vezilka RR -> RE: Воспаление на уво (14.10.2013 11:18:21)
|
Еве што помагало.. Грлник - против болки во уво и желудник Грлник или чувар на куќата е едно од многубројните лековити растенија кои се дар на природата. Се користи за болки во уво и желудник. Листот во себе содржи лековита течност, која треба да се исцеди во увото. Се препорачува истото да се прави еднаш дневно, неколку дена по ред. Доколку пак, имате проблеми со желудник, не можете да конзумирате одреден тип на храна, чувствувате болки, се препорачува конзумирање по едно ливче од грлникот. Најдобро е истото да се конзумира наутро пред доручек, неколку дена по ред. Потекло Потекнува од родот Semprevivum, во кој има повеќе од 40 различни видови и дури над 3000 хибриди во различни форми, бои и големини. Членовите на овој род се попознати по нивното народно име, односно, како “чувар на куќата“. Карактеристично за овој вид растение е неговата издржливост на ниски температури, за разлика од другите растенија. Името Semprevivum (од латинско потекло) значи – засекогаш жив. Каде може да се најде? Најмногу го има по планините, како самоник. Грлникот е растение кое може да се засади во саксија и да го одгледувате во вашиот двор. [img]http://mojportal.mk/uploads/article_languages/lt/grlnik1.jpg[/img]
|
|
|
|