Предности и маани на градинката (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето

[Анкета]

Предности и маани на градинката


Градинката има повеќе предности
  96% (31)
Градинката има повеќе маани
  3% (1)


Вкупно гласови: 32
(Последен глас : 20.10.2014 9:05:30)
(Гласањето трае до: -- )


Порака


Felly RR -> Предности и маани на градинката (14.3.2012 9:25:48)

Што мислите - кои се предностите на градинката, а кои се пак негативните страни, и што мислите дека преовладува повеќе. Како градинката влијае на вашето дете - дали повеќе во позитивна смисла, или сметате дека во градинка повеќе стекнува некои лоши навики. Ајде тука да ги запишеме нашите мислења, и искуства - за или против градинката, и зошто.




Mihaela 2010 -> RE: Предности и мани на градинката (14.3.2012 9:37:08)

Od sekogas sum bila ZA gradinka,otkolku deteto da go rastat i vospituvaat babi i dedovci,sto na krajot rezultat od seto toa bi bilo razmazeno dete,dodeka vo gradinka pred se se socijalizira,se druzi so vrsnici,steknuva naviki koi ke bidat dosta korisni vo podocneznite godini,sfakja koj e avtoritet,vo slucajot ucitelkite i tn...Nemam nekoe iskustvo so gradinkive osven sto se isporazbolevme mnogu,pa moravme da se otpiseme,no vo sekoj slucaj definitivno sum za gradinka..




Luci -> RE: Предности и мани на градинката (14.3.2012 9:46:16)

Јас сум ЗА градинка и еве ќе ви образложам зошто. Син ми почна во градинка уште на 8 месеци и уште на сам старт закачи прво бактерија стрептокока пнеумонија која претходно никогаш сме ја немале, нити таа нити па било која друга. Почна да кашла, да му тече носето па завршивме со брохнопнеумонијакоја ни требаше месец и пол да ја излечиме. Нормално додека беше болен и додека имаше бактерија не го носев бидејќи пред се се плашав за да не се влоши неговата состојба а и да не префати некое од другите дечиња. Таман ќе го излечевме тој пак се разболуваше, кашлаше, носето му беше те затнато - те му течеше, плуќа полна со шлаем, труење од 1 до 101 со антибиотици и иако сите околу мене збореа, а и јас самата до душа, дека све тоа му е од градинката јас сепак не го отпишав и не ни планирам. Ние до сега не сме биле цел месец во градинка, зошто стандард се разболуваме. Одиме 3 дена па после седиме дома 10 дена. Значи дете ко дете, во нова средина со еден куп дечиња нормално дека ќе префаќа болести, бактерии и слично. Е сега, после долгите паузи што ги правевме син ми ниту еднаш до сега нема пуштено солза кога го оставам таму, ниту првиот ден. Кога го однесов последен пат после паузата од 10 дена абе детево се утепа радувајќи се на учителките, им подава рачиња да го земат, се радува и се смее на цел глас кога ќе ги види дечињата, и знам дека таму му е преубаво и дека го гледаат како што треба. Редовно му се менуваат памперси, јаде, спие, си игра, учи нови работи и допрва ќе учи
Значи иако со лошото искуство ради разболувањата јас сум сепак за одење во градинка зошто според мене има повеќе предности отколку маани(барем за мене, сега за сега[sm=smiley1.gif])




AnnaMolly RR -> RE: Предности и мани на градинката (14.3.2012 9:58:01)

Јас сум ЗА градинка. Никогаш посериозно се нема разболено во градинка, освен настинка обична, кашлање и течење нос, што може и дома додека седи да му се случи.

Си ги обожава учителките, си ги знае другарчињата по име, се си јаде, си спие, учи песни...
Откако почна да оди во градинка, јас дома имам друго дете. Сам се заигрува, со две играчки може цел час да игра, сам заспива, знае да каже „повели, фала, добар ден, добра ноќ“... Со радост оди во градинка, трча накај занимална, го земам насмеан и весел...

Е, сега, нормално дека има маани на градинката. Ќе направам список мене што ми пречи:

1. Не им даваат доволно течности
2. Им бутаат со сила да јадат
3. Ги плашат пред заспивање
4. Некои воспитувачки се тотални намќорки
5. Треба некому да „почестиш“ за да ти го чува детето....

Има уште сигурно, ама немам време сега да мислам :)
Во главно, мене ми е супер штом и нему му е супер во градинка.




JovanaJ -> RE: Предности и мани на градинката (14.3.2012 11:25:03)

ZA gradinka!
Prednosti: socijalizacija, pocetok na ucenje (normalno preku igri, pesnicki) ,pocituvanje avtoriteti (ucitelkite), uci kako da se odnesuva vo grupa i sl...
Mani- zboruvam za drzavnite gradinki bidejki nemam iskustvo so privatnite:
1. Mnogu deca vo grupa- 30 deca e strasna brojka
2.Higienata ne e sekogas na najvisoko nivo
3. Nekoi vospituvacki ne se angaziraat dovolno okolu decata (sreka ne e slucaj vo nasata grupa).
4. Posle 1 casot si odi vospituvackata i decata ostanuvaat samo so neguvatelka i toa do 3. Posle 3 casot gi grupiraat decata sto ostanuvaat od poveke grupi vo edna i nemaat ama bas nikakvi aktivnosti posle spienjeto. Barem taka e kaj nas neli, zatoa i sin mi ne go ostavam da spie vo gradinka nikogas.
5. Gi teraat decata da spijat so sila, so vikanje, za da oni si ispijat kafe ili ispusat cigara (jas licno zateknav vakva situacija i ne mi se dopadna bas).
E sega na kraj mora da naglasam, nikako ne se soglasuvam deka gradinkata e dobro mesto za dete pomalo od 3 godini.
Znaci sum ZA gradinka, no isklucivo posle 3 godini, duri smetam (od licno iskustvo) deka e sosema dovolno dve godini pred da se pocne so uciliste da se posetuva gradinka. [sm=smiley1.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Предности и мани на градинката (14.3.2012 11:34:14)

ИЗВОРНА ПОРАКА: JovanaJ


E sega na kraj mora da naglasam, nikako ne se soglasuvam deka gradinkata e dobro mesto za dete pomalo od 3 godini.
Znaci sum ZA gradinka, no isklucivo posle 3 godini, duri smetam (od licno iskustvo) deka e sosema dovolno dve godini pred da se pocne so uciliste da se posetuva gradinka. [sm=smiley1.gif]




Е, јас со ова не се согласувам. Го носам во градинка од 9 месеци и првите неколку месеци додека не прооди беа тешки, ама после тоа му е уживанција. Мислам дека што помало е детето, побрзо и полесно се навикнува на промената.
Мене детето во градинка ми го свртеа за 360 степени (и тоа на подобро). Беше невиден плачко, не спиеше ни секунда преку ден, не го интересираше ниедна играчка, сакаше нон стоп некој да биде до него...
По два месеци одење во градинка почна сам да си игра, да се анимира, да спие без апсолутно никаков проблем, воопшто немаше плачки по дома... Сето тоа е така зашто се научи дека не може некој цело време само нему да му обраќа внимание, научи дека може сам да си игра, дека може сам да спие...
ЗНАМ дека им викаат за да спијат, дека не ги анимираат многу-многу (особено помалите групи), ама јас лично од тоа видов корист.
Секој со своето мислење, ама во секој случај јас сум за што помало да се носи во градинка. Следното дете исто така од 9 месеци правец во градинка.




vesna1 -> RE: Предности и мани на градинката (14.3.2012 12:05:43)

Jas sum apsolutno ZA za gradinka.
Ima milion prednosti pred doma da go cuva zena. Nie ideme veke skoro cela godina i ima promena od milion posto. Tolku saka da ide vo gradinka sto sekoj den mi place da ja nosam vo gradinka a ima samo 2,5 god., momentalno e doma bidejki e bolna(i plakam zena da ja cuva ovaa nedela). Vo gradinka se nauci sama da jade, pesnicki eden kup, druzenje so drugarcinjata. Nekna bevme na eden rodenden od gradinka i tolku se uigrani zaedno sto e milina da gi gledas kako si igraat.
A ima i mani razboluvanjeto,streptokokata ni e kako domasna bakterija a trgne i odma ja faka.Ama jas i go najdov lekot Citeral kapki vo nos i odma ja lecime i pominuvame bez sirup.
Vo pocetokot bese 5 dena gradinka, 10 dena doma, sega e veke poretko 2-3 nedeli gradinka,
1 nedela doma bolna,ama taka rastat.
Spored mene ima golema razlika i vo koja gradinka ke ja zapises, jas licno od gradinkite vo Aerodrom ne bev zadovolna, dodeka vo centar vo Korcagin(kukata do socijalno) sum prezadovolna.
Ako nekoj ima baba za cuvanje ubavo e do 2 god. da go cuva dodeka stekne malce imunitet,dodeka za poise od dve god. samo gradinka. Im treba drustvo  na nivni vrsnici a ne nekoja baba i tetka.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Yummy Mammy -> RE: Предности и мани на градинката (14.3.2012 12:11:07)


ИЗВОРНА ПОРАКА: JovanaJ

ZA gradinka!
Prednosti: socijalizacija, pocetok na ucenje (normalno preku igri, pesnicki) ,pocituvanje avtoriteti (ucitelkite), uci kako da se odnesuva vo grupa i sl...
Mani- zboruvam za drzavnite gradinki bidejki nemam iskustvo so privatnite:
1. Mnogu deca vo grupa- 30 deca e strasna brojka
2.Higienata ne e sekogas na najvisoko nivo
3. Nekoi vospituvacki ne se angaziraat dovolno okolu decata (sreka ne e slucaj vo nasata grupa).
4. Posle 1 casot si odi vospituvackata i decata ostanuvaat samo so neguvatelka i toa do 3. Posle 3 casot gi grupiraat decata sto ostanuvaat od poveke grupi vo edna i nemaat ama bas nikakvi aktivnosti posle spienjeto. Barem taka e kaj nas neli, zatoa i sin mi ne go ostavam da spie vo gradinka nikogas.
5. Gi teraat decata da spijat so sila, so vikanje, za da oni si ispijat kafe ili ispusat cigara (jas licno zateknav vakva situacija i ne mi se dopadna bas).
E sega na kraj mora da naglasam, nikako ne se soglasuvam deka gradinkata e dobro mesto za dete pomalo od 3 godini.
Znaci sum ZA gradinka, no isklucivo posle 3 godini, duri smetam (od licno iskustvo) deka e sosema dovolno dve godini pred da se pocne so uciliste da se posetuva gradinka. [sm=smiley1.gif]



[sm=smiley20.gif]




Џесика -> RE: Предности и мани на градинката (14.3.2012 19:51:12)

Не знам повеќе на каде ме влече, дали повеќе предности или маани, ама еве кратко ќе објаснам сега за сега кај нас како е:
предности- се научи да пие од чаша, да џвака, да зборува (последниве две ми беа причина за да оди во градинка), социјализацијата, потребата да има друштво на негова возраст (среќен е кога одиме во градинка)
маани- бактериите што ги фаќа за 4-5 дена одење, попримување агресија од други деца, слабо е најаден, т.е мала количина има во порциите(или лажат дека јаде)...
Еве сега според ова испаѓа дека има повеќе предности од маани... уствари освен разболувањата, маани нема други според мене во нашава градинка. За внимание кон децата, нит гледам нит претпоставувам колку внимание им обрнуваат, фала богу досега не ми се вратило модро, испотено, искакано, и нема потреба многу посебно да го тинтраат моето, колку сите толку и него...




Felly RR -> RE: Предности и маани на градинката (16.3.2012 10:16:23)

Јас сум задоволна во однос на социјализација, дружење, учење. Иако се прва мала група, нон стоп нешто работат - цртаат/бојат (повеќе чкртаат, ама важно се учат), работат со пластенин, учат песнички, играат. Немам никакви забелешки ни во однос на чувањето. Ама има некои работи што не ми се допаѓаат. Децава нели, многу често се прегледуваат едни со други, и како прави едното-така и другото. Е за ова, ми се чини Матеа само неубавите работи ги научи. Спиењето сеуште ни е исто, в раце кај мене, пред Тв седнуваме и заспиваме - значи никако да се научи да заспива сама како што заспива в градинка. Исто и за играњето, нон стоп ме бара мене, за да играме заедно, ретко сама се заигрува. А научи да плука, да го фрла шишето кога ќе го испие (зошто така правеле во градинка) и некои слични работи.




ananikol -> RE: Предности и маани на градинката (18.3.2012 16:04:18)




S.D. pocna vo gradina od godinata celo rabotno vreme,L.D.nesto po godinkata od 9-12h za pocetok..

Moeto mislenje e edno golemo DA za gradinkata so se site prednosti i maani..1-decata moraat da se socijaliziraat pred se ..eve jas probuvam da se vlecam na kolenici so kolicinjata,kamionite po tepihot ama toa nee toa ..za takva igra nemu mu treba dete..2-redot sto vednas ke go nauci vo gradinka Vam-mene ke mi treba poveke vreme ...

I da ne zaboravam..ova mi padna v oci... 5. Треба некому да „почестиш“ за да ти го чува детето....

Za ova smetam deka sami ste si vinovni site mamicki...zosto se umilkuvate so "cestenje" neli zemaat plata??-Nisto licno AnnaMolly samo ja komentiram konstatacijata..[sm=smiley1.gif]




lukas -> RE: Предности и маани на градинката (26.3.2012 12:36:51)

sin mi ima 2 god.naprravi vo februar.zedov dokumenti za da napravam analizi da se vidi deka e zdrav,sakam da go nosam radi sto sakam da se vmesa so decinjata,samo so mene e ,a koga ke go vmesam so decinja sedi nastrana i samo od daleku im se radva a doma e dgandar,srceto me boli ic ne mi se pusta radi toa sto navisitna mnogu mnogu ne gi fermaat kako doma so e normalno koga gledas 20 deca naednas..mnogu mi e strav samo so kazuvate za toa deka mnogu brzo se razboluvaat..ke go nosam samo 4 saati od 8h do 12h bez spienje blisku mi e gradinkata.
a inace e mnogu mirno dete si spie si se zaigruva sam ne placi ne kemka,super e ,e imam maka so jadenjeto i poketo radi toa mi se nosi da go nosam belkim ke se nauci da jadi poveke vidovi na hrana i pocvrsta...mislam ne gresam so ke go nosam so mislite vie,a inace jas nigde ne rabotam..pozz




AnnaMolly RR -> RE: Предности и маани на градинката (26.3.2012 12:42:41)

ИЗВОРНА ПОРАКА: ananikol

I da ne zaboravam..ova mi padna v oci... 5. Треба некому да „почестиш“ за да ти го чува детето....

Za ova smetam deka sami ste si vinovni site mamicki...zosto se umilkuvate so "cestenje" neli zemaat plata??-Nisto licno AnnaMolly samo ja komentiram konstatacijata..[sm=smiley1.gif]



Знам дека не е ништо лично :)

Инаку јас никогаш не сум ги „почестила“ учителките на Филип баш поради таа причина што ја наведуваш, Ананикол. Тие самите ја одбрале таа професија, значи знаеле што ќе работат и како ќе работат.
Јас една мајка сум видела секој понеделник и дава пари на учителката и плус едно ќесе со кафе и сок. Имам пишувано и на друга тема колку се изнервирав, ама тоа е тоа, таков е нашиот менталитет.




Cher -> RE: Предности и мани на градинката (27.5.2012 14:13:21)


ИЗВОРНА ПОРАКА: luci

Јас сум ЗА градинка и еве ќе ви образложам зошто. Син ми почна во градинка уште на 8 месеци и уште на сам старт закачи прво бактерија стрептокока пнеумонија која претходно никогаш сме ја немале, нити таа нити па било која друга. Почна да кашла, да му тече носето па завршивме со брохнопнеумонијакоја ни требаше месец и пол да ја излечиме. Нормално додека беше болен и додека имаше бактерија не го носев бидејќи пред се се плашав за да не се влоши неговата состојба а и да не префати некое од другите дечиња. Таман ќе го излечевме тој пак се разболуваше, кашлаше, носето му беше те затнато - те му течеше, плуќа полна со шлаем, труење од 1 до 101 со антибиотици и иако сите околу мене збореа, а и јас самата до душа, дека све тоа му е од градинката јас сепак не го отпишав и не ни планирам. Ние до сега не сме биле цел месец во градинка, зошто стандард се разболуваме. Одиме 3 дена па после седиме дома 10 дена. Значи дете ко дете, во нова средина со еден куп дечиња нормално дека ќе префаќа болести, бактерии и слично. Е сега, после долгите паузи што ги правевме син ми ниту еднаш до сега нема пуштено солза кога го оставам таму, ниту првиот ден. Кога го однесов последен пат после паузата од 10 дена абе детево се утепа радувајќи се на учителките, им подава рачиња да го земат, се радува и се смее на цел глас кога ќе ги види дечињата, и знам дека таму му е преубаво и дека го гледаат како што треба. Редовно му се менуваат памперси, јаде, спие, си игра, учи нови работи и допрва ќе учи
Значи иако со лошото искуство ради разболувањата јас сум сепак за одење во градинка зошто според мене има повеќе предности отколку маани(барем за мене, сега за сега[sm=smiley1.gif])


Многу реално напишано. Ние имаме 5,5 месеци, од септември ќе тргнеме во градинка. Во која градинка оди вашиот син?




Ikana -> RE: Предности и мани на градинката (27.5.2012 14:34:47)

Znaci sum ZA gradinka, no isklucivo posle 3 godini, duri smetam (od licno iskustvo) deka e sosema dovolno dve godini pred da se pocne so uciliste da se posetuva gradinka.


Истово мислење го делам и јас, немам ништо против градинката, но сепак сметам дека малку подоцна треба да ја пуштам ќерка ми да оди...до тогаш ќе се трудам максимално да останува дома со мене, отколку кај баби и дедовци, се разбира ако имам можност да останам дома.




amateuress -> RE: Предности и мани на градинката (27.5.2012 15:07:13)

потпис!
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Znaci sum ZA gradinka, no isklucivo posle 3 godini, duri smetam (od licno iskustvo) deka e sosema dovolno dve godini pred da se pocne so uciliste da se posetuva gradinka.


Истово мислење го делам и јас, немам ништо против градинката, но сепак сметам дека малку подоцна треба да ја пуштам ќерка ми да оди...до тогаш ќе се трудам максимално да останува дома со мене, отколку кај баби и дедовци, се разбира ако имам можност да останам дома.





lilicka -> RE: Предности и мани на градинката (27.5.2012 15:18:50)

Мм пред некој ден зема документи за да ја запишеме Л од септември во градинка....но јас сум толку скептична како се ќе биде....во септември ќе има 14 месеци но таа е толку проблематична за јадење треба да се моли за да се најаде[sm=zmeden.gif] се плашам како ќе биде во градинка на толку деца ке ја молат да јаде како не??
Ми е страв да не си седи гладна,жедна пошто ништо не пие....може претерувам ама незнам цело време си мислам,а супер е што ќе се социјализира ќе научи други навики,ќе се дружи и игра со дечиња од нејзина возраст, јас сум ЗА градинка!!




*Elena* -> RE: Предности и мани на градинката (27.5.2012 16:28:57)

I jas M od septemvri ke go pustam vo gradinka na 9 meseci...kako ke bide bog znae, ke vidime [sm=zmeden.gif]...
Prednosti: mora da nauci i prifati da odi vo gradinka uste od malo, polesno ke mu bide i podocna, ke se nauci na nekoj red, ke se socijalizira so drugi deca i nema da se dosaduva po doma dokolku bi go cuvala nekoja zena ili baba...
Mani: zal mi e sto mora od tolku malo, pomalku vreme ke pominuvame zaedno, ama mama i tato mora da rabotat, razboluvanjeto i bakteriite se ocigledno neizbezni, se nadevam deka ke stvori nekakov imunitet.




Maca25 -> RE: Предности и мани на градинката (27.5.2012 16:56:35)


ИЗВОРНА ПОРАКА: lilicka

Мм пред некој ден зема документи за да ја запишеме Л од септември во градинка....но јас сум толку скептична како се ќе биде....во септември ќе има 14 месеци но таа е толку проблематична за јадење треба да се моли за да се најаде[sm=zmeden.gif] се плашам како ќе биде во градинка на толку деца ке ја молат да јаде како не??
Ми е страв да не си седи гладна,жедна пошто ништо не пие....може претерувам ама незнам цело време си мислам,а супер е што ќе се социјализира ќе научи други навики,ќе се дружи и игра со дечиња од нејзина возраст, јас сум ЗА градинка!!


Чудно, но вистинито - децата кои дома не јадат, во градинка не прават проблем со јадење, спиење, пиење... Ние едвај ја наранувавме Н. дома, ама во градинка си јадеше без проблем, а до ден денес дома изводи со јадење. Исто и со спиење. Кога тргна во градинка имаше 14 месеци, уште не беше проодена како што треба, заспивање исклучиво во раце. Е во градинка ја одвикнаа од тоа, дури ја одвикнаа и од заспивање со цуцла.
Е сега разболувања колку сакаш. Може после 3 години малце поретко ќе се разболува, ама тоа е градинка - вируси и бактерии колку сакаш. Се се поминува и заборава.




Felly RR -> RE: Предности и маани на градинката (27.5.2012 18:02:28)

Во однос на јадењето:
Предност - кога се јаде во друштво, се отвора апетитот[sm=smiley36.gif], барем така е кај моето дете. Кога гледа како јадат други деца, и таа повеќе јаде, отколку сама кога и давам да јаде.
Маана - никогаш не можеш да знаеш колку всушност изело. Порцијата што јас и ја спремам дома, не е иста со таа во градинка. Всушност, во нашата градинка мислам дека и се многу мали порциите, и затоа секогаш велат дека се изела.




Elce -> RE: Предности и маани на градинката (27.5.2012 20:01:07)

Маана се болестите,цел месец и течеше носето и на крај закачивме бронхопневмонија,прво стрептокока пнеумоние.Е сега е дома и неможам да ја вратам во градинка минимум месец и пол за да не ја повтори болеста,а нема кој да ми ја чува и морам да барам жена,и таа жена што ке ја најдам неможам само за 2 месеци да и кажам толку ми требаш!Сега сум пред дилема дали да ја вратам во градинка од септември или да ангажирам жена за подолг временски период?Како што кажала погоре luci два дена во градинка 10 дена дома,ама дома нема кој да ја чува и тоа не бива.Бабите едната тешко прифака да ја гледа,а другата не прифака,ми нуди фин.помош.
Предност е тоа што почна да заспива без нишкање и пеење,си лежиме во кревет и си заспива,стана посамостојна не ме бара за се,знае и сама да се заигра.
Маана е тоа што во градинка воопшто не пиеше ама баш никаква течност,сеуште не пие вода и чај и пелената и беше барут сува,а на дете со шлајм му требаат течности,мислам на секое дете му требаат.




Luci -> RE: Предности и мани на градинката (28.5.2012 12:07:48)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Cher


ИЗВОРНА ПОРАКА: luci

Јас сум ЗА градинка и еве ќе ви образложам зошто. Син ми почна во градинка уште на 8 месеци и уште на сам старт закачи прво бактерија стрептокока пнеумонија која претходно никогаш сме ја немале, нити таа нити па било која друга. Почна да кашла, да му тече носето па завршивме со брохнопнеумонијакоја ни требаше месец и пол да ја излечиме. Нормално додека беше болен и додека имаше бактерија не го носев бидејќи пред се се плашав за да не се влоши неговата состојба а и да не префати некое од другите дечиња. Таман ќе го излечевме тој пак се разболуваше, кашлаше, носето му беше те затнато - те му течеше, плуќа полна со шлаем, труење од 1 до 101 со антибиотици и иако сите околу мене збореа, а и јас самата до душа, дека све тоа му е од градинката јас сепак не го отпишав и не ни планирам. Ние до сега не сме биле цел месец во градинка, зошто стандард се разболуваме. Одиме 3 дена па после седиме дома 10 дена. Значи дете ко дете, во нова средина со еден куп дечиња нормално дека ќе префаќа болести, бактерии и слично. Е сега, после долгите паузи што ги правевме син ми ниту еднаш до сега нема пуштено солза кога го оставам таму, ниту првиот ден. Кога го однесов последен пат после паузата од 10 дена абе детево се утепа радувајќи се на учителките, им подава рачиња да го земат, се радува и се смее на цел глас кога ќе ги види дечињата, и знам дека таму му е преубаво и дека го гледаат како што треба. Редовно му се менуваат памперси, јаде, спие, си игра, учи нови работи и допрва ќе учи
Значи иако со лошото искуство ради разболувањата јас сум сепак за одење во градинка зошто според мене има повеќе предности отколку маани(барем за мене, сега за сега[sm=smiley1.gif])


Многу реално напишано. Ние имаме 5,5 месеци, од септември ќе тргнеме во градинка. Во која градинка оди вашиот син?

М. оди во Во Буба Мара - Ново Лисиче.
Мајки без грижа за нејадењето или не пиењето течности на вашите дечиња, све ќе пројадат и пропијат таму. М. вода не пиеше ама ич пред да тргне во градинка, ја плукаше одма штом му дадев а сега да го видите љока ли љока водичка, се тресе од радост на шишето вода[sm=smiley1.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Предности и мани на градинката (28.5.2012 12:16:39)


ИЗВОРНА ПОРАКА: *Elena*

I jas M od septemvri ke go pustam vo gradinka na 9 meseci...kako ke bide bog znae, ke vidime [sm=zmeden.gif]...
Prednosti: mora da nauci i prifati da odi vo gradinka uste od malo, polesno ke mu bide i podocna, ke se nauci na nekoj red, ke se socijalizira so drugi deca i nema da se dosaduva po doma dokolku bi go cuvala nekoja zena ili baba...
Mani: zal mi e sto mora od tolku malo, pomalku vreme ke pominuvame zaedno, ama mama i tato mora da rabotat, razboluvanjeto i bakteriite se ocigledno neizbezni, se nadevam deka ke stvori nekakov imunitet.


Елена, и јас Филип од 9 месеци го пуштив во градинка и верувај детето за 360 степени се смени кон подобро. Не ми изводеше за спиење, почна сам да заспива, а до тогаш исклучиво по едночасовно нишкање во раце заспиваше. Се научи сам да си игра, не бара да сум цело време до него да го занимавам.
Додека е мало полесно ќе се навикне, ќе видиш дека за 2 недели максимум нема да ти прави проблеми.
Болестите се неизбежни во градинка, ама и тоа ќе помине.




*Elena* -> RE: Предности и мани на градинката (28.5.2012 12:47:37)

Fala AnnaMolly, se nadevam deka i kaj nas ke bide pozitivna promenata. Utre mm ke odi da podnese baranje vo gradinkata Buba Mara vo N.lisice, za od septemvri, se razbira so vrski i kabli za zapisuvanje...pa ke vidime [sm=smiley1.gif]




*Elena* -> RE: Предности и мани на градинката (29.5.2012 13:50:23)

Cher tuka imas muabeti za gradinkite:
http://www.ringeraja.mk/forum/m_21175/mpage_13/key_/tm.htm




Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>