RE: Пролив (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


matushka -> RE: Пролив (23.4.2010 15:19:09)

Jas na Mateja mu davav elektroliti na Humana, zasto mi povrakase 8 dena po red, nekolku pati dnevno a mnogu slabo pie tecnosti. Ne znam dali bese do niv, ama od koga pocnav da mu davam, epten brzo zivna.




Leonida -> RE: Пролив (23.4.2010 18:12:39)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Најмногу електролити има во мајчиното млеко, така да нема потреба од сол за рехидрација кај бебиња кои цицаат.


Епа мојава е комбинирано и на мајчино и на Аптамил.
Инаку, сега само што се вративме од преглед, и направија и крвна слика, па според резултатите, најверојатно станува збор за не поднесување на Аптамилот. Откако и го воведовме она има пролив, па сега земавме пак Нан, но не обичниот туку Sensitive. Докторката ни рече да и даваме хипоалергено млеко и би требало да се среди. Па сега викендов ќе видиме[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Ако нема подобрување тогаш ќе не пратела на гастро, да испитаат да не има цревна инфекција[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Sasoxp -> RE: Пролив (26.4.2010 21:43:07)

Moeto malecko eve dva-tri dena ima proliv ama ne e nonstop tuku najmnogu popladne. Sega mu dadovme diastop pa ke vidime. Mnogu pie tecnosti, dnevno eden litar sok go pie bez problem a i preku nok bara.




mother 29 -> RE: Пролив (26.4.2010 22:21:19)

Леонида ,како е малата?
Сасохп се надевам дека се од диастопот ке се стабилизирате![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




Leonida -> RE: Пролив (27.4.2010 11:16:32)

Подобра е mother, веќе 2 дена нема пролив[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Уште и давам сируп, уште 2-3 дена и готово.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Sasoxp -> RE: Пролив (28.4.2010 9:16:12)

Maleckoto ubavo go zakaci. Kaj proliv, pa uste i uvceto mu se zacrvenilo i temperatura ni kaci. Eve vtori den sme so temperatura. Kazuvajte lek za uvo. Neznam veke sto da mu stavame. :(




mina_m -> RE: Пролив (28.4.2010 9:19:58)

jas bi ti preporacala pamukce so kantarion vo uvceto ..isprobano e,veruvaj[sm=smiley1.gif]




mother 29 -> RE: Пролив (28.4.2010 9:22:29)

Сасохп КЛИКНИ ТУКА... ТЕМА ЗА ВОСПАЛЕНИЕ НА УВОТО..
сигурно ке најдеш нешто!




ripce -> RE: Пролив (28.4.2010 9:23:36)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Sasoxp

Maleckoto ubavo go zakaci. Kaj proliv, pa uste i uvceto mu se zacrvenilo i temperatura ni kaci. Eve vtori den sme so temperatura. Kazuvajte lek za uvo. Neznam veke sto da mu stavame. :(


и ние имавме воспаление на увото скоро, дури и јас имав кај воспаление па и перфорација на мембраната... пиевме антибиоток, Otol H капки за увото, и Оперил капки за нос.




Sasoxp -> RE: Пролив (28.4.2010 12:27:01)

Нас ни дадоа Цефахлор сируп, Дексометазон капки и парацетамол за температура. Сабајле немавме температура ама сега еве пак качуваме.




Maca25 -> RE: Пролив (23.6.2010 19:13:18)

Нина еве веќе 3 дена има пролив со ужасен мирис. Не знам што да правам. не е многу често, но 3 пати на ден е течно и смрдливо. Не можам никако да ја најдам нејзината докторка да ја прашам што да и дадам. 




niki -> RE: Пролив (23.6.2010 19:17:05)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

Нина еве веќе 3 дена има пролив со ужасен мирис. Не знам што да правам. не е многу често, но 3 пати на ден е течно и смрдливо. Не можам никако да ја најдам нејзината докторка да ја прашам што да и дадам. 


Со храна проба да регулираш столица?
Банана, ориз, компир, морков, ја стврднуваат столицата, двопек, крекери
и да не даваш овошје и овошни сокови, само вода.




Maca25 -> RE: Пролив (23.6.2010 19:19:50)

Времево е некако променливо и еве денес почна и да кива и да и тече носот, па нема ни некој апетит. Пробав со банана, ориз, компирче ама нешто не ги јаде. Ќе пробувам и понатаму вака со храна да регулирам




niki -> RE: Пролив (23.6.2010 19:27:17)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

Времево е некако променливо и еве денес почна и да кива и да и тече носот, па нема ни некој апетит. Пробав со банана, ориз, компирче ама нешто не ги јаде. Ќе пробувам и понатаму вака со храна да регулирам


Само немој многу долго и кај друг педијатар можеш да се консултираш, не мора баш нејзиниот.




Тања РР -> RE: Пролив (23.6.2010 22:53:49)

Маца јас мислам дека треба да и дадеш некој пробиотик. Нема никаква штета од тоа, нема ниту несакани ефекти. Ќе и се регулира флората во цревата.




Maca25 -> RE: Пролив (23.6.2010 22:58:10)

Кажете ми некој пробиотик. Веќе памет немам, не ми работи ни мозоков веќе. 




Тања РР -> RE: Пролив (23.6.2010 23:03:11)

Па јас би ти препорачала суспензија Prolife или Darmflora прашок.
Првиот доаѓа во ампули кои кога се отвараат прашокот паѓа во течноста, се меша и се пие. За Нина може и цела ампула наеднаш. Вториот е прашок кој се чува на ладно а се раствара во малку вода и се пие.
Има уште еден куп, прашај си во аптека ако ги немаат овие.




Viktori -> RE: Пролив (23.6.2010 23:04:44)

maca, ако и е каката течна, ама не и честа и ако не ја напнува мешето, тоа не е пролив. Можеби и се само надразнети цревата или пак е настинка, оти нели кажа и нос дека и тече. Остај и го мешето. И ако не си и давала пробиотик од кај знаеш како ќе реагира ако веќе и е надразнето... 




Еличка -> RE: Пролив (23.6.2010 23:08:57)

Најдобро е да земеше Darmflora od Dr.Walz ili Prolife. Само не знам колку е старо детенцето, така да прашај си во аптека колку смее, дали цело или пола. Со сигурност поминува. Или може сируп Ентерофурил. Брзо да му помине.




Maca25 -> RE: Пролив (23.6.2010 23:17:21)

Не и е честа, си как нормално како и секој ден, само течно и многу смрдливо [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley11.gif[/image]




Viktori -> RE: Пролив (23.6.2010 23:19:10)

е добро де тогаш нема проблем голем. Чим не и е честа значи нема опасност од дехидрирање.. уживај бе... не се секирај до толку...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]
(и на нас не ни мириса секогаш исто [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley11.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image])




Еличка -> RE: Пролив (23.6.2010 23:21:55)

Штом е смрдливо, јас ти советувам да си земеш нешто од препаратите што ги напишав, може да има некоја бактерија. Не чекај да се влоши. Од дармфлората еднаш треба да се напие и другиот ден ништо ќе нема.




Viktori -> RE: Пролив (23.6.2010 23:33:37)

Кога би била бактерија тогаш прво би требало да се испита која... а не на своја рака да се даваат сирупи. Среќа што веќе не се продаваат така во аптека..
Според мене... децата имаат и други органи преку кои се излачуваат хемиите, а тие органи треба цел живот да им траат...




Еличка -> RE: Пролив (23.6.2010 23:54:38)

Виктори, јас сум секогаш против давање лекови, дури и не ги слушам докторите и си земем нешто на природна база, ама за ова, од искуство мислам дека треба. Дури се испита бактерија, ќе поминат 2 дена, а што дотогаш, детето да се исцеди? И доктор тоа ќе го даде. А таа побара совет, а јас и кажав. Така да нема што јас и ти да се расправаме, самата ќе си одлучи или ќе побара помош од доктор. А еве на природна база ако сакате, чај од дрвеника веднаш го смирува проливот. Или од лисја од дуњи.




Viktori -> RE: Пролив (23.6.2010 23:55:53)

не се расправаме бе [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
а и детето нема од што да се исцеди. не знам дали прочита претходно, дека нема честа столица.Поради тоа јас мислам дека ништо посебно не треба. А и на друга тема имаше дека и тече носот итн.




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>