RE: Мултивитамини за трудници (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Исхрана за трудници



Порака


alex_mo -> RE: Мултивитамини за трудници (4.12.2009 1:46:51)

  ДО 3 месец пиев само фолна киселина,па правев пауза и од 5 пијам Прегнакер....ме интересира дали некој знае да ми каже дали смеам да пијам калциум и магнезиум,шумливи таблети......ги имам дома а имам и слушнато дека се препорачливи при грчеви во мускулите на нозете,а кај мене сега почнаа во спиењето.Инаку сум 30 недела ..Позз




Палешка РР -> RE: Мултивитамини за трудници (4.12.2009 9:02:52)

alex_mo, јас цела бременост пиев Магнесол шумливи таблети, не она класичен Магнезиум туку побарај баш Магнесол. Знам дека и други трудници на форумот ги пиеја, а мојата докторка на сите ги препорачува. За калциум прашав ми рече НЕ.




Snowhite RR -> RE: Мултивитамини за трудници (7.12.2009 20:02:02)

Јас пијам магнезиум шумливи, а кога еднаш бев на преглед притисокот ми беше висок и ми ги препиша Магнесол за регулирање на притисокот, не знам дали се исти со магнезиум тие.




Весна -> RE: Мултивитамини за трудници (8.12.2009 0:03:10)

Јас откако влегов во 4 месец речиси постојано пиев мамавит и магнезол, и секако се’ уште ги пијам.
Магнезолот баш ми ги смирува грчевите на стомачните мускули.




Еца -> RE: Мултивитамини за трудници (8.12.2009 0:11:51)

Весна зарем не ти кажа гинекологот да ги прекинеш магнезолот кога ке влезеш во девети месец? Ако не се лажам и Палешка пиша дека штом влезе во девети и рекол гин. да ги прекине. 




Весна -> RE: Мултивитамини за трудници (8.12.2009 0:35:46)

Уф, не, ништо не ми рече околу ова. Инаку, пијам само по едно на ден и тоа пред спиење.
А пред некој ден, една познаничка која е акушерка ме советуваше по две да сум пиела, но јас по свој памет останав на едно.
Знам дека магнезиумот ја смирува матката. А затоа ли треба да ги прекинам? Заради природните контракции? [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]





Еца -> RE: Мултивитамини за трудници (8.12.2009 0:40:02)

Да, слободно прашај и гинеколог, а и во аптека ке ти кажат.Барем во Алпи фарм слободно можеш утре да се прошеташ и да прашаш да видиш како убаво се ке ти објаснат. Повеќе и од др. знаат. Секоја чест.




Палешка РР -> RE: Мултивитамини за трудници (8.12.2009 0:51:01)

Да да Весна, треба да ги прекинеш сигурно. Јас еве веќе 10 -тина дена не ги пијам.




Весна -> RE: Мултивитамини за трудници (8.12.2009 0:54:42)

Ете прекинувам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] А баш денес купив. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Ептен фала за укажувањето!!!! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




arh_diz -> RE: Мултивитамини за трудници (27.12.2009 11:00:43)

мене сеуште не ми даде ништо гинекологот да пијам од витамини.Ми рече да јадам тоа што ми се јаде.




iki82 -> RE: Мултивитамини за трудници (27.12.2009 14:08:48)

Мамички да ве прашам дали мора фолна киселина да се пие пред бременоста или може од како ќе дознаеш дека си бремена? И дали вие ја пиевте пред бремеост или од кога дознавте? Мојата золва ми рече дека она ја пиела од кога останала бремена и дека успеала да ја помине бременоста без никакви дополнителни витамина, само со здрава храна(мн овошје и зеленчук). Она сега се породи пред 3 месеци и за цело време крвта и била супер.




mis. -> RE: Мултивитамини за трудници (27.12.2009 14:19:49)

јас пиев фолна киселина од моментот кога решивме со мм да имаме дете.Бидејќи се обидувавме некои 7 месеци значи толку и ги пиев и продолжив со нив и првото тромесечје.Кога веќе се планира бременост убаво е и да почне и да се пие од нив.




biljana16 -> RE: Мултивитамини за трудници (28.12.2009 10:59:58)

Iki82 Jas pred da ostanam bremena ne piev folna kiselina. Dr mi vikase deka treba da pijam no so ogled na toa sto od togas pominaa mnogu godini a ne uspeav da ostanam bremena posle prvata godina prestanav. Pocnav povtorno da pijam folna kiselina od momentov koga doznav deka sum  bremena. Inaku dr mi dade zelezo kalcium i magnezium posle 12 nedela. Do sega se osekam super i nemam ama bas nikavi problemi. Se nadevam deka vaka ke bide se do kraj.




emifarm -> RE: Мултивитамини за трудници (2.1.2010 23:09:52)

Ako bremenosta se planira,ubavo e da se pie folna k-na(tifol)i pred toa,se do 15-16 nedela zaedno so magnezol,a posle 17nedela veke preporacuvaat kombinacija od poveke vitamini(megu koi gi ima i folnata,magnezium ,kalcium,vit.c,vitamini od b-grupa...)kako na primer:mamavit,pregnacare,prenatal na natural welth i slicno.Site tie preparati se so identicen sostav samo od razlicni proizvoditeli.Licno jas smeatm deka pokvalitetni se pregnacare i prenatal na natural welth,zatoa si gi menuvam-vo niv gi ima site neobhodni vitamini za plodot,zatoa dopolnitelno drugo da se pie ne e potrebno,osven ako lekarot nema preporacano.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




mica -> RE: Мултивитамини за трудници (3.1.2010 0:58:57)

jas koga ojdov na ginekolog veke bev trudna 6 nedeli i mi kaza da pijam folna kiselina inaku pred toa ne gi pijev bidejki ne bev so taa namera i sega posle 3 ot mesec mi rekoja mamavit da pijam no jas mislam deka voopsto tie vitamini nemat nekoja uloga najdobro e prirodno da se konsumira hrana koja ima vitamini , mislam deka na vremeto koga nasite majki bile trudni ne piele nikakvi vitamini pa decata im bile pozdravi sega sto poveke vitamini tolku poveke i bolesti izleguvaat uste ne rodeni decata.sepak sekoj si ima svoe mislenje. 




arh_diz -> RE: Мултивитамини за трудници (3.1.2010 10:32:30)

фолна киселина пиев и јас но не ја пиев да забременам ја пиев за нешто друго.Така да не земајте ништо на своја рака најдобро ја зне вашата ситуација гинекологот ваш




Fiona -> RE: Мултивитамини за трудници (4.1.2010 18:49:27)

Vo vrska so Magnesolot da ve prasam, dali se pijat sekoj den?
Gi kupiv ali go frliv upatstvoto [sm=zmeden.gif]




Еца -> RE: Мултивитамини за трудници (4.1.2010 19:16:23)

Магнезол што се за растворање во вода во розе кутија, Фиона?




srcence_25 -> RE: Мултивитамини за трудници (10.1.2010 16:26:45)

me interesira dali volnata kiselina se preporacuva od prv moment na bremenost i dali e vo red da se pie bez konsultacija so doktor???
pozd




Еца -> RE: Мултивитамини за трудници (10.1.2010 17:00:34)

да, фолната киселина се пие првите три месеци од бременоста, обавезно, дури докторите ја препорачуваат да се пие и три месеци пред зачнувањето, затоа мој совет е да одиш во аптека и веднаш да почнеш со пиење, таа е најважна за оформување на плодот без аномалии.




Еца -> RE: Мултивитамини за трудници (10.1.2010 17:02:53)

И еве една убава тема за фолната киселина прочитај ја за да бидеш посигурна во сета оваа работа КЛИК ТУКА




BILE.F -> RE: Мултивитамини за трудници (10.1.2010 17:11:39)

Мене ми рекоа да пијам тифол,магнезол и евитол до трети месец, а сега пијам само МАМАВИТ и се рзбира Ц-витамин.





Палешка РР -> RE: Мултивитамини за трудници (10.1.2010 17:28:38)

Јас пиев Тифол во првите три месеци, Магнезол до деветти месец, Дуовит од трети месец до крај и Фероглобин од шести месец до крај. Но сепак секоја трудница треба да се консултира со својот гинеколог.




srcence_25 -> RE: Мултивитамини за трудници (11.1.2010 0:03:06)

ECA navistina mnogu ti blagodaram!!![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
majkami go prasa nejziniot ginekolog i on i rece deka ne e strasno sto ne sum pocnala vednas no deka mozam da pocnam sto poskoro! taka da posto denes nemase nikade otvoreno, sabajle prvo so ke kupam e tifol! a za se ostanato so treba da se pie...ke pocekam da se konsultiram so mojata doktorka! bidejki mi e strav da zemam na svoja raka bilo sto!
uste ednas Eca ti blagodaram...ubavo sto ja procitav statijata za folnata koiselina....sega mi e pojasno![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
prethodno navistina se zbuniv[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]..
pozdravce




Еца -> RE: Мултивитамини за трудници (11.1.2010 0:19:48)

се за нашите идни рингерајчиња [image]http://www.33smiley.com/smiley/love/13.gif[/image] поздравче




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>