RE: РР дневна соба (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Maca25 -> RE: РР дневна соба (3.4.2012 22:59:11)

Да се надеваме дека не е украдена, туку дека само излегла да се прошета!!




AnnaMolly RR -> RE: РР дневна соба (3.4.2012 23:45:00)

Каква прошетка, нема шанси сама да излезе од двор. Едни дечишта со денови а демнеа, стоеја пред врата, мм еднаш и ги фати како сакаат да отворат врата и одма избегаа. Катанецот беше само ставен на врата, не беше заклучено. Тие сигурно се поткачиле на ѕитчето и ја кренале, ја зеле...
Пријавивме и во полиција, направија записник, па ќе видиме.





Maca25 -> RE: РР дневна соба (3.4.2012 23:57:48)

Баш ми е жал. Се надевам дека ќе ја најдете! Среќа што одма сте приметиле дека ја нема, па одма и полиција сте викнале. Мамицата на тие што ја украле. [sm=hudicek1.gif]




AnnaMolly RR -> RE: РР дневна соба (3.4.2012 23:59:12)

Богами мамицата! Најмногу се нервирам зашто гарант за борби ја зеле. Сите мислеа дека е пит-бул. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]





Natuska85 -> RE: РР дневна соба (4.4.2012 0:10:42)

Баш ми е жал Анамоли се надевам ќе ја најдете во брзо време




arh_diz -> RE: РР дневна соба (4.4.2012 8:07:52)

Dobro utro , kaj nas konecno sonce [sm=bravo.gif].AnnaMolly se nadevam deka ke ja najdete Verona [sm=smiley19.gif]




AnnaMolly RR -> RE: РР дневна соба (4.4.2012 8:12:29)

Добро утро и од мене! И јас се надевам дека ќе ја најдеме, најмногу ми е жал и ми е криво што ГАРАНТ за борби ја зеле.

Нејсе... Тоа е тоа. Презедовме се што можеме за да ја најдеме, па ќе видиме што ќе биде.




AnnaMolly RR -> RE: РР дневна соба (4.4.2012 8:14:44)

Еј, женски, сестра ми од работа ја испратија во Шведска да известува за ракометот [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
И една другарка отиде со неа, еве пред десетина минути им тргнале автобусите. Пресреќни се, еуфорични. Ќе патуваат со навивачите вчера што ги извлекле за влезници. Сигурно ептен убаво ќе си поминат, им љубоморам...





Luci -> RE: РР дневна соба (4.4.2012 8:18:52)

Женски добро утро, јас ќе пијам сега кафе и сок од цитрон па еве и за вас да ставам [img]http://www4.slikomat.com/11/0404/sb8-turkis.jpg[/img][img]http://www4.slikomat.com/11/0404/b4k-koktel.jpg[/img]
АнаМоли дај Боже побрзо да ја најдат Верона и да Ви ја вратат домче [sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




AnnaMolly RR -> RE: РР дневна соба (4.4.2012 8:20:49)

Леле, луци, да знаеш како ги чекам колешкиве! Сама ич не ми се пие кафе. Се надевам дека побрзо ќе дојдат зашто ќе заспијам, цела ноќ не сум спиена.




libra.n -> RE: РР дневна соба (4.4.2012 8:22:01)

E jas si zemam od kafeto, i ako dade nekoj i dorucek i od toa ke si zemam, bravo za sestra ti Anna Molly, sigurno super ke pominat[sm=smiley1.gif]




AnnaMolly RR -> RE: РР дневна соба (4.4.2012 8:23:13)

Блазе неа. Дури и пари за трошоци и дадоа од работа. Како и мене не можеше да ме земе [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]





arh_diz -> RE: РР дневна соба (4.4.2012 8:25:13)

Jas sok ke si zemam , kafeto go ispiv .Ke se proseta sestra ti AnnaMolly [sm=bravo.gif]




temjana -> RE: РР дневна соба (4.4.2012 8:49:28)

добро утро девојчиња како сте денеска? Јас си пијам капучино и домашно цедено сокче и да ве читнам пред да се фатам за работа[sm=smiley1.gif] АнаМоли стави слики од Верона на фб и ќе ја рашириме веста, на тој начин имаме најдено неколку изгубени или украдени кутриња. Милата таа којзнае колку е уплашена[sm=smiley19.gif] и ние вчера имавме мала несреќа со Април па ја носевме на ветеринар. Сонцето убаво цела амбуланта ја дигнало во воздух ама среќа на време ја примети мм, цела дупка загноена под газето и се појавила односно пред некој ден се набола на нешто од надвор, ваљда трн и тој си започнал процес[sm=smiley13.gif] дупка голема имаше кога ја видовме. И сега ќе ја разлигавиме уште повеќе[sm=jezicek.gif]




Maca25 -> RE: РР дневна соба (4.4.2012 9:18:40)

Добро утро и од мене. Ич не сум наспана, си легнав во 1 а станав во 7,30. Да допијам кафето и одам да се спремам за интервју.




mila mama -> RE: РР дневна соба (4.4.2012 9:21:49)

Dobro utro decki! I ja go pijam utrinskoto kafe. Ama nema nekoi ubavi novosti osven sluzbeniot pat na sestrata na Anna Molly[sm=smiley1.gif] sega vidov za kuceto Anna Molly, mnogu mi e zal, racete da im se skapat na decistata! A sto rasa e sto ja pomesale so pitbul?




penelopa -> RE: РР дневна соба (4.4.2012 10:29:02)

Добро утро и од мене, бррр кај нас дожд цела недела ќе си седиме дома и онака сме настинати- а баш си помислив дека помина сезоната на вируси. Ана моли читам и не не ми се верува- вас буквално од двор ви ја грабнале[sm=zmeden.gif] Боже што се нема, се надевам ќе си ја најдете- сирото кутренце. Мацо среќно на интервјуто, Луци среќна годнишнина само да ви се множат со многу [sm=smiley27.gif]




Natuska85 -> RE: РР дневна соба (4.4.2012 10:49:26)

Добро утро и од мене!Тажна сум денес, [sm=duda.gif] го однесовме во градинка и сигурно многу плачело пошто ми го вратија за саат време потечено во очињата,а воспитачката ми вика па така-така не плачеше многу[sm=smiley13.gif]. Срце ме боли како ќе биде,едвај чекам 3 да дојде, денес порано ќе си отидам да го гушкам,гушкам најсилноооо[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]




AnnaMolly RR -> RE: РР дневна соба (4.4.2012 10:54:14)

ИЗВОРНА ПОРАКА: temjana

АнаМоли стави слики од Верона на фб и ќе ја рашириме веста, на тој начин имаме најдено неколку изгубени или украдени кутриња. Милата таа којзнае колку е уплашена


Ставив уште вчера, еве пред малку пак поставив. Пријавено е и во полиција, ангажирани се и познаници да ја бараат во маало, кажаа и на Сити радио... Не знам што да кажам, направивме се што можевме.

ИЗВОРНА ПОРАКА: mila mama RR

sega vidov za kuceto Anna Molly, mnogu mi e zal, racete da im se skapat na decistata! A sto rasa e sto ja pomesale so pitbul?



Расата е американски стафордски териер и за тие што не се разбираат многу-многу во раси личи на пит-бул... Фала што сподели, мила мама!

ИЗВОРНА ПОРАКА: penelopa

Ана моли читам и не не ми се верува- вас буквално од двор ви ја грабнале Боже што се нема, се надевам ќе си ја најдете- сирото кутренце.


Да, и тоа преку ѕитчето изгледа ја зеле, ја намамиле некако. А таа колку што е мирна и не лае на непознати, гарант мислела дека ја земаат за да си поиграат [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




AnnaMolly RR -> RE: РР дневна соба (4.4.2012 10:58:23)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85 RR

Добро утро и од мене!Тажна сум денес, [sm=duda.gif] го однесовме во градинка и сигурно многу плачело пошто ми го вратија за саат време потечено во очињата,а воспитачката ми вика па така-така не плачеше многу[sm=smiley13.gif] . Срце ме боли како ќе биде,едвај чекам 3 да дојде, денес порано ќе си отидам да го гушкам,гушкам најсилноооо[sm=smiley19.gif] [sm=smiley19.gif] [sm=smiley19.gif]


Многу е тешко додека се навикне, Натушка. Нема да ти кажам дека не плачел многу зашто сигурно плачел. Тоа е факт. Ама дај му една недела и ќе видиш дека се помалку ќе плаче. А учителките и мене ми викаа дека е добар, дека не плачел многу... А јас го гледав колку е отечен во очите од плачење.
Само не се откажувај, ќе си се навикне и после едвај ќе чека да оди. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




penelopa -> RE: РР дневна соба (4.4.2012 10:59:51)

Ох душа мала така е со адаприрањето во градинка, да го изгушкаш и од нас Кико[sm=smiley31.gif]




Beatris -> RE: РР дневна соба (4.4.2012 11:05:01)

Леле душичка Кико, срце да ти се скине, веројатно кај сите е така, ќе се навикне постепено, трчај денес одма на гушкање па од утре ваљда постепено ќе се прилагоди...




kikicka -> RE: РР дневна соба (4.4.2012 11:10:29)

Добро утро! Леле бе мнг ми е жал за кучето сирото недај боже да е грабната за борби жално се надевам дека ке го најдете,ке споделам и јас не фб,штом имаш поставено.Сестричката нека си помине убаво на службениот пат. Натушка лепотанот ке се навикне ,стресно е да го гледаш така расплачено ...кој беше другна ред ЛУЦИИ а? АЈде нека ви се множат годините заедно со мажле.Мачкоо ајде и тебе ти пуштаме среќичка денес.

Што има бе друго денес ,кај нас сончево ама ветар дува треба да одам да вежбам сега ама некако повеќе на кафе ми се оди ама ништо од кафето.




Ikana -> RE: РР дневна соба (4.4.2012 11:24:43)

Анамоли и јас ти ја објавив фотографијата, бидејќи имам слично да речам искуство, но ние го дадовме кучето кај човек што ни вети ќе го чува, за лабрадор бел-женка се работи, и неколку пати се јавивме да прашаме како е, ние не бевме во можност да ја чуваме, и ни кажуваа дека е супер, тој има 2 деца па со нив бика стално, и еве сега пред 2 дена вртам и никој не ми крена на тој број. Ако ја продал, ајде добро сигурно е кај некој што ја сакал и сакал да ја чува....не сакам ни да помислам на друго.
Туку мене ме вратија од вакцина т.е мм бил да праша и когаи го виделе картонот на М не сакала докторката да ја вакцинира од БСГ,...и сеа што??? [sm=smiley19.gif]




Andriance -> RE: РР дневна соба (4.4.2012 11:38:24)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85 RR

Добро утро и од мене!Тажна сум денес, [sm=duda.gif] го однесовме во градинка и сигурно многу плачело пошто ми го вратија за саат време потечено во очињата,а воспитачката ми вика па така-така не плачеше многу[sm=smiley13.gif]. Срце ме боли како ќе биде,едвај чекам 3 да дојде, денес порано ќе си отидам да го гушкам,гушкам најсилноооо[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]


Natush be...lelele solzi i mene mi potekoa ne pa tebe...inace vikaat deka nas ni e potesko odkolku na niv..ama ajde idi svati...kako i site deca, kje se navikne..samo da pomine vreme..

AnnaMolly..aman vekje od takvi lugje..da ti e strav deka u dvor kje ti vlezat be..c c codma ja objavuvam i jas slikata..

inace ja se spremam denes so mm ideme na masaza aaaaaaaaaaa edvaj cekam..i i konecno da sirnam uste nekoe v''stance [sm=jezicek.gif] za krshtevka...nejkam ni da pomislam da sijam...backi gushki...idam da izedam edno banance




Страница: <<   < Претходна страница  77 78 [79] 80 81   Следна страница >   >>