mila mama -> RE: Настинка (течење нос. кашлање) (25.11.2011 10:28:00)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: luci РР-ки дајте ми совет, М. има 10 месеци и кашла побајаги, хрчи ноќе, те му е затнат носот те не е, ми се чини како да е полн со шлаем, температура нема. На лекар го однесов 20-пати ми се чини до сега и д-р вика супер е, нема ништо на плуќа, ама детево ми е далеку од супер. Цела ноќ се буди, кашла кенка[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Што е пожелно да му дадам? Направивме крвна слика, д-р вика дека е ок а јасно се гледа дека е несто +-. Ни земаа и брисеви од нос и грло ама тие се уште не се готови Со шлаем се мачевме и ние на приближна возраст како вашата. На крајот ќерка ми и престана да јаде зашто беше полна со шлаем и не можеше да голта. Затната беше и во носето, и течеше со густ секрет бистар во секој случај беше секретот, температура немавме, општа состојба беше во ред, плуќата чиста, само хрчеше малку од носето. И не и дадов никакви капки, нити антибиотици. Единствено што направив, сварив чај од мајчина душица, 2 супени лажици во 1 л. вода. И и давав од тој чај да пие, иако до тогаш само нане пиеше. Не го бендиса многу, ама и го мешав со нане и некако го пиеше. Почна да го искашлува шлаемот и бев среќна. Кога после случајно не и дадов неколку дена да пие јогурт и гледам ситуацијата ептен се подобри. Таа почна и со чајот да искашлува, ама откако го прекинав тој јогурт целосно се исчисти од шлаемот! Зборот ми е види да не имате нешто во исхраната што би му правело алергија и би го затнувало. Некогаш и на алергична основа децата се затнуваат, па после фаќаат вторична бактериална инфекција на слузниците кои веќе од алергијата станале подложни за бактерии.
|
|
|
|