ripce -> RE: Пролив (20.1.2010 20:14:55)
|
Кај деца што се потхранети, на вештачка исхрана и на помала возраст, проливот има полош тек. Најважно е ако е можно да се превенира дехидратацијата. Ако детето дехидрира, тоа треба да се лекува на брз и добар начин, а потоа детето да се храни, да не гладува. Бидејќи 80 отсто од инфективната дијареја во детска возраст е од вирусно потекло, во 90-95 отсто е доволна терапија со пиење течности за спречување на дехидратацијата. Антимикробни и други лекарства не се потребни. При акутна дијареја не давајте му антибиотици на детето Постојат две главни опасности од проливот: смрт и потхранетост (малнутриција). Смртта поради акутниот пролив најчесто е предизвикана од губење на големо количество вода и соли од телото. Таа загуба се нарекува дехидратација. Лекувањето на акутната инфективна дијареја во суштина е преземање на мерки за превенција на дехидратацијата. Ако таа настане, треба да се лекува на брз и добар начин, а потоа детето да се храни, да не гладува. Бидејќи 80 отсто од инфективата дијареја во детска возраст е од вирусно потекло, во 90-95 отсто случаи е доволна терапија со пиење течности за спречување на дехидратацијата. Антимикробни и други лекарства не се потребни. Антибиотиците не се ефикасни за повеќето микроорганизми што предизвикуваат дијареја. Нивната некритична примена може да придонесе за порастот на резистентноста на некои микроорганизми кон нив. Лекови против повраќање, лекови за намалување на мотилитетот на цревата, адсорбенси не смеат да им се даваат на доенчина и деца. Овие лекарства немаат докажана вредност при лекување на дијарејата, а некои од нив можат да бидат опасни (да предизвикаат парализа на цревата, дремка кај детето). Некои дури се и фатални ако не се користат правилно. Постојат три препораки за лекување на дијареја во домашни услови. Првата препорака е на детето да му се даде да пие повеќе течности од вообичаено. Течностите можат да бидат: орални рехидратациони соли (ОРС), хранливи течности (супа, оризова вода и јогурт) и обична вода (по можност со храна што содржи сол.) Кај деца помали од 6 месеци се дава само орална рехидратациска сол (ОРС) или вода, наместо хранливи течности. Се препорачува за секое празнење на доенче да му се даде да испие по 50 мл, на претшколско дете 100 - 200 мл, а школско дете може да пие колку што сака. При повраќање се дава постепено. Втора препорака е на детето да му се даде храна за да се избегне гладувањето, зашто изгладнувањето на детето со пролив може да доведе до потхранетост или да ја влоши состојбата. Кај доенче што е на мајчино млеко не се прекинува со доење, зашто мајчиното млеко е најдобриот вид храна. Ако доенчето е на вештачка исхрана, еден или два оброка се заменуваат со супа од морков, оризова вода, каша од јаболка или со банани, а потоа се продолжува со давање на млекото што детето го примало, но разредено со хранлива течност. Поголемите деца може да внесуваат жито, зеленчук, по можност со месо или риба. Млечните производи и јајцата исто така се погодни за деца со пролив. Свежите овошни сокови и бананите се корисни бидејќи содржат калиум. Конзервираните сокови не се пожелни и можат да го влошат проливот. Детето треба да се поттикне да јаде онолку колку што сака. Оброците треба да се мали и чести, бидејќи нив полесно ги апсорбира. Откако ќе престане дијарејата, на детето треба да му се додаде уште еден дополнителен оброк секој ден во наредните две недели. Овој оброк на децата ќе им помогне да ја надополнат загубената тежина во текот на болеста. Ако состојбата на детето не се подобри за три дена или, пак, кај детето се појави некој од следниве симптоми: многу течни измети, слабо јаде и слабо пие течности, има висока температура, појава на крв во изметот, нагласена жед или упорно повраќање, побарајте совет од лекар.
|
|
|
|