RE: Не сака да јаде! (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


mama26 -> RE: Не сака да јаде! (4.1.2011 21:05:14)

najtesko e za majka deteto da ne i jade ili prebira.vo slucaj moevo koga nesaka da jade sto retko se slucuva -go ostavam toj sto saka...se slucuva mesto rucek so gricki da pomine ili vecera..ama ne se protivam i ne so sila..ponekogas i nepravam rucek odime vo grad i jademe suva hrana pica itn. se nadevam pomognav




Viktori -> RE: Не сака да јаде! (4.1.2011 21:11:31)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Palce

Лелее мами2 и јас веќе што не направив...Ама вчера беше кулминација,она едноставно веќе не сака да ја отвори устата,и цело време бега со главата....Незнам веќе што да направам,и незнам веќе што да направам...Вчера мислам дека доживеав нервен слом...Толку многу ме изнервира што веќе неможев да се воздржам и поштено и се изнавикав,и се утепа од плачење,и ја оставив во столчето 10 мин да плаче...неможев веќе да издржам...Денес толку многу ми е мака на душава што вчера и се изнавикав абе незнаеш колку,ќе пукнам од мака...Ми е страв некој стрес да не и направам,ама веќе јас имам поголем стрес од неа...Мислам и дека веќе ќе ме отсака од тоа молење за хранењето и што само ја карам....Ама вчера едноставно неможев да се исконтролирам,знам дека не треба така ама пукнав едноставно....И денес сум многу разочарана и се грижам за неа да не ја потресов ептен....Уффф ми се плаче [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]


А без викање да ја оставиш неколку саати гладничка? Направи и распоред, со нормално 5 оброци од кои 3 главни. Ако не сака да јаде за главен оброк, на следниот меѓуоброк не и давај повеќе од планираното. Точка! За да биде гладничка за следниот главен оброк.
Не да прегладни, не џанк фуд да и пикаш и мислам дека барем сега месото е важно...
Исфрли и се што не мора да внесува: сокови, благи кашички, пудинзи и  сите останати ѓубренца од храна што држат ситост, а нема никаков ќар од нив...




Palce -> RE: Не сака да јаде! (5.1.2011 11:39:48)

Виктори проблемот кај Миа е што таа ништо не сака...Ма и џанк фуд би и дала само да сака...Значи она тотално е незантересирана за храна...Ништо не сака...можеби е чуден муабетов ама така е..Веќе 1 месец е само на млеко,ништо друго неможам да и бутнам..И сега ставам триста глупости во млекото,од путер,житарици сите врсти,жолчка,маџун...Ама не мрда со килажата што е нормално и многу се нервирам..Сок не пие,по малку вода потпивнува и толку...Ни грицки ни мицки не сака...едноставно ќе полудам веќе..Докторката ми вика,чим не сака не ја малтретирај давај и само млеко..Ама до кога млеко,она е веќе голема??? Се плашам да на има некој друг проблем..веќе човек на се ќе помисли....Ужас

п.с Ви посакувам Среќна Нова година исполнета само со радост,уживање,здравје и среќа...
Поздравчиња




mama26 -> RE: Не сака да јаде! (5.1.2011 12:17:29)

palce neznam kolkavo ti e deteto no da te utesam i na sestrami e samo na mleko a veke e golem...

samo kaj mene na gosti toj  jade -taka vika sestrami [ doma e kako vrapce po malku ]

zdravo pravo si e deteto no ete nekoj inat prema hranata ..




Палешка РР -> RE: Не сака да јаде! (5.1.2011 19:05:40)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Palce

Виктори проблемот кај Миа е што таа ништо не сака...Ма и џанк фуд би и дала само да сака...Значи она тотално е незантересирана за храна...Ништо не сака...можеби е чуден муабетов ама така е..


Марио беше ваков и јас исто вака полудував како тебе Палче. Храна не сакаше да види ни под разно. Се се обидував, секогаш различно му подготвував, се уууубивав од стоење над шпорет и не и не, ништо в уста да не се ставало. Само ја вртеше главата и никако не можев да го излажам. Татко ми ме караше викаше немој со сила, ќе му создадеш отпор спрема храната, ама јас не можев, колку тој одбиваше толку јас инсистирав. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Пукнав со него до 9 години, жив беше само од чоколадо и смоки [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
Многу е тешко кога детето не ти јаде [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Palce -> RE: Не сака да јаде! (6.1.2011 13:38:28)

Лелеее Палешка до 9 год ако не јаде па јас до тогаш во лудница ќе бидам од нервоза...И јас упорна сум исто како и ти,ама залудно се трудам кога устата не ја отвара...Да ти кажам веќе уплав имам кога ќе ја седнам во столчето...Страв ми е да почнам,зошто знам што следува...Неможам да сватам како не е гладна...А го имаш оставано Марио да огладне убаво??Верувам дека си го оставала што немало ефект [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] Цело време во глава ми е нејзината храна,цело време сурфам по нет читам што да се прави,едноставно неможам да се опуштам..Ќе ми се јават пријателки да се видиме,неможам да мрднам од што по цел ден се молиме да јаде..како во затвор да сме...Ќе се откажам веќе па што сака нека прави,ако сака цел живот млеко нека пие..
Мама26 Миа е предвреме родена..Она има 14 месеци од раѓање,а уствари е 11 месеци зошто е порано родена...Значи дете од 11 месеци сега треба се да јаде а не само да е на млеко..ама тоа е...Ама се чудам зошто еден период почна убаво да јаде и одеднаш не сака...е тоа неможам да го сватам..
Ви посакувам на сите Среќен Бадник и Божиќ и поминете си го со најсаканите..[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Maca25 -> RE: Не сака да јаде! (6.1.2011 15:08:41)

Палче мила, сите мора да поминеме низ тој период кај детето.
Еве кај нас сеуште трае, а нина има скоро 2 години. мака мачам со нејадењето. кога е време за јадење мене коса ми се крева и тогаш најмногу има плачки, карање... Мислам дека цел ден да не и дадам да јаде, таа нема да побара. Јас само спремам и фрлам. Има само одредени работи кои ги јаде, а тоа најчесто е тарана, јуфки и палента, но тоа не може секој ден да се јаде. Сега покрај Црвенкапа (која на баба и и носи топла супа) нина почна да јаде супа, па секој ден правам супа со многу зеленчуци, еден ден со кнедли, еден ден крем супа од брокула, еденод карфиол, па на тој начин гледам да внесува зеленчук.





Octavia -> RE: Не сака да јаде! (6.1.2011 17:20:47)

Maca25, а може кога ќе имаш време рецепт за крем супите (од брокула и од карфиол)?
Фала и среќни празници на сите[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Nadezna -> RE: Не сака да јаде! (4.2.2011 23:29:33)

Ма вие имате проблем со цврста храна, овој мојов Дамјан поцна да мрци за АД мелкото.
Имено, фино си пиесе по 150 мл на 4 саати, сега несто појше од 120 нејке да види...не знма што му е, неколку дена е тков...инаку, има 2.5 месеци ....
Прими вкацина пред некој ден, може затоа е таков...
Порано само затвораше уста кога не му се јадеше, а сега плаче и се опира...ваков е неколку дена...
Можно е да смени овој период?
Евентуално,не му е вкусно млекото и го пие колку да не е ептен гладен?




Bubule -> RE: Не сака да јаде! (22.2.2011 16:30:43)

Dali nekoj imal problem so pienje mleko od sise? Mojata malecka sega e skoro 10 meseci i nikako ne saka da pie sok,voda i mleko kako od sise so cucla taka i od caska.Kako da ima strav koga ke oseti vo usta tecnost i pocnuva da se davi.Ve molam za sovet ne znam kako da i pomognam.Za jadenjeto si bese super do skoro jadese ama bas se, a sega ne saka nisto i ne moze ni so sila da ja nateram.




Snowhite RR -> RE: Не сака да јаде! (22.2.2011 16:47:07)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bubule

Dali nekoj imal problem so pienje mleko od sise? Mojata malecka sega e skoro 10 meseci i nikako ne saka da pie sok,voda i mleko kako od sise so cucla taka i od caska.Kako da ima strav koga ke oseti vo usta tecnost i pocnuva da se davi.Ve molam za sovet ne znam kako da i pomognam.Za jadenjeto si bese super do skoro jadese ama bas se, a sega ne saka nisto i ne moze ni so sila da ja nateram.


И ние сме исти, течности никако, ни од шише ни од чаша, освен што почна во последно време вода да пие, друго ништо




skorpijana -> RE: Не сака да јаде! (22.2.2011 17:39:24)

ima periodi kaj decata koga ne sakaat da jadat mislam deka ne e strasno 3-4 dena ali podolg period veke toa e drugo kaj mene postariot sin jade mnogu vo gradinkata doma edvaj da go nateras da jade nesto a za pienje vo bure da go stavis so sok suv ke izleze [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




mama26 -> RE: Не сака да јаде! (22.2.2011 18:42:43)

nikogas sme nemale problemi so nejadenje ,ama ovie dva dena nekako gleda nisto da ne jade [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]samo da ne e znak toa na nastinka ili sl...




bebuskicka -> RE: Не сака да јаде! (22.2.2011 21:57:35)

a da ne ima problem nekoj kako mene moevo bebe e skoro 4 meseca i ne saka da cica za ziva glava. se vo spienje so sila so lazenje nekako se doime a sise da i dades celo ke go ispie.A ne sakam da i davam sise koga jas imam mleko.si vikam mozebi e period i aj uste malku so kasicki ke pocneme i ne znam so da kazam?Help!?




skorpijana -> RE: Не сака да јаде! (23.2.2011 9:35:11)

jasso prvoto dete taka napraviv ne sakase da cica mu dadov sise i potoa ne saka od cicka dva tri dena nikako sise pa pak pocna da cica pa cicavme do 1godina i 8 meseci
probaj da ne mu davas sise tie se lazat so toa polesno im tece ne moraat da vlecat kako na gradata probaj eden den ne mu davaj sise samo go stavaj ke vide ne vide gladno ne moze da sede ke pocne pak da cica poz




Lokica1 -> RE: Не сака да јаде! (23.2.2011 10:11:13)

Kerka mi veke 2.5nedeli nesaka nisto da jade, edvaj eden obrok ako uspeeme da go probutkame i toa saka samo zitarici na nestle 8 zita, i po celi denovi e samo na mleko, veke neznam sto da pravam, i toa koga jade jade samo so lazenje gleda crtan film se zadlabocuva i mehanicki otvara usta, a bara i jogurt i nisto drugo, ima 16 meseci, veke neznam sto da pravam, please dajte nekoj sovet ili preporacajte nesto za zgolemuvanje na apetitot.




Тања РР -> RE: Не сака да јаде! (25.2.2011 13:08:02)

ИЗВОРНА ПОРАКА: nufar

Mozda ja zgresiv temata,ama.....
Citam i im se voodusevuvam na onie majki cii bebusi si jadat bez problem,a socuvstvuvam so onie cii odbivaatMarko ima 10 mseci,a jas ne pamtam barem ednas da ima ispieno mleko bez problem,sekogas e so placenje.Koga izlegovme od bolnica imase malce zutica i celo vreme spiese,nemase sila da cica,a jas imav mleko za cela zgrada,pa morav da go golickam i cupkam za da se razbudi i da cica (doktorkata ni preporaca 5 min. na edna grada,5 min na druga ,pa posle dohrana so NAN 1).Koga trebase da pie po 120 ml mleko,on piese po 60ml,zdivuvav,se nadevav deka koga ke pocnam so ovosje ke mu se podobri apetitot,arno ama nisto ne pomogna ,ni bedoxine, ni C vitamin,ni energy baby...nisto,celo vreme jadese polovina od potrebnoto i toa so sila.Mislev deka e do cuclata,pa iznakupuvav od site vidovi,sekakvi sisinja,obicni,sareni,so cudna forma,go menuvav mlekoto,prvo NAN 1 ,pa Laktovit (navodno poslatko bilo,pa deteto mi se isfrla po liceto so nekoi golemi krasti od nego) i zavrsivme so Aptamil.Stignav da go hranam so spric,kapka po kapka,prvite nekolku pati mu bese interesno,a posle pocna da nejke.Prodolziv da gubam zivci so lazicka (uste jade so lazicka,so moljakanje).Nikogas ne mu davam odstoeno mleko,ni posle eden saat bez razlika kolku i da ostavil.Prasuvav i mi kazaa deka mlekoto moze najmnogu da stoi do saat ipol,posle toa da ne se dava.Vie ne znaete kolku mleko imam isfrleno.Den denes odbiva da,znaci ne pomafa nisto,ni zanimavanje,ni pesnicki,ni igracki,pa ni dzezvinja i tendzerinja.Problematicno dete do nemaj kade.
Sovet od mene do site majki so deca sto ne sakaat da jadat,nemojte,ama STVARNO NEMOJTE da gi terate so sila,podobro neka propustat obrok,otkolku da prezivuvate ona niz sto jas minuvam 4-5 pati vo denot,odbivnost,ama ne na hrana ,nego na hranenje,posto jas go terav da jade so sila,mu pikav od sto mi bese strav i zal da ne e slucajno gladen,svesna sum deka sama si go napraviv problemot,ama toa e,moe si e.
Zaboraviv da kazam,Marko celo vreme napreduva ,na pocetokot super po kilo i nesto ,a sega solidno,se rodi 2500 a pred eden mesec imase 9700,sega ke vidime treba da odime na kontrola




strelec 8 -> RE: Не сака да јаде! (25.2.2011 14:07:26)

arno sto toa moeto odi na gradinka i tamu jadel i mandzi,i voda.od 15:00 koga ke dojde doma abe nisto da ne se jade.tri sisinja mleko ke ispie,i sok.a od jadenje ili supa ili makaroni so kecap,ili samo leb.
sakal pica....breeee majkata.mu vikam i nas se ranele so pica.




nutelizza -> RE: Не сака да јаде! (25.2.2011 23:57:05)

Епа strelec8 и ти да испиеш 3 шишиња млеко нема да сакаш да јадеш т.е нема да ти се јаде.

Ние јадеме се и скоро временски исто може нешто несака или нешто повеќе сака ама балансираме и супер ни оди. Пиковит IQ е одличен за апетит




mama26 -> RE: Не сака да јаде! (26.2.2011 10:44:57)

ИЗВОРНА ПОРАКА: strelec 8

arno sto toa moeto odi na gradinka i tamu jadel i mandzi,i voda.od 15:00 koga ke dojde doma abe nisto da ne se jade.tri sisinja mleko ke ispie,i sok.a od jadenje ili supa ili makaroni so kecap,ili samo leb.
sakal pica....breeee majkata.mu vikam i nas se ranele so pica.

стрелец и моево беше така во градинка,се си јадеше потоа ке го земев кај 3ипол па ке го прошетав ако сака нешто грицки ок ако не ,не..и дури вечер  си јадеше,не му се секирај не е гладен,затоа му бара душичката млеко ,прејаден е [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Snowhite RR -> RE: Не сака да јаде! (24.3.2011 20:23:21)

Имаше периоди кога сакав да пишам на темава, ама ја заобиколував, тешејќи се дека не сме во оваа група, а сега после ова што ми се случува последниве 4 дена знам дека и навистина не сме биле. Готово мислам дека ќе доживеам нервен слом. Се мислев дали да пишам овде или во темата за кравјо млеко, затоа што проблемот е во тоа што не јади ништо што е од страна на млеко и млечни производи. Значи млеко тој кравјо не пие, во кашички го јадеше, е сега откако го одбив наместо да одиме напред да се научи да пија млеко, ние назад еден чекор се вративме, сега не сака ни да го јади. Од друга страна знаев дека ќе дојде до ова затоа што, поради тоа што не пијаше млеко, морав и на сабајле и навечер да му давам млечни кашички и си мислам дека му се здосадија сега. И сега освен што не пија млеко, не јади млечни кашички, не сака ниту кисело млеко, ниту павлака, ниту ориз сварен со млеко, ниту пудинг, ниту сирење, ниту зденки, значи ништо што има млеко. Првите неколку дена го форсиравме, да речам со сила му дававме, го молевме, овие два дена, вчера и денеска веќе не го молам, ми е страв да не предизвикам контра ефект, да му створам одбивност кон храна и му давам тоа што сака тоа да јади и јади глупости по цел ден, освен што за ручек убаво јади, зеленчук, месо, супа. Најголем проблем ми е тоа што, првата недела кога престана да цица, јадеше навечер и по цела ноќ не се разбудуваше, а сега овие неколку вечери не сака да јади ништо пред спиење и гладен легнува и се разбудува ноќе.
Не знам сега што да правам, помагајте, дајте некој совет, оти се скренав готово, дали да го молам да јади млечни работи или да направам пауза некое време, да заборави, па пак да пробам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] А вака без млеко ич? Нели треба пола кило во ден да внесува[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Viktori -> RE: Не сака да јаде! (24.3.2011 21:01:39)

сноувајт, батали го млекото бе некое време. Млекото е основна храна додека цица, а потоа не е повеќе. Имануел Кант во една книга има пишано дека мајчиното млеко е за бебиња, а кравјото за телиња.
Не е апсолутна вистина, ама нема ништо да стане ако не јаде млеко една-две недели.




Snowhite RR -> RE: Не сака да јаде! (27.3.2011 18:42:59)

Епа еве сега правам пауза, односно не му давам млечно ништо, освен вчера неколку лажички павлака јадеше и сега јади се и сешто што јадеме ние на маса, па по некое време ќе пробам пак со млечно, немам друго решение тоа е[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Felly RR -> RE: Не сака да јаде! (29.3.2011 17:33:44)

Snowhite и јас некогаш мислам дека и се смачени тие млечни кашички, па некој ден наместо кашичка за појадок и давам макарони со павлака, пржено јајце, лепче со павлака...




Snowhite RR -> RE: Не сака да јаде! (29.3.2011 17:48:41)

Денеска јадеше пудинг, има млеко во него, така да напредок е, а и макарони со сирење
Инаку вчера ја прашав докторката за совет и ми рече, ако јади месо ги прима протеините, ама пак некако да му го подметнувам во нешто на пример во пире со компири, во супа, некаде каде што нема да го сети, барем до една чаша во денот да стигнеме. Стварно не знам како ќе стигнеме до една чаша, колку може да ставам млеко во пире или во супа[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] а од друга страна па ми е страв ако го сети да не ми ги одјади и тие работи. Леле ум немам во главата




Страница: <<   < Претходна страница  9 10 [11] 12 13   Следна страница >   >>