mila mama -> RE: Кравјо млеко (15.12.2010 14:04:56)
|
Редакција Рингераја :Кои се штетните дејства и негативните страни на кравјото млеко? Одговор: Прим.д-р Јасна Анастасовска, РемедикаПриродата се погрижила да составот и карактеристиките на мајчиното млеко биде идеална храна за секој вид. Така , хуманото млеко претставува најдобар избор за растот и развојот на бебето. Кравјото млеко содржи одредени белковини (казеин) и масни киселини( бутерна) кои го прават кравјото млеко тешко сварливо и искористливо. Поради тоа се создаваат и микролезии , со микрокрварења во желудечната слузница, што води до развој на анемија кај бебето. Поради врзување на калциумот за масните киселини од млекото ,во цревото, кравјото млеко потенцира развој на рахит кај детето( рахитогено дејство). Поголемата концентрација на солите во кравјото млеко ги оптоварува незрелите бубрези кај бебињата. Ова се само најбитните негативни ефекти од употребата на кравјото млеко во исхрана на децата под 1 година .
|
|
|
|