RE: Пушење за време на бременоста (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Bethany -> RE: Пушење за време на бременоста (24.5.2013 17:04:56)

Е така де [sm=smiley1.gif]

Ќе си дадеш најдобро од себе за своето бебенце.
Да, нема ти да им бидеш роб на цигарите:) Ќе успееш [sm=smiley20.gif]




Рингишпил -> RE: Пушење за време на бременоста (24.5.2013 17:19:26)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR

Е така де [sm=smiley1.gif]

Ќе си дадеш најдобро од себе за своето бебенце.
Да, нема ти да им бидеш роб на цигарите:) Ќе успееш [sm=smiley20.gif]


Фала ти за подршката, значи многу. [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




deluxe -> RE: Пушење за време на бременоста (25.5.2013 12:34:56)

. Го прашав и гиникологот, ми рече дека не е убаво пушењето ама во никој случај не е убаво и да бидам како темпирана бомба. Да ги намалам на минимум и полека може ќе ги оставам, а може не.


Рингишпид добре ни дојде !!! И јас сум пушач ,и бев во бременоста ,имам погоре пишувано,значи доколку не можеш да се откажиш пробај намали ги(до 5 цигари дневно) ,и обавезно замени ги со некои послаби цигари со најмалку никотин и катран (супер лајт,или ултра лајт) тоа ти е мој совет ,те поддржувам да се откажеш од пушењето,но внимавај на стресот тој може да биде далеку поопасен за твоето [sm=duda.gif]
Со лесно [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Пушење за време на бременоста (25.5.2013 12:58:36)

Рингишпил ако навистина сакаш и ти треба подршка да ги оставиш цигарите ,прочитај и неколку страни наназад.Подршка имаш од мене и тоа голема.НО
ИЗВОРНА ПОРАКА: Рингишпил

И јас како многумина мислев дека ќе биде розева приказна и кога ќе излезам од гиниколог, кутијата цигари ќе ја фрлам. Мхм. Едноставно решив да ги намалам на 5 цигари дневно, барем засега, зошто се познавам, не сум 20 годишна за да не знам како ќе реагирам. Ако скроз ги откажам во овој момент може многу повеќе да му наштетам на бебето зошто ќе бидам под стрес цело време и нема да престанам да плачам.


Јас бев пушач 15 години по 1 кутија на ден,и секогаш велев кога ќе забременам веднаш ќе ги оставам.И знаеш што јас имав розева приказна.Не си верувала доволно во розевата приказна затоа не си успеала.Не сум 20 годиншна туку 32 годишна и баш затоа се познавам дека можам и сакам.тоа дека ќе бидеш под стрес верувај дека е умислено,ако си решена нема да бидеш подстрес.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Рингишпил

Го прашав и гиникологот, ми рече дека не е убаво пушењето ама во никој случај не е убаво и да бидам како темпирана бомба. Да ги намалам на минимум и полека може ќе ги оставам, а може не.


Искрено ова квалитетен доктор и непушач нема да ти го каже.Мојата матична и ми кажа, и викам јас еве дознав пред 2 дена дека сум бремена и пушѓам по 2 цигари на ден доволно ли намалив и да соберам храброс.Таа ми одговори ако сега не прекинеш ќе се мачиш и нема да ги оставиш,дека е стрес на организмот не е ,зошто ако ти си решена и немислиш на цигара стресот ќе го нема.

И на други членки вака им пишував исто и на тебе ,само со реален пост може да сватите дека е сериозно.
Мое мислење ако за најмногу 10 дена не се решиш да ги оставиш цигарите верувај дека нема да ги оставиш воопшто ни до карј на бременост и кога ќе доиш.
Размисли убаво [sm=smiley31.gif]




rina13 -> RE: Пушење за време на бременоста (25.5.2013 14:00:30)

Незнам рингишпил јас како непушач неможам да сфатам каква е таа зависност, но од она што го гледам околу мене сметам дека кога се прекинуваат треба да се прекинат скроз. Нели нема логика ќе ги намалиш и кога ќе бидеш нервозна или вознемирена(во бременоста тоа често се случува ќе си речеш ајде уште оваа и кругот нема крај). Ако си решила да станеш непушач тогаш биди силна и издржи не само заради детето што го носиш туку и за своето лично здравје.




kikicka -> RE: Пушење за време на бременоста (25.5.2013 14:19:11)

Ако се лажеме дека со намалување ке ги оставиш нема шанси. Јас пушев па престанав во првата бременост не пушев скоро година после пак препушив и еве сега пак го откажав кога дознав дека сум пак трудна. Последниот месец таква криза ме фаќа ама ете не посегнувам ни под разно. Нагло ги оставив цигарите покрај големата желба ама тоа е што е греота е тоа мало суштество да го трујам па после кога ке се роди да се трајќам по здрава храна и навики а ваму додека било во стомакот си го труела со никотин. Нема смисла најгрдо нешто е трудница со цигара посебно кога стомакот е голем [sm=nosecka.gif]




nadica -> RE: Пушење за време на бременоста (25.5.2013 14:30:32)

да не се повторуваме но ТИ и само ти одлучуваш за здравјето на твоето дете додека си бремена
и да доста со приказните дека и од пушачи родители има деца кај кои се е во ред, но зошто да го носиш ризикот со себе кога можеш и без тоа
мајка ми е пушач, мм е пушач, бев и јас пред да забременам но ги откажав и на мм и мајка ми им викам откажете ги и бидете првите на кои им било лошо без цигари(со мои зборови умри за цигара не од неа колку лошо и да звучи) и на сите им го кажувам следново
откажување наеднаш без одлагање и залажување на самите себеси
поз и се надевам дека ќе се одлучиш за откажување а овде ќе ја добиеш подршката која ти треба [sm=smiley31.gif]




Рингишпил -> RE: Пушење за време на бременоста (25.5.2013 17:12:00)


ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR

. Го прашав и гиникологот, ми рече дека не е убаво пушењето ама во никој случај не е убаво и да бидам како темпирана бомба. Да ги намалам на минимум и полека може ќе ги оставам, а може не.


Рингишпид добре ни дојде !!! И јас сум пушач ,и бев во бременоста ,имам погоре пишувано,значи доколку не можеш да се откажиш пробај намали ги(до 5 цигари дневно) ,и обавезно замени ги со некои послаби цигари со најмалку никотин и катран (супер лајт,или ултра лајт) тоа ти е мој совет ,те поддржувам да се откажеш од пушењето,но внимавај на стресот тој може да биде далеку поопасен за твоето [sm=duda.gif]
Со лесно [sm=smiley1.gif]


Фала ти. [sm=smiley31.gif] Супер и ултра лајт не можам да пушам, ми прават многу секрет. Па ќе останам на минимум додека не ги баталам. Од тука почнуваат жртвите за децата, па додека сме живи. [sm=jezicek.gif]




niki -> RE: Пушење за време на бременоста (25.5.2013 17:45:42)

otkazuvanje od cigari ne e zrtva za decata, tuku e investicija vo decata i ne samo vo pogled na zastita na deteto od negativnite efekti od nikotinot tuku i dolgorocno ovozmozuvanje deteto da ima zdravi roditeli koi ke mu bidat poddrska namesto teret
snaa na maz mi za bratuced pocina od rak na beli drobovi minatata godina, inaku strastven pusac od mladosta pa se do pred da se razboli, vo dve bremenosti pusela i rodila dve zdravi deca, no ona sto im go uskrati na svoite deca e nejzinoto prisustvo vo najvaznite momenti od nivnite zivoti,
togas koga nejziniot postar sin se ozeni i ocekuvase prinova na nea i bese dijagnositkuvan rak vo poodminata faza, raganjeto na prvoto vnuce taa go doceka vo bolnica so hemoterapii, nemokna da se grizi za sebe a kamo li da mu se raduva na noviot zivot ili da pomogne na sopstvenite deca
nejziniot zivot zgasna na nepolni 50 godini, ostavajki zad sebe dva sina koi ne vidoa majka im da ostari i da im se raduva na nivnite radosti zatoa sto prerano go napusti ovoj svet, zatoa sto samata ne vlozuvase vo svoeto zdravje
kako seeme taka ke zneeme se veli, a greskite sto gi pravime koga togas ke dojdat na naplata, na ovoj ili onoj nacin, decata mozebi nema da patat zdravstveno, no ne e iskluceno da patat na emocionalen plan zatoa sto nie nivnite roditeli ne veruvame ili ne sakame da veruvame vo mokta na sopstvenata volja i prelesno im se prepustame na iskusenijata




Melanija RR -> RE: Пушење за време на бременоста (25.12.2014 13:24:16)

ИЗВОРНА ПОРАКА: profe

Vo sabotata pred eden butik prodavackata trudna sesti mesec nekade, sedese i pusese cigari. Si pomisliv, ee nekoi kako lesno si gi sfakjaat rabotite. Toa bese pred krvarenjeto, a sega uste povekje ne mozam da se iznacudam.
Pozdrav do site

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Тоа и јас се чудам, пушат, пијат, гајле им е... Но тоа е, некој што се намачил со стерилитет поинаку гледа на работите.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Roberta r

profe ne znaci deka ako sme pusaci ne se grizime eve i jas sum edna od niv.js znam deka toa ne e ubavo ama kaj nas doktorite ne znaat nisto osven da kazat od cigarite e.eve na mene ovde mi kazaa deka ne e vo red da pusam no ne e vo red i odendnas da se prekinat,pa mi preporacaa da pusam od najslabite cigari ne poveke od 10 na den.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Roberta r, извини, не сакам да се расправам и да ти мудрувам, но морам да си кажам.

Имам нула толеранција за пушачи општо, а посебно пак за трудници. Може е стрес за бремениот организам нагло откажување, но сигурна сум дека поголем стрес е самото пушење, колку и да се тоа цигари дневно. Нема многу или малку пушење, или пушиш, или не. Не верувам во постепено откажување, се работи за психичка подготвеност и одлучност. Еве на пример мм беше страствен пушач, но кога реши, си одреди датум и од тој ден па наваму, веќе со години, нема запалено ниедна цигара, и воопшто не беше толку страшно колку што сите пушачи мислат - а и тој самиот. Кризата не е ништо посебно, и повеќе е мит отколку нешто што не може да се издржи. Секој е одговорен за своето тело, во ред, но мислам дека е страшно себично да се пуши во бременост.

ИЗВОРНА ПОРАКА: scared

Се согласувам потполно со Hopeful. Нема постепено откажување, па стрес било ова она, тоа се само изговори. Маж ми пушеше кога започнавме врска претерано, за само неколку месеци он престана нагло со цигарите, не по 1-2 дневно туку скроз ги исфрли и тоа заради мене само. Еве веќе 4 години нема ставено цигара во уста. Го направи тоа заради мене која му бев само девојка тогаш, затоа не можам да сфатам некој да не може да престане да пуши заради најмилото. Кога он престана можат сите во тоа сум сигурна, само треба да се сака, нели [sm=smiley1.gif]





Melanija RR -> RE: Пушење за време на бременоста (25.12.2014 13:28:21)

Roberta r тој доктор не е доктор,па од кај сака нека е.Не е проблем да се повторам за тие кои сакаат да примат совет кога им треба[sm=smiley1.gif]

Пушев по 1 кутија на ден,кога го видов зрцето на ехо и реков на матичната што да намалам на цигари.Ми рече скорос поинаку само е се лажеш,не е тоа стрес.И следен ден испушив уште една и толку.Утре или задутре правам 2 години како непушач [sm=bravo.gif]

Се се може кога се сака, затоа не се залаувај ако искрено сакаш да ги оставиш[sm=smiley1.gif] се надевам дека и ти ќе споделиш успешна приказна[sm=bravo.gif]




jasmina 25 -> RE: Пушење за време на бременоста (25.12.2014 13:46:04)

nemojte da se lutite vie sto pusite vo bremenost no jas sum protiv pusenjeto i sekakvi poroci za vreme na bremenosta,jas palev po nekoja pred da zabremenam so prvoto i vednas gi ostaviv koga zabremeniv eve i sega ne pusam zosto da mu go zagrozuvam zdravjeto na bebeto stetno e nikoj neka ne ve laze deka nisto ne e ako gi namalite...pred nekoe vreme vidov edna trudnica izleguvase od butik so cigatata v usta i se zgroziv grdo izgleda...




Snow Angel -> RE: Пушење за време на бременоста (22.3.2015 10:52:04)

Јас иако сум на почеток на бременоста, никогаш, ама никогаш немам запалено цигара. Пушењето и така е штетно, а камоли за време на бременоста.




kapina -> RE: Пушење за време на бременоста (22.3.2015 11:08:46)

Mrazam cigari i sestra mi iako e pusac koga bese bremena ne pusese i vo dvete bremenosti mm e pusil i gi ostavil i mi vika sega vika i jas nemozam da gi podnesam toa e bilo pred 11 god




mamicki -> RE: Пушење за време на бременоста (22.3.2015 12:12:54)

Јас сум тежок никотиноман. И во двете бремености апстинирав, ама сонував цигара, и кога ептен ќе закризирав, палев, влечев еден дим и ја фрлав, па потоа цел ден умирав од грижа на совест. По царскиот рез, првото подолго движење ми беше до болничката тераса- да запалам цигара (не го доев второто дете). Брука, се срамам од својата зависност[sm=zz_banghead.gif][sm=zz_banghead.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  2 3 4 5 [6]