI, KOJ IZGUBIL NA KRAJ, PAK NIE MAJKITE...


[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
туку само пишете го на форум...
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




temjana -> RE: Во која болница се породивте? (26.8.2011 14:19:05)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sladjana ms

ИЗВОРНА ПОРАКА: Yummy Mammy

Za se vo zivotot e taka - kolku pari tolku muzika.
Ne moze nesto sto e besplatno da dava podobra usluga od nesto sto ke si go platis (pomalku ili poveke). Pomina vremeto koga drzavata trebase se da obezbedi. Nikade vo svetot nema besplaten poragjaj. Eve neka se prijavat mamickite od stranstvo pa neka kazat kolku cini eden den prestoj vo drzavna bolnica. Zatoa vo stranstvo i gi pustaat doma uste istiot den. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]


Yammy Mammy naseto zdravstvo voopsto ne e besplatno i kako sto velis  ti kolku pari tolku muzika.Na mojot soprug samo za zdravstvo od plata mu odbivaat po 4iljadi i nesto denari mesecno i na godisno nivo toa se okolu 50 000 den.,a moze da se sluci jas i toj da ne koristime nikakva zdravstvena usluga a parite se dadeni.Zatoa vo odnos na uslugata sto ja dobivame e minimalna vo odnos na privatnoto zdravstvo,a vo odnos na cenite razlikata e tuka nekade.Megutoa sekoja od nas si ima pravo na svoj izbor i mislenje kade ke se poraga,jas eve zdravje boze planiram vo Gak da se porodam i zadovolna sum od odnosot i strucnosta na doktorite,a od odnosot na sestrite ne.Sepak so Gospodova volja se nadevam se ke bide vo najdobar red so mene i [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image].Pozz do site rr-ajki


Во Канада е бесплатно породувањето и воопшто целото здравство. Не даваш ни цента за никаква здравствена услуга.Колку што ми е познато и во Англија е бесплатно здрвството а со тоа нормално и породувањето, и да кај нас не е бесплатно бидејќи секој месец не кинат од плата за здравствено осигурување а кога не дај боже ќе ни притреба некаква услуга не третираат како тие докторите сестрите па и чистачките да ни плаќаат здравство. Мореее се во воздух би дигнала и приватно и државно м[sm=smiley35.gif]нивно




sladjana ms -> RE: Во која болница се породивте? (29.8.2011 21:46:04)

ИЗВОРНА ПОРАКА: temjana


да кај нас не е бесплатно бидејќи секој месец не кинат од плата за здравствено осигурување а кога не дај боже ќе ни притреба некаква услуга не третираат како тие докторите сестрите па и чистачките да ни плаќаат здравство. Мореее се во воздух би дигнала и приватно и државно м[sm=smiley35.gif] нивно



[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image]




Andriance -> RE: Во која болница се породивте? (1.9.2011 15:58:27)

bas taka..i koga kje naoravis edna prosta matematika...kje izlezes na nula...
\500 evra za da me poragja doktor koj jas sakam...da kupam se shto mi e potrebno za vo drzavna...na toa kje gi dodadam i parite shti mi sleduvaat kako pomos od drzava i opshtina..i ostanuva uste neshto sitno da doplatam za da se porodam privatno kade kje dobijam i nega i higiena i vnimanie i griza i za nishto nema da me boli glava..
mislam deka na sekoja zena vo tie momenti i e potrebna nega..sme se zadolzhuvale za sekakvi raboti za ova sekako kje se snajdeme...
sekako matematikata na pazar i doma ne e ista...neli izborot e sopstven..ne osporuvam deka nekoj "nemoze" da si dozvoli..
osven ako nemas teska vrska u drzavna.




Goofy -> RE: Во која болница се породивте? (8.9.2011 9:11:53)

Јас се породив со прво дете (синче) пред неполн месец во Ремедика кај доктор Ефремовски.
Претходно инспирирана од не баш убавите искуства на сестра ми која се породи во државна болница, со сопругот се сложивме нашето бебе да се роди во некоја од приватните клиники. После испитување на цените и читање по форумите кој како и каде си поминал, нашиот избор падна на Ремедика, и морам да ви кажам дека воопшто не згрешивме.
Не сакам ова да звучи како реклама но сакав да го споделам своето искуство со вас, особено затоа што пред породувањето бев толку исплашена, а на крај (иако имав некои ситни компликации) тоа испадна најубаво искуство во мојот живот. Најпофални зборови имам за персоналот на болницата кои ги сметам за најзаслужни што имам толку убави спомени од настанот, особено за докторот Ефремовски кој знаеше да ме смири во критичните моменти и кој и покрај појавените компликации при породувањето ги искористи сите можности за да не пристапиме кон царски рез, туку пороѓајот да биде природен.
Почнувајќи од самото следење на бременоста персоналот беше крајно љубезен и трпелив за илјадате прашања што ги имавме со сопругот, па се до постпородилната нега и до самото напуштање на болницата (инаку, толку пријатно се чуствував во болницата што бликав од среќа кога ми рекоа дека ќе морат да не задржат уште еден ден поради тоа што фативме жолтица). Да не зборам и за тоа дека во болница отидов буквално само со четкичка за заби, се друго беше обезбедено од страна на болницата.
Покрај сето тоа посебно пофални зборорви имам и за програмата што следува после породувањето каде (за разлика од државна – бар порано) секогаш кога ќе посакаш ти го носат бебето и сестрите се грижат во тој период мајката да научи се што понатаму кога ќе се вратат дома ќе и биде потребно: како да дои, да го држи и бања бебето, на што да обрнува внимание... Повторно чисто за споредба кога сестра ми ја пуштија од болница она не знаеше речиси ништо за доење, ниту како да се грижи за бебето, а јас од првиот ден бев способна да се грижам за него сосема самостојно. Секако и во мојот случај се јавуваа многу проблеми и прашања, особено во првите денови, ама персоналот на болницата ми беше на располагање со совети телефонски или во болницата 24/7. Овде не сакам да зборам за чистотата и храната и слично (кои беа на одлично ниво), затоа што не ми беа речиси воопшто важни фактори, ама во секој случај нека им се алал парите што ги заработија од нас, ги заслужија до последен денар и нема да се двоумам воопшто за, здравје, второ дете. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Се извинувам доколку моето споделување на искуство е малце поопширно, ама паметам дека додека бев бремена и го пратев форумот ми значеше кога ќе прочитам така нешто подетално. И уште еднаш само да напоменам дека доктор Ефремовски е стварно одличен доктор и доколку се одлучите да се пораѓате во Ремедика ви го препорачувам токму него. Човекот е стручњак невиден во својата област...Верувам дека поголемиот дел од докториве мојот случај ке го завршеа со царски рез.
Уште еднаш фала до д-р. Ефремовски
Мајката на Стефан      




Andriance -> RE: Во која болница се породивте? (8.9.2011 12:25:41)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]

POTPIS NAJGOLEEEEEM




Ljubovce -> RE: Во која болница се породивте? (8.9.2011 17:50:03)

Cofy ako moze edno prasanje samo,kolku te cinese poragajot vo remedika i kako odi plakanjeto...fala ti mnogu ..neka ti e zdravo i zivo sinceto,bas mi e drago sto vaka poopsirno ni raskaza,vistina e deka znacio mnogu...******




Goofy -> RE: Во која болница се породивте? (8.9.2011 19:46:08)

Пороѓајот не чинеше вкупно 64700 денари. Во таа цена е 60500 денари самото природно породување, 3500 денари дополнителен болнички ден (поради жолтицата) и 1000 денари третманот за жолтицата. На сумата од 60500 денари се доплаќа 6000 денари доколку сакаш епидурална анестезија (за среќа - сега не ми е мака, јас не можев да ја користам поради ниските тромбоцити), а во цената од 60500 се вклучени сите ЦТГ-а во 9-ти месец, комплетен преглед и анализа пред породување, како и комплетна нега после породувањето, контроли на бебето и вакцини до 40 дена старост и гинеколошки преглед на мајката на 40 дена. Исто така присуството на сопругот на самиот чин на породување не се наплаќа дополнително (доколку и вашите сопрузи се одлучат на тоа, нека си земат веднаш фотоапарат, за да не трчаат по ходници како муви без глави барајќи каде го оставиле - како мојот [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]).

Ние плативме во ќеш на денот на излегување од болница, за рати не сум сигурна, но секако може и со картичка.




Ljubovce -> RE: Во која болница се породивте? (8.9.2011 21:18:29)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Goofy

Пороѓајот не чинеше вкупно 64700 денари. Во таа цена е 60500 денари самото природно породување, 3500 денари дополнителен болнички ден (поради жолтицата) и 1000 денари третманот за жолтицата. На сумата од 60500 денари се доплаќа 6000 денари доколку сакаш епидурална анестезија (за среќа - сега не ми е мака, јас не можев да ја користам поради ниските тромбоцити), а во цената од 60500 се вклучени сите ЦТГ-а во 9-ти месец, комплетен преглед и анализа пред породување, како и комплетна нега после породувањето, контроли на бебето и вакцини до 40 дена старост и гинеколошки преглед на мајката на 40 дена. Исто така присуството на сопругот на самиот чин на породување не се наплаќа дополнително (доколку и вашите сопрузи се одлучат на тоа, нека си земат веднаш фотоапарат, за да не трчаат по ходници како муви без глави барајќи каде го оставиле - како мојот [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]).

Ние плативме во ќеш на денот на излегување од болница, за рати не сум сигурна, но секако може и со картичка.


Fala ti mnogu Goofy,uzivaj vo denovite pominati so tvoeto najsakano........




Baka -> RE: Во која болница се породивте? (9.9.2011 0:52:19)

Прочитав тука дека има многу задоволни од болницата во Чаир и се решив таму да се породам. Ме примија во 08ч, а во 10 и 10 веќе бев породена. Ме пораѓаше д-р.Менду Јегени (тука видов дека се фалите од него и фатив врска тој да ме пораѓа). Болница ко болница, секој си гледаше својата работа, алал да им е само на болничарките и на чистачките. Супер поминав, а мислев дека ќе биде многу страшно. На докторот му купивме пенкало од 50евра како подарок и на врската 50евра како подарок, а таму ништо не платив.




Andriance -> RE: Во која болница се породивте? (9.9.2011 1:01:51)

. Во таа цена od 60500 dodavam samo deka se vkluceni 3 bolnicki dena,.da ne ima nedorabziranje...i ne samo ctg...se sto imas potreba vo megjuvreme...ja na primer vo ponedenikot se ubiv od povrakjanje i ne bev dobra cel den..me fati malku shube i vikam aj ja da si odam da me sirne...znachi prvo me vide vaginalno ( zasto se zhalev na bolka dole)pa posle na eho za plodova voda ( mislev da ne mi isteklo malku) posle ctg...i na kraj mi izmerija pritisok...nishto od toa ne ti naplakjaat




Andriance -> RE: Во која болница се породивте? (10.9.2011 23:52:25)

Sakav samo edno prashanje,,ama da ne mi se smeete [sm=smiley36.gif] ja kje se poragjam tamu...Remedika....i se dogovoriv vekje so Efremovski...inace teram 40 nedela...sakav samo da prasham dali koga te ispushtaat ti davaat nekoe paketce podarok na Becutan ili vekje ne...ne e za nishto drugo...tuku da znam ja dali da kupam se ili za pocetok kje si bidam obezbedena... a i da znam so koja komzetika da prodolzam...grasias muchas




Goofy -> RE: Во која болница се породивте? (11.9.2011 11:03:29)

Претпоставувам дека веќе не даваат таква колекција (барем јас не добив). Јас накнадно си купив Бекутан колекција, иако баш не сум презадоволна од неа.

Но тоа е веќе прашање кое би заслужувало отворање на посебен топик „Од која колекција за нега на бебиња сте најзадоволни“.

Андијанче, СО ЛЕСНО, и пиши како си поминала! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Natuska85 -> RE: Во која болница се породивте? (11.9.2011 11:41:33)

Адрианче јас се породив во Гак и на сите родилки им даваа по еден несесер на Бекутан,внатре со некои рекламни материјали,влажни марамици мало паковање,витаминска крема и крем со цинк оксид исто мало паковање и три пелени за проба.Даваа и таков рекламен материјал и од Памперс и имаше внатре една пелена и влажни марамици.Јас пошто подолго останав начекав и такво пакетче од Бубхен,од кај нив ќарив [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] несесер и тестери од шампон,купка и млеко за тело.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Goofy

Претпоставувам дека веќе не даваат таква колекција (барем јас не добив). Јас накнадно си купив Бекутан колекција, иако баш не сум презадоволна од неа.

Но тоа е веќе прашање кое би заслужувало отворање на посебен топик „Од која колекција за нега на бебиња сте најзадоволни“.



Гофи еве тука можеш да пишеш за твоето искуство со козметиката за новороденчиња




Goofy -> RE: Во која болница се породивте? (11.9.2011 13:14:15)

Ти благодарам за линкот Натушка. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]

Ќе ги проучам искуствата на останатите.




baby_bump -> RE: Во која болница се породивте? (11.9.2011 14:26:17)

koga veke sakame da bideme majki mora da gi izdrzime bolkite pa od toa ne se umira


хахахах, ова од жена што уште не родила, многу храбро нема што.
Убаво ти напишаа погоре, чекај додека не се породиш, после раскажувај.

Инаку да се надоврзам на темава, со второто се породив во родниот град Штип, и немам зборови за болките што ги истрпев скоро 12 часа, со контракции, но споро се отварав, бидејќи и годините си го направија своето, со еден збор, се раскостив мислам на боксот, поужасно искуство не сум имала од тоа, мислам дека и денес по 11 месеци од породување, сеуште ме заболува кога само ќе се сетам што преживеав и фала му на господ што уште сум жива и јас и моето дете.
Со најоглеми врски, татко ми медицинско лице во лабораторија во болницата, пријател куќен доктор на друго одделение, мој пријател доктор хирург, докторката гинеколог, снаа на пријател да не набројувам, сестра од детска соба моја сокласничка, бабица акушерка пријателка........и не можеа да се согласат да ми стават провокација, зашто најголемите болки ми почнаа после полноќ, а во болницата имале пракса да не ставаат провокации после полноќ, ако нема договорено екипа за царски (а воедно мојата матична беше на готовс да дојде, ако има потреба од царски), но ме оставија природно.
Со првото си поминав лесно, полесно не може, во државна во Ск поради проблематична бременост.
Единствено заедничко меѓу двете болници е нечистотијата, смрдеата, лебарките и некултурните сестри и доктори.
Инаку бабиците и таму и таму се тие што не пораѓаат, не докторите, и господ ним нека им ги позлати рацете, зашто во нивни раце се двата живота на секое породување.




baby_bump -> RE: Во која болница се породивте? (11.9.2011 14:44:26)

Na mojot soprug samo za zdravstvo od plata mu odbivaat po 4iljadi i nesto denari mesecno i na godisno nivo toa se okolu 50 000 den


Тоа не му се одбива од плата, туку тоа се придонеси за здравствено осигурување , т.е. платата си е плата, а не придонес, што се 2 сосема различни работи.
sorry off topic, не сакам луѓето да бидат во заблуда......[sm=smiley2.gif]

Тоа дека многу плаќаме а не добиваме ама баш ништо, потполно се сложувам. Ние по правило од се сме незадоволни.
Но, од друга страна во поразвиените земји, сепак е малку полошо од кај нас, таму навистина е колку пари толку музика, бидејќи ако немате пари, или нема да бидете осигурани, па нема да можете да се лечите ни во болница ни приватно (бидејќи немате пари), или со малку примања ќе бидете осигурани на најниско можно ниво, што значи ќе добивате лоша или помалку квалитетна медицинска услуга, додека побогатите и богатите ќе можат да се лечат каде сакаат. Здравјето не треба да зависи од длабочината на џебот, бидејќи и сиромашните и богатите се луѓе нели?, но така е кај нив.
Ние сепак добиваме некој минимум, кои таму го немаат ако немаат со што да го платат.
Еве јас за породување не платив ни денар! Се породив во гратската болница во Штип. Додека моја пријателка во Америка осигурна на пола работно време, плати околу 3000 долари.






lilicka -> RE: Во која болница се породивте? (11.9.2011 17:25:03)

Јас се породив во ГАК без никаква врска и сум многу задоволна ме пораѓаа др.Трајковски и др.Дабевски мислам дека беше другиот и бабица Весна ако не сум грешка....
Фала му на господ супер поминавме супер се однесуваа со мене беа доста љубезни можеби затоа што јас не правев драми како другите таму што рикааа како да ги колат[sm=smiley36.gif]
А пред да се породам имав фобија од Гак затоа што се и сешто изнаслушав за таму,но ете моето искуство испадна спротивно!Секако да не заборавам можеби е оф топик секако кога се оди на пораѓај се оди со позитивна мисла а не дека ќе одиш да умираш таму и дека ќе те боли и дрн дрн....некој глупави мисли!!!
Поздрав!!!




Mamicka32 -> RE: Во која болница се породивте? (13.9.2011 1:14:56)

ИЗВОРНА ПОРАКА: lilicka

Јас се породив во ГАК без никаква врска и сум многу задоволна ме пораѓаа др.Трајковски и др.Дабевски мислам дека беше другиот и бабица Весна ако не сум грешка....
Фала му на господ супер поминавме супер се однесуваа со мене беа доста љубезни можеби затоа што јас не правев драми како другите таму што рикааа како да ги колат[sm=smiley36.gif]
А пред да се породам имав фобија од Гак затоа што се и сешто изнаслушав за таму,но ете моето искуство испадна спротивно!Секако да не заборавам можеби е оф топик секако кога се оди на пораѓај се оди со позитивна мисла а не дека ќе одиш да умираш таму и дека ќе те боли и дрн дрн....некој глупави мисли!!!
Поздрав!!!

Koga samite si imame vaka visoko mislenje za sebe kako da ocekuvame deka nekoj drug tamu lekar ili babica ke ne ceni. Sekoja cest za muabetot.... zlaten 19 vek....




temjana -> RE: Во која болница се породивте? (13.9.2011 9:28:28)


ИЗВОРНА ПОРАКА: baby_bump

Na mojot soprug samo za zdravstvo od plata mu odbivaat po 4iljadi i nesto denari mesecno i na godisno nivo toa se okolu 50 000 den


Тоа не му се одбива од плата, туку тоа се придонеси за здравствено осигурување , т.е. платата си е плата, а не придонес, што се 2 сосема различни работи.
sorry off topic, не сакам луѓето да бидат во заблуда......[sm=smiley2.gif]

Тоа дека многу плаќаме а не добиваме ама баш ништо, потполно се сложувам. Ние по правило од се сме незадоволни.
Но, од друга страна во поразвиените земји, сепак е малку полошо од кај нас, таму навистина е колку пари толку музика, бидејќи ако немате пари, или нема да бидете осигурани, па нема да можете да се лечите ни во болница ни приватно (бидејќи немате пари), или со малку примања ќе бидете осигурани на најниско можно ниво, што значи ќе добивате лоша или помалку квалитетна медицинска услуга, додека побогатите и богатите ќе можат да се лечат каде сакаат. Здравјето не треба да зависи од длабочината на џебот, бидејќи и сиромашните и богатите се луѓе нели?, но така е кај нив.
Ние сепак добиваме некој минимум, кои таму го немаат ако немаат со што да го платат.
Еве јас за породување не платив ни денар! Се породив во гратската болница во Штип. Додека моја пријателка во Америка осигурна на пола работно време, плати околу 3000 долари.




Не секаде на запад стојат вака работиве, Америка сите знаеме дека за социјалните случаи има 0 толеранција и затоа воопшто не ми е репер за западните стандарди. Канада е бесплатно се, а услугата верувајте дека приватните наши неможат на мал прст да им се фатат. Добиваш услуга како што заслужува секое човечко суштество без разлика колку пари
имаш. Ако не се лажам а мислам дека не Англија, Франција, Германија ја даваат истата услуга. Така да за нашите болници навистина нема оправдување особено што 6000 денари месечно плаќам здравство, тоа е ј... премногу.




Sandric -> RE: Во која болница се породивте? (13.9.2011 12:39:09)

Mislam deka si nekoja greska, 6000 den. e mnogu za zdravstvo osven ako ne si osigurana na 100 000 den




Страница: <<   < Претходна страница  21 22 [23] 24 25   Следна страница >   >>