niki -> RE: Не сака да јаде! (5.1.2010 22:55:53)
|
Бидејќи ќерка ми ја сметам за ненадминлив махер во нејадење и се имам помирено со тоа, единствен совет кој го имам е да престанете да се вознемирувате поради тоа, да мерите во грамови, теглички, лажички и да ги оставите децата да јадат колку сакаат бидејќи ако несакаат нема начин ни милом, ни силом да ги натерате тоа да го прават. И погледајте малку во себе и во својот однос кон храната за да си најдете одговор за нејадењето на вашето дете или бебе. Сигурно и вие не сакате се да јадете, било како спремено и имате јадења кои ви се вкусни и би можеле да се удавите во нив и такви кои ги јадете на сила и радо би ги прескокнале. Истото важи и за децата, со таа разлика што тие сеуште го немаат совладано говорот па неможат да ви кажат што им се допаѓа, а што не. Трпеливо и без нервоза, радувајте му се на секој залак што ќе го изедат, наместо да се жалите дека изеле пола тегличка, а не цела. Ниту се сите деца исти, ниту се секојпат исто гладни и навистина не ми е јасно зошто таа тегличка е мерка за оброк. Што ако детето посака да изеде две теглички, нема да му дадете?
|
|
|
|