Snowhite RR -> RE: РР дневна соба (21.3.2012 15:55:37)
|
И така, се дотеравме и излеговме со Михаил, ама подобро да не излегував, зашто со него живци искинав. Прво не сакаше да ја земиме количката, пешки господинот ќе одел, а го знам јас неговото пешки, до ќоше и после в раце. Е арно одеше до салонот, мирен се, пред да влезиме кога се заинаети дете, ниту сакаше за рака да го држам, ниту да оди, ниту в раце да го кренам, почна да се лути, да плачи, да клекнува на колена, влеговме внатре, разгледавме и после се слушнав со другарка ми и тие биле излезени со ќерката и ајде в парк се чекавме и пиевме едно кафе, тие трчаа низ паркот. И сега тргнавме за дома и пак истата приказна од претходно, леле едвај си отидовме, кога ми пукна филмот, почнав да му викам, да го удирам, луѓето што ме гледаа си мислеа дека сум луда, ненормална, кој знае што си помислија, па и дома кога стасавме, не сакаше да го преслечам, абе готово, ептен се изнервирав, поубо дома да си седевме. А што се однесува до комодата, ја немаше, наводно не стигнала со пратката, а го прашав кога ќе ја добијат, рече наредната недела, а кој ден, реков, ами кон крајот на наредната недела. А акцијата инаку трае до 31.03, што е крајот на др. недела, па го прашав, Ќе ја добиете кога ќе заврши акцијата така? (Зашто на акција е 12 000 ден, а после сигурно ќе биде поскапа)
|
|
|
|