Еца -> RE: Мултивитамини за трудници (14.1.2010 8:32:25)
|
Ова е совет од Др.Даниела, стоматолог во ЕТЕРНА ДЕНТ. "Таблетките со флуор се дефинитивно најкорисните таблетки за забите. Тие се минерал како и калциумот и има одлично позитивно дејство на забите во фаза кога тие ја ствараат кристалната решетка додека сè уште се неникнати, во коската. Како и секој лек, како и аспирин или аналгин на пр. не треба да се пијат во огромни количини, да се предозираат и сл. Но во пропишаните дози се апсолутно корисни, даваат долгорочни позитивни резултати (детето би имало многу здрави и неподложни на кариес заби) кои секоја мајка би му го посакала на своето дете. Јас, бидејќи сум исто така бремена, секојдневно примам таблетка со флуор, кој за бремени жени изнесува 1мг дневно и на сите бремени жени истото им го препорачувам. Во крајните месеци на бременост, како што сум сега јас, тие се вградуваат во градбата на трајните едниници и шестки на моето дете" За олиговит сум слушнала дека ги пијат и трудници, но сепак моја препорака ти се мамавит. После породувањето, кој и да дојдеше во собата на визита, кога ке ја видеа крвната слика ме прашуваа кои витамини сум ги пиела за време на бременоста.
|
|
|
|