|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  9 10 11 [12] 13   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Мултивитамини за трудници
23.5.2014 9:57:25   
VAGA2
So ovaa bremenost od pocetok sum so Pregnazon so folna 400mg, a vo prvata piev Mamavit i baska folna! Ova barem gi ima dvete zaednouser posted image !

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 276
   RE: Мултивитамини за трудници
7.7.2014 12:58:57   
pink princess
Zdravo mamicki, jas sum nova vo forumov iako mnogu odamna ve citam. Sakav da ve prasam dali znaete kade mozam da najdam Vitrum Prenatal Forte. krvnata slika ne mi bese dobra i samo Forte ima poveke folna kiselina vo kombinacija so poveke vitamin B12 koi mi se namaleni. No vo site apteki go ima samo Vitrum prenatal obicniot a forte nikade. Pomos:(

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 277
   RE: Мултивитамини за трудници
10.7.2014 22:52:05   
Melanija RR
pink princess добре дојде на Рингераја user posted image

Веројатно никоја рингерајка нема искуство, да прашував телефонски по аптеки е најпрактично или на кутијата на тие обичните види кој е узвозник и контактирај ги дали воопшто ги увезуват токму тие што ти требаат.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот pink princess)
Непосредна врска до пораките: 278
   RE: Мултивитамини за трудници
13.7.2014 20:37:49   
AnnaMolly RR
Од кога почнавте со мултивитамините? Мене ми рекоа од 2 тромесечје, а јас следната недела ќе влезам во второ.
Со првата бременост не памтам кога почнав, ама пиев Мамавит и крвната слика ми беше неверојатно јака до само породување, докторите се чудеа како може толку висок хемоглобин да имам. Планирам пак да ги пијам нив, ако воопшто се уште ги има.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 279
   RE: Мултивитамини за трудници
25.7.2014 11:48:50   
pink princess
Melanija RR, fala za dobredojdeto:)
Vitrumot nikade ne uspeav da go najdam, pa zedov Pregnazon no onoj so Omega3, ne znam dali slucajno se sovpadna no od togas mnogu mi se losi (mozebi ne podnesuvam Omega3 user posted image ) Se mislam dali da se vratam na obicniot pregnazon, Imate li nekoja preporaka za mene.

Pisete kako vi odi? Jas sum 28+3 g.n. i strav mi e voopsot i da pomislam kade bi se poragjala.

Ve snema zenski pisuvajte.

Pozdrav milicki

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 280
   RE: Мултивитамини за трудници
25.7.2014 11:54:39   
AnnaMolly RR
Пинк принцес дојди во темата Трудници во второ тромесечје да си муабетиме :)
Јас се уште немам почнато со мултивитамини, 14 недела сум.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот pink princess)
Непосредна врска до пораките: 281
   RE: Мултивитамини за трудници
25.7.2014 12:12:36   
Ki4iko
Ја сум 14 недела , од старт го пијам огестанот,го земав и 3 месеци пред да забременам, на наредниот преглед ке ми препишат мултивитамини,ке видеме какви user posted image , во мојата прва бременост земав прегнакер и многу ми го зголемуваа апетитот, сега се надевам ќе ми предложи матичната други што нема да ме тераат многу на јадење user posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 282
   RE: Мултивитамини за трудници
25.7.2014 15:26:50   
Neurotoxin RR
Pink Princes, јас сум фармацевт, лично не би ти ги препорачала витрумот, ако матичната ти спомнала да пиеш повеќе фолна и б12 тогаш најверојатно хемоглобинот ти е намален, за таа цел врати се пак на обичниот прегназон, очигледно дека омега 3 киселините ти прават да ти биде тешко, се надевам дека ги земаш заедно со оброк или веднаш по оброк, а воедно доземи си препарат со повеќе Б9 (фолна киселина) и Б12, земи некоја поубава комбинација на Б витамини

(Одговор на членот pink princess)
Непосредна врска до пораките: 283
   RE: Мултивитамини за трудници
13.8.2014 10:09:52   
lolla RR
Девојки, денес зедов Прегназон комплет со омега 3 и кога дојдов дома гледам две од капсулите протекле во својот дел. претпоставувам дека се притиснати при транспорт па се мислам дали ке е штетно да ги испијам или тие да ги баталам. Останатите се сите ок, и рокот е до 2017.

Зедов и магнезиум од морско потекло со Б6, па ке видиме дали е подобар од обичниот што го пиев досега.

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 284
   RE: Мултивитамини за трудници
13.8.2014 11:29:31   
linak
Досега пиев МамаВит,веќе ја почнувам 23та недела. Денес во Зегин влегов да си купам мултивитамини и аптекарката ми предложи наместо МамаВит да земам Пренатал од НатуралВелт - 100 таблети околу 600 ден беа. Ајде ги зедов и гледам на проспектот дека во составот нема магнезиум а во МамаВит го имаше,и се мислам да не треба дополнително да си го купам нели тој помага за релаксирање на мускулите и грчеви. Можеби требаше да си ги земам првите што си ги користев штознам,инаку досега крвта ми е одлична немам проблем.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 285
   RE: Мултивитамини за трудници
18.9.2014 9:51:51   
Mihaela 2010
Jas sum 9 nedela vlezena i ginekologot mi rece da prekinam so folnata a da si prodolzam so magnezium 250 mg i da si zemam nekoi vitamisnki...konkretno ne mi kaza koi,so prvata bremenost gi piev materna na centrum ama mi rekoa deka vekje gi nemalo,i mi napomena da zemam nekoi so zelezo,pa po prepiraka na aptekarkata vo Zegin gi zemav Pregnancy care, gledam pokraj vitaminite ima i zelezo 14 mg..
Ste gi koristele ovie tableti?? dobri li se??

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот linak)
Непосредна врска до пораките: 286
   RE: Мултивитамини за трудници
18.9.2014 9:57:32   
LoveableMe RR
Mihaela, во Систина ги препорачуваат германските Фемибион 1, за забременување и за првото тромесечје, а потоа Фемибион 2, германски се, демек биле најдобри. Фемибионот 1 се Б-комплекс (Б12, Б6, Б2) фолна, витамин Ц,, витамин Е, јод.

Гледам Алкалоид промовираа некои ПреМама, ама не знам какви се и што содржат.




_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 287
   RE: Мултивитамини за трудници
18.9.2014 10:00:50   
Mihaela 2010
vekje gi kupiv taka da ne bi trebalo da ima zijan od niv...samo malku se zacudiv sto mi prekina folna,ja kolku znam do treti mesec se pijat,ama aj si vikam so iskustvo si e zenata

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 288
   RE: Мултивитамини за трудници
14.10.2014 19:24:32   
Bethany
Mihaela, тие би требало да содржат фолна, сите тие препарати за трудници содржат фолна.
Јас ги гледав сега онлајн PregnaCare, тие ли се што ги зема ти? Кажи ми цена да споредам user posted image



_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 289
   RE: Мултивитамини за трудници
14.10.2014 19:30:42   
Mihaela 2010
Pregnancy care gi koristam..30 apcinja okolu 470 den se..ima dosta vitamini, omega 3, jod, zelezo , i folna

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 290
   RE: Мултивитамини за трудници
14.10.2014 20:30:07   
Bethany
Hm, pa toa ne e skapo, ako ima omega 3. Obicno se tie poskapi.
Jas vo prvata koristev Vitrum bez omega, bea 600 denari.
Super ti se tie togas, kje im gi zapamtim imeto user posted image
Ne se ovie? Ne mozam da najdam takvite na net user posted image
user posted image

< Поракaта ја уредил Bethany -- 14.10.2014 20:35:20 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 291
   RE: Мултивитамини за трудници
18.11.2014 8:35:43   
Anuska14
Јас тие ги пиев за првата бременост и топ се , цела бременост имав одлична крвна слика, сега пијам слични на алкалоид-пре мама дуо

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 292
   RE: Мултивитамини за трудници
18.11.2014 8:44:37   
AneLav RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR

Здраво на сите! Додатокот на витамини што ви го препишуваат гинеколозите е многу битен и се пие од почеток до крај на бременоста дури  и за време на доење. Фолната киселина ја има во сите тие мултивитамини и особено е важна да се зема на почетокот од бременоста во првите три месеци заради правилен развој на мозокот и комлетниот нервен систем на бебето.Од сите тие мултивитамини мислам дека најмногу ја имаше во МАМАВИТ-от и јас пиев и се уште ги пијам тие за да не пијам додатно фолна киселина. Сега сум 22-ра недела и освен МАМАВИТ пијам и МАГНЕСОЛ  од 150 мг (за грчеви во екстремитетите) и лижам флуор од 1мг секоја вечер за здрави заби на бебето. Флуорот се пие од почеток на 5-ти месец.


Ова ми е посстар пост ама мислам дека ќе ви помогне на сите што сте во дилема кои витамини да ги земате.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 293
   RE: Мултивитамини за трудници
18.11.2014 9:44:10   
Aleksx2Leon
PREGNACARE se odlicni,ja gi pijam i krvnata slika mi e znacitelno podobrena,isto taka i Biolectra Direct 300 mg magnezium,sekoja vecer po edna kesicka i zasega se e ok user posted image

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 294
   RE: Мултивитамини за трудници
18.11.2014 19:53:39   
Ki4iko
Прегнакер се одлични витамини ,ги пиев цела прва бременост и сега во втората до 6 месец.Потоа зедов Пренатал ,ги порачав од Бугарија,имаат одлична цена и ист состав како Прегнакер.И задоволна сум,освен тоа пијам Магнезиум од Биолектра 300 мг, Калцивит шумливи и хеферол за крвта user posted image

(Одговор на членот Aleksx2Leon)
Непосредна врска до пораките: 295
   RE:Мултивитамини за трудници
22.11.2014 13:57:22   
Melanija RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila mamicka

Јас првите два месеци, како и пред да останам бремена пиев фолна, потоа кога бев за срцева акција, матичната ми ја прекина фолната, продолжив еден месец со ПреМама, мултивитамините на Алкалоид. Тие ги испив едно пакување, и матичната ми рече да направам еден месец пауза, па после пак од нив, и после така наизменично, еден месец да пијам, другиот пауза. Сакав да прашам, и кога почнавте со пиење магнезиум. Јас во првата бременост не го пиев, затоа што не знаев дека треба, а и сега матичната не ми рече, а читам дека многу од вас го пијат. Чекам совет.

ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

Мила мамичка, јас пијам прегназон комплет, и тоа без престан, не е сега мислам моментот за паузи од витамини, телото и онака исфрла што нема да искористи. Магнезиум исто е особено важен за мускулатура на матката и мускулите итн итн... и за трудници треба околу 500мг исто без престан. Јас сум голем поборник да витамините се внесуваат преку храната но сега баш мислам и дека не е моментот да се потпрам само на тоа.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila mamicka

lolla, тие мултивитамините Прегназон комплит на Health Aid ли се? Затоа што една пријателка фармацевтка ми ги препорача баш тие и планирам тие да ги земам. А исто, попладне, планирам да си купам и магнезиум на Health Aid, ми го пофалија дека е добар. Фала ти на советите. И јас сум секогаш за тоа сите витамини да се внесуваат преку исхраната, па затоа и на син му не му давам мултивитамински сирупи, ама сепак нашето тело сега работи како за двајца, и треба да ги задоволи потребите за двајца.


ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

Да, на Health aid се. Имаат и омега што е особено важно нели 2 и 3 триместер. А за магнезиум, ти препорачувам да земеш од морско/ природно потекло заради тоа што е поблизок до природниот, има неколку такви по аптеките. Малку се поскапи ама ништо значно. Тој на хеалтх аид мислам е синтетички. Јас имам на биос лајн, ама па тој мислам само во Виола го има, а од Зегин имам земано друг не ми текнува како се вика.

Јас бидејки сум цело време во контакти со луѓе, почнав да земам и Ц витамин од ацерола екстрахиран, по 100 мг дневно иако јадам цитрусно овошје секој ден.

Абе човек не може веќе да е паметен, бомбардирани сме со секакви информации, а не сме лекари да знаеме, па си расудуваме според логика. Тоа е, нека не чува господ нас и бебките тоа е сега најважно овој зимски период.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ki4iko

Јас првите 3 месеци пред да забременам и цело прво тромесечие пиев Огестан витамини,потоа почнав со прегнакер ,некако ептен скапо ми идеа,а и голем апетит ми појавија,па си порачав пренатал витамини од Бугарија.многу се добри,ќе ги пијам до крај и многу се поефтини за разлика од сите други.магнезиум пијам на биолектра,прасак е сто се раствара во уста, навистина помогна.Тоа е за второ тромесечие,во трето почнав и калциум и Д3 и хеферол за крвта user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: Malecka23

Јас до сега освен вит.Ц 1000мг по потреба Б6 и Мг и омега3 и секако фолна друго ништо не земам.Со првата бременост бившиот гинеколог уште од старт ме бомбардираше со се и сешто и дури премногу ми се лошеше од витамините па кога отидов кај матичнава одма ми ги прекина.Сега последниот пат кога бев пљк ми препорача да терам со ова пошто и крвната слика ми е супер,генерално внесувам тоа што треба па здравје за две недели ќе видиме што ќе каже.Во секој случај муабетот ми е според нејзе дека апсолутно е против фрлање на пари за синтетски витамини што е огромен бизнис на фар.компании и дека напредокот на бебето општата состојба на мајката како и крвната слика е солиден показател за тоа дали нешто треба дополнително да се воведе и потполно се слагам со неа само ради фактот што ете со првата бременост не можев од шоља да станам кога ги прекинав вит. се се среди

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ivanushkaa

Inaku odejki kaj poveke doktori razlicno si kazuvaat, edni vikaat da se pie vitamini, pa gi kupiv Pregnazon complite, kaj maticnata koga bev mi veli nekako toa vitami toa e se hemija i minerali koi ne mu se bas site potrebni na bebceto, demek se prirodno, za kalcium do 1l mleko ili drugi mlecni proizvodi toa mu bilo najpotrebno i folnata od 0.4 do kraj. Osven toa si pijam i manezium od 250 mg 2x1 od natural wealth, zaradi bolkite koi cesti gi imam, a vo slucaj da se zgolemat, zemam i tri tableti no toa poretko.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Факт е дека фармацевтската индустрија е бизнис, ама факт е дека требаат и суплементи, храната за нас е неопходна, но не е доволна. Јас пијам Фемибион 2, Mг од Natural Wealth по едно на ден, ако имам болки и две, витЦ за имунитет, витЕ за хематомот, и Хемовит за крвта. Не знам дали да земам и обична фолна киселина плус... Не сакам да се трупам со многу додатоци и здрави работи, зашто знам за еден случај - татко на другар, од што пазел на се природно, завршил на детоксикација user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: Malecka23

Ne pravime muabet da ne zema nisto.Nego rab e da ne se preteruva i koga treba i koga ne treba.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Да де, за истото зборуваме. Тенка е линијата помеѓу неопходното и претерувањето.

ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

Јас ке си кажам искрено за мене. Многу сум против хемии и лекарства ама до 12 недела од бременоста што све не пиев заради ИВФ-то и тој протоколот нивни. Знаете колку ми беше мака секој ден што пиев аспирин, па не знам метформин па ова она, ама што да правев??? И онака си бев исплашена, чекав пола деценија за ова и свесна бев дека најверојатно пола од тоа што го пиев беше чисто заради претпазливост но не можев да ризикувам да не пијам нешто ѓто ми е дадено од лекар.

За витамините, и за внесот на храна, кој смета дека не треба нека си го пресмета днвниот потребен внес и реалниот дневен внес па ке е јасно дека ако сакаш можеш цел ден да џвакаш и пак да не внесеш колку треба. И пак ке кажам иако се синтетички, и знам дека се беспотребно многу скапи, ама некако не сакам да ризикувам да не земам пренатални витамини. А верувајте од петни жили се трудам да јадам се што треба една трудница да јаде и огромен дел од денот ми мине во планирање на оброците и нивна подготовка ама не се постигнува.

Некој спомна до 1 л млеко дневно. Искрено радо би примала вештачки калциум отколку да пијам кравјо купечко млеко, бидејки и во него нема природен калциум. За млекото да има калциум треба животното/ кравата да е пасена надвор со разновидни зелени растенија, додека фармите ги хранат со вештачки концентрати кои имаа исклучиво калориска вредност а далеку е од хранлива. Значи може само да се залажуваме дека внесуваме природен калциум од кпечко пресно млеко. За јогуртите и остали млечни е малку поразлична филозофијата, таму од самото културирање на јогуртот се створаат хранливите состојки и тој е ок донекаде....


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila mamicka

И јас внимавам многу на исхраната, секој ден јадам овошје и зеленчук, и избегнувам нездрава храна, ама баш поради тоа што денес не сме сигурни дали овошјето ги содржи сите витамини што би требало да ги содржи, и сл, сметам дека, барем за време на бременоста треба да се пијат дополнителни суплементи.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Апсолутно треба, се слагам. За да внесам 1гр витЦ треба да се потепам од јадење пиперки, лимони, спанаќи и што се не, а кај се другие витамини и минерали. И јас сум за здрава храна, и страшно многу внимавам на тоа, но секогаш е добро да се земат пренатални додатоци. Јас редовно пијам витЦ, а тек па сега во бременост не ми паѓа на памет да ризикувам само со храна, каква сака нека е. 1кг млеко дневно нема шанси да испијам - освен што ми прави проблеми затоа што сум нетолерантна на лактоза, и не го ни поднесувам, а млекото и не е најдобар извор на калциум. Секако дека и јас пре би зела додаток отколку да си го мачам желудникот... Инаку и јас полудев од ивф терапиите, но апсолутно слушав и слушам се што ќе ми кажат и пијам/ставам се што треба, едноставно не ми се играат играчки. А со хемија немам проблем - се околу нас е хемија, цел универзум user posted image


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 296
   RE: RE:Мултивитамини за трудници
2.12.2014 16:04:49   
caciana
Snaa mi piese Mamavit,sestra mi Vitrum.Spored mene multivitaminite treba da bidat dodatok vo ishranata,sto znaci trudnicata treba da se hrani zdravo pred se,a potoa da gi nadopolnuva dnevnite potrebi za vitamini.Do 3 mesec ne se pijaat multivitamini,bidejki vo organizmot seuste ne moze da nastani deficit na nekoj vitamin.user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 297
   RE: RE:Мултивитамини за трудници
2.12.2014 16:12:59   
Hopeful RR
Девојки, ве молам не ширете дезинформации, бидејќи може да бидат и на нечија штета, скраја било. Како тоа до 3 месец не се пијат мултивитамини, кога токму тогаш е органогенезата?!

Апсолутно се пијат пренатални мултивитамини во бременост, и тоа од некои дури има посебни препарати за првиот триместар, посебни за вториот, и слично. Поентата на форумот и постирањето е да си помогнеме со лични искуства и проверени информации, а не шпекулации на памет.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 298
   RE: RE:Мултивитамини за трудници
2.12.2014 16:17:42   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

....Апсолутно се пијат пренатални мултивитамини во бременост, и тоа од некои дури има посебни препарати за првиот триместар, посебни за вториот, и слично. Поентата на форумот и постирањето е да си помогнеме со лични искуства и проверени информации, а не шпекулации на памет.


Потпис! Потполно се согласувам, кажано и прекажано од еден куп доктори гинеколози, а сум била кај многуuser posted image


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 299
   RE: RE:Мултивитамини за трудници
2.12.2014 19:15:51   
Ki4iko
Секако дека се пијат витамини,па јас почнав и дури и 3 месеци пред забременување со пиење витамини user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 300
Страница:   <<   < Претходна страница  9 10 11 [12] 13   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  9 10 11 [12] 13   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?