ripce -> RE: Пролив (20.1.2010 20:14:33)
|
Под акутна дијареја се подразбираат најмалку три течни празнења на цревата во период од 24 часа. Конзистенцијата на празнењата е многу поважна од бројот на празнењата, посебно во раната доенечка возраст, кога има празнење по секое хранење и детето добро напредува. Ова се т.н. постпрандијални проливи и не се заболување. Освен акутни проливи , постојат и хронични, кои траат повеќе од 3 недели. Акутните проливи можат да бидат предизвикани од инфективни агенси (вируси, бактерии, габи, паразити), тоа се т.н. акутни инфективни проливи, но исто така можат да бидат и од неинфективна етиологија (хируршки болести, грешки во исхрана, инфекции на уринарен тракт, воспаление на белите дробови и др.) Дури до 80 отсто од инфективните проливи во детска возраст се предизвикани од вируси. Овој факт е многу значаен за терапија на акутните инфективни болести. Акутните инфективни проливи во слаборазвиените земји се една од најзначајните причини за заболување и смрт на доенчињата и децата. Во тие земји, во летните месеци доаѓа до појава на летен бран на доенечки проливи (заради поволни услови за размножување и ширење на патогени бактерии). Во развиените земји овој летен бран на доенечки проливи не постои. Акутните инфективни проливи почнуваат нагло или постепено, често и како тешко заболување. Основен симптом е појава на течни измети, кои некогаш може да имаат примеси на крв (дезинтерија) или на слуз. Поголем број од децата повраќаат, а тие што не повраќаат, одбиваат храна. Чест симптом е и надуен стомак (метеористичен), посебно кај малите деца. Инфективниот пролив може, но не мора да биде проследен со покачена температура. Постојат две главни опасности од проливот: смрт и потхранетост (малнутриција). Смртта поради акутниот пролив најчесто е предизвикана од губење големо количество вода и соли од телото. Таа загуба се нарекува дехидратација. Телото обично ги користи водата и солите преку внесување напивки и храна. Кога цревата се здрави, водата и солите од цревото минуваат во крвта. При пролив, цревата не работат вообичаено. Во крвта поминуваат помали, а од крвта во цревата поголеми количества вода и соли. Тоа губење на вода и соли води до дехидратација. Таа настапува кога губењето е поголемо од внесувањето. Колку повеќе епизоди на дијареја детето има, толку повеќе губи соли и вода. Дехидратација може да настане и поради повраќање, кое често ја придружува дијарејата. Дехидратацијата настапува побрзо кај доенчиња и мали деца, во сува и топла клима и кога детето има покачена температура.
|
|
|
|