Мултивитамини за трудници (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Исхрана за трудници



Порака


mis. -> Мултивитамини за трудници (29.4.2009 11:53:41)

Дали за време на бременоста пиете или користевте некои дополнителни мултивитамински препарати?Јас пиев мамавит по препорака на гинеколог и сум задоволна.Продолжив да ги пијам 2 месеци и по породувањето и можам да кажам дека овозможуваат успешна лактација.




mami -> RE: Мултивитамини за трудници (29.4.2009 11:55:26)

пиев мамавит за време и 6 месеци по бременоста, докторот ми рече да ги пијам се додека дојам...супер се, и најпрепорачливи, плус сите што ги знам, идни и веќе мами ги пијат само нив




Еца -> RE: Мултивитамини за трудници (5.5.2009 11:18:32)

Јас ги пијам мамавит, + витамин Ц наутро и навечер,и магнезиум на натурал велт,+ еднаш неделно железо.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




mis. -> RE: Мултивитамини за трудници (5.5.2009 16:12:30)

Елена јас мислам дека железото се пие континуирано мин 2 месеци за да има ефект а не еднаш неделно.И јас пиев магнезиум за грчеви во стомакот што ги чуствував кога гинекорогот ми кажа дека имам внатрешно крварење и го пиев до 8 ми месец.Истите и јас ги пиев на Natural Wealth од 250 mg по препорака на гинекологот.




mis. -> RE: Мултивитамини за трудници (5.5.2009 16:14:04)

Заборавев да напоменам дека уште кога се трудевме да забременам па и откако останав бремена првите 3 месеци пиев фолна киселина(Тифол).




Еца -> RE: Мултивитамини за трудници (5.5.2009 17:00:29)

Да Тифол пиев и јас,а за железото докторот ми рече да го пијам еднаш неделно,зошто го има во мамавитот,па и премногу витамини може да наштети на плодот.




Палешка РР -> RE: Мултивитамини за трудници (16.6.2009 18:18:16)

Пијам Тифол и Ц-витамин, а кога ме боли главата и Б6 [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Adrijana -> RE: Мултивитамини за трудници (17.6.2009 10:00:59)

do vcera piev Pentovit (B vitaminite i folna), od vcera pocnav so Mamavit, i pola saat od kako zemav apce povrativ, a veke dva meseca ne povrakam voopsto, pa si pomisliv da ne e slucajno od mamavitor kako nekoja reakcija, zasto imam slusnato deka nekoi vitamini doaga do macnini i povrakanje.
Gledam deka poveketo go koristite ili ste go koristele mamavitot, pa pisete ako ste imale nesto vakvo.




Еца -> RE: Мултивитамини за трудници (17.6.2009 10:07:45)

Јас повраќав да, ама од се,а приметив на почетокот кога почнав да ги пијам дека имав маки и нагони за повраќање,но од ден на ден тие се губеа, така да Адријана,види уште неколку денови па консултирај се со гинекологот.




Adrijana -> RE: Мултивитамини за трудници (17.6.2009 10:12:53)

taka i mislev, ke probam uste nekolku pati pa ako ne biva ke i se javam na doktorkata da mi kaze sto da pravam.




Еца -> RE: Мултивитамини за трудници (30.6.2009 18:06:44)

Адријана како ти е сега од витамините?Јас секогаш ги пијам навечер, и пред некој ден заборавив да се напијам и ајде сабајлето кога станав се напив, па мислев цревата ќе ги истурам, толку ми беше лошо не можев да се средам. Ти како ги пиеш?




Adrijana -> RE: Мултивитамини за трудници (30.6.2009 18:24:01)

Ej Elence gi pijam nasabajle posle dorucek, zabelezav deka mi se gadi koga sum pogladna, i sega praktikuvam da se najadam ubavo pa posle da gi pijam, taka mi e ok.




biljanaM -> RE: Мултивитамини за трудници (5.7.2009 14:13:40)

Еве уште една моја статиа објавена на википедија во врска со исхраната за време на бременоста.....  http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D1%81%D1%85%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B8_%D0%B1%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0




Еца -> RE: Мултивитамини за трудници (5.7.2009 14:20:38)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] Браво Биле, нависитна сум многу пријатно изненадена и воедно ми е драго што си дел од нашата Рингераја[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




Snowhite RR -> RE: Мултивитамини за трудници (23.10.2009 20:53:39)

Мултивитамините се пијат после главно јадење, можеби затоа вие што сте ги пиеле на утро ви се повраќало. 




garfild -> RE: Мултивитамини за трудници (23.10.2009 22:53:48)

Пиев магнезол,тифол,витамин Ц,фоловит феро (за железото) и витамини комбинација од сите од А до Z




nadica -> RE: Мултивитамини за трудници (24.10.2009 0:11:48)

на почетокот пиев мамавит а подоцна pregnacare истиот состав само друга фирма [sm=smiley36.gif] + фолан, и последните 3 месеци сируп реферум(железо) и витамин C pregnacare пиев до 9 месеци по породувањето




profesorica -> RE: Мултивитамини за трудници (24.10.2009 8:12:40)

јас пиев New Life витамини.
железо + ми дадоа во 7-8 месец бидејќи тогаш ми ослабе крвта.




mother 29 -> RE: Мултивитамини за трудници (23.11.2009 15:38:11)

јас пиев МАМАВИТ




Палешка РР -> RE: Мултивитамини за трудници (25.11.2009 12:57:33)

Уште два дена пијам Магнесол, ми рекоа да го прекинаm на влезот во деветти месец[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




ananikol -> RE: Мултивитамини за трудници (25.11.2009 23:06:13)

Jas sum vo 15 nedela i mi gi prodolzija multivitaminite da gi pijam  i ponatamu.Inace pijam Gravitamon.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




sunchips -> RE: Мултивитамини за трудници (26.11.2009 7:56:00)

Piev Materna na Centrum od prvata poseta na lekar i seuste pijam, ovde preporacuvaat se dodeka majkata doi




mami -> RE: Мултивитамини за трудници (26.11.2009 8:02:10)

од третиот месец, па се додека доев пиев Мамавит, а до пред породување пиев шумечи таблети од магнезиум и железо и плус си пиуцкав Легофер за желефцето дека ми беше слабо[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




tea -> RE: Мултивитамини за трудници (26.11.2009 8:18:50)

Do 4-ti mesec piev folna, vit C i B6. Posle toa prodoloziv da pijam Prenatal ama mnogu tesko gi podnesuvav-macnini, povrakanje i sl. Pa gi prekinav posle nekolku dena. 2 meseca piev zelezo deka mi bese slabo, a koga se podobri za zelezoto jadam sekoe sabajle med i kopriva, a od 4-t meec navaka od vitaminite samo C i magnezium. Se trudam da jadam sto poveke ovosje.




profesorica -> RE: Мултивитамини за трудници (26.11.2009 8:20:51)

пиев  New Life цела бременост и плус некаде до 4ти месец по породувањето.




Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>