mother 29 -> RE: Натинка(течење на нмос.кашлање) (30.10.2009 14:11:29)
|
извор дневник Акутните инфекции на горните дишни патишта се најчести заболувања во детската возраст. Најчести причинители се вируси, бактерии и микоплазма. Акутното воспаление на лигавицата на ждрелото, носот и синусите, почнува со кијавица, бистра секреција од носот, а по неколку часа и подуеност на лигавицата на носот, што го отежнува дишењето. Секретот станува густ, гнојав, со жолто-зеленикава боја. Кашлицата е придружен симптом од првиот ден. Лекувањето почнува по прегледот - лекарот одредува кога треба да се дадат антибиотици. При чести воспалителни процеси на горните дишни патишта, крајниците се зголемуваат и го попречуваат дишењето. При акутно воспаление на третиот крајник, оневозможено е дишење на нос, а секретот се слева зад ждрелото и во долните дишни патишта. Воспалението е причинето од бактерии и вируси, а поретко и од алергиска природа. Лекувањето е со антибиотици, а во ретки случаи со оперативен третман. Акутна инфекција на горните дишни патишта доведува до воспалителен процес на синусите. Примарно настанува вирусна, а секундарно бактериска инфекција. Најчести бактериски причинители на синузитот се стрептококи, стафилококи, хемофилус инфлуенце, брахамела катаралис. Симптом е бистар, слузав и гнојав секрет. Кашлањето е влажно и е "поагресивно" навечер. Се чувствува непријатен мирис од усната шуплина, а поголемите деца се жалат и на главоболка. Воспалителниот процес почесто е со хроничен тек. Лекувањето во првите денови е со пеницилински препарат, а ако нема подобрување - со антибиотик со широк спектар. Се препорачува и активно дренирање на секретот од шуплините со локална терапија. Акутното воспаление на крајниците е причинето од стрептококус бета-хемолитикус, а поретко и од некои респираторни вируси. Воспалението ги зафаќа крајниците и целата слузница на носната и усната шуплина. Има тешка клиничка слика - многу висока температура, болка при голтањето, отежнато дишење, главоболка, малаксаност и болки во зглобовите. На крајниците има гнојни слоеви, кои можат да се прошират и во усната шуплина. Ако не се лекува соодветно, воспалителниот процес може да премине во хроничен. Ако воспалението е хронично и е причинето од бета-хемолитичниот стрептокок, организмот одговара со заштитна реакција, создавајќи антитела за да ги врзе токсините што ги лачи стрептококот. Така се формираат имуни комплекси, кои може да се таложат и во виталните органи - срце, бубрези, мозок, во зглобовите и кожата каде што можат да предизвикаат посериозно оштетување. Препорака за вадење на крајниците дава само педијатарот, бидејќи крајниците се единствен продуктор на заштитните антитела, кои го штитат респираторниот тракт од инфекции и од алергиски манифестации. Воспаление на лигавицата на ларингсот и на гласните жици - Акутното воспаление може да биде вирусно или бактериско, со многу тешка клиничка слика - знаци на гушење, засипнат глас и висока температура. Алергиското воспаление е повторувачко, со иста клиничка слика, но без покачена температура. При кој било тип воспалителен процес, родителот треба веднаш да го однесе детето на лекар. Родителите треба да ги контролираат условите каде што живее детето и да не пушат пред него. Важни се правилната нега и исхраната. Треба да избегнуваат контакти со болни лица и да го вакцинираат детето.
|
|
|
|