blue_blue -> RE: Не сака да јаде! (18.7.2016 15:25:33)
|
gina, искрено нема ни една причина за да полудеш. Имаш син од една година и огромен пат пред себе тој син да го изведеш на прав пат, да биде самостоен, неврзан за скутот на мајка му, со самодоверба и способен да се снајде во овој не баш толку розов свет. Стакленото ѕвоно нема многу да ти помогне во тој пат. Не јадел за ручек, ќе јаде за вечера, едноставно не може по цел ден да е гладен...кога ќе изгладни доволно (не му давај ужинки измеѓу) секако ќе сака да јаде. Не трчај со тањирот по него...едноставно има време за јадење и тогаш треба да се јаде, не се потресувај многу ако не јаде...понуди му, дај му негова лажица нека брца во јадењето и сам нек се храни, стави му парчиња од нешто сам да ги става во уста, за тоа време ти рани го...нека ги испитува текстурите, боите и мирисите на овшјата и зеленчуците - голема е веројатноста дека ќе пројави интерес да ги стави во уста...И ќе пројаде, не може со денови да биде гладен...Или му е топло, или е заинтересиран за се друго да прави па јадење му е губење време, ама треба да научи дека мора да јаде и дека ќе јаде во време одредено за јадење...не заборавај дека ти си возрасниот и ти ги поставуваш правилата, не е детето тоа што раководи со ситуацијата, туку ти...понуди и тргни го јадењето ако не го јаде, по саат време понуди пак
|
|
|
|