Calypso -> RE: Мултивитамини за трудници (21.12.2010 11:13:29)
|
Почнав со фолна киселина кога ми потврдија бременост, а после на своја рака зедов Мамавит таблети. Секако си пиев Фероглобин капсули (подолго време ги пијам, поради анемијата). Кога ги испив Мамавит таблетите, гинекологот ми рече дека воопшто немало потреба да ги пијам, не за друго, не биле добри [sm=zmeden.gif], а не ми кажа зошто. Ми рече дека е доволен Фероглобинот и чај од коприва да си пијам секој ден, најмногу заради железото, бидејќи мене последниве 15 години хемоглобинот ми е стандардно 80-90, а сега последно кога правев крвна слика ми беше 100 [sm=bravo.gif] Сега пијам од време на време Магнесол, ама не секој ден, туку ако почувствувам потреба, и ако сум уморна од работење по дома. Не дека којзнае колку се разработувам по дома, мм многу ми помага [sm=smiley1.gif], но сепак, добро ми е за смирување.
|
|
|
|