Весна -> RE: Во која болница се породивте? (22.12.2009 21:16:41)
|
Се породив во Чаир. Немав апсолутно никаква врска, а можев да најдам... И навистина одлично поминав, особено во породилната сала. Прекрасни сестри имаше, и убави ;), многу беа внимателни и ме надгледуваа. Ми ги навлажнуваа устата, проверуваа до кај сум, како сум, ме чистеа и откако се породив ме покрија со веќе стоплено кебенце. Е сега горе во одделението, од трите дена што останав, едната вечер беше катастрофа. Цел саат и пол чекав од некаде да се појави сестрата за да ми ја преповие Јаничка, која за греота плачеше, зајдуваше зашто беше утоп покакана. Срцето ми се параше, таа плаче, јас плачам. Инаку, чисто беше, новички спаваќи добивавме секоја вечер за сабајлечки да имаме да си се пресоблечеме. Истото и со чаршавите, кои не беа нови, да, исфлекани и подискинати, но чисти. Сепак, се’ на се’ сум задоволна од приемот (како што очекував, одлично поминав).
|
|
|
|