AnnaMolly RR -> RE: Кравјо млеко (7.12.2010 12:28:31)
|
Инаку, во едно списанија за исхрана на бебиња го прочитав следново. Кравјото млеко треба да се разредува со вода. Ако се воведе пред 12 месеци, треба да се следи ова: до 6 месеци се разредува 70/30. Има ваков рецепт за подготвување на млекото. 130 мл млеко, 70 мл вода, 1 голема лажичка оризови снегулки и 1 мала лажичка шеќер. Со разредување на млекото се губи значителна количина шеќер што го содржи млекото, па бебето не ја внесува потребната количина на шеќер и затоа треба да се додава. Оризовите снегулки се растопуваат во 70 мл превриена вода оладена на 50 степени, се додава шеќерот и млекото (веќе сварено) и сето тоа се меша и треба да зоврие. Потоа се лади и се пие веднаш. По 6 месеци може да се продолжи вака, но може и 150 мл млеко да се разредува со 50 мл вода, а останува истата количина оризови снегулки и шеќер. Јас до сега му давав 150 млеко со 50 вода и 2 лажички лактовит, ама веќе неколку дена му го правам вака со 130 млеко и 70 вода плус оризви снегулки Милупа и пола лажичка шеќер.
|
|
|
|