Julie1 -> RE: Не сака да јаде! (26.8.2010 19:48:21)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Palce Мамички ве молам за помош...Мојата ќеркичка е недоносено бебе и сега има 7 месеци корегирани,на 30 ќе влезе во 8 а уште ништо не јаде...Јас веќе стварно незнам што да правам,секој ден се молиме,она плаче,јас плачам...Кога почнавме со дохрана почна убаво да јаде дури некој ден и по 80гр ќе изедеше...Е после 1 недела веќе не сакаше уста да отвори и еве уште истото се случува. Беше болна имше бронхит па ај толерирав дека е болн ама сега???Ќе ја седнам во хранилката и уште храната не ја пробала а таа ми ја трга главата,јас упорно пробувам и на крај ќе почне да плаче ама онака инаетливо...Веќе незнам што да направам..Прво имавме проблем со млекото не сакаше да го пие будна,за тоа веќе пишував,а сега и ова..Сега фала богу почна да пие млеко будна...Сега имаме 5 млечни оброци(вклучувајќи го и ноќниот) што значи пие млеко околу 600гр дневно,нема капацитет за повеќе,ама друго ништо неќе,ни вода,ни сок,ни кашички.....Ќе полудам..а анемична е,пие ферум...па сакам да прима железо и преку храната..Ве молам за некој совет??Дали да и скратам уште еден млечен оброк,некоја тактика за јадење??нешто,било што.... И сакав да ве прашам, колку 7месечно бебе треба да спие преку ден...Миа спие 3 пати...Првиот пат саат,саат ипол...После 2 саати и приквечер пола саат...Треба ли толку или помалку,фактички неа цел ден и поминува во спиење,лпга ќе стане ќе поигра малку и ќе ја почекам да огладне и додека чекам ќе дојде време за следното спиење и почнува да кенка...ужас...И размазена е.како да ја ставам во ред??се си викам ништо не разбира ама ме снима цело време и прави по нејзино...Леле ве удавив,извинете ама неможам да се изназборам од што се нервирам и незнам што да направам..Ве молам за совет,ви благодарам...
|
|
|
|