blue_blue -> RE: Воспаление на уво (27.2.2014 15:24:18)
|
Mihaela2010, ќерка ми се пожали на болка во уво во понеделникот. Не ја однесов на матичен педијатар бидејќи таму е гунгула во понеделник, а бидејќи беше втора смена си реков ако треба да идеме на ушен лекар ќе нема време (ако одевме на матичен ќе одевме тек кај 19:15 за да избегнеме гужва). Е пошто јас само од воспаление на уво имам малку страв земав и одма ја однесов кај Цекиќ (Др Мери не беше на работа). Тој рече дека и е вироза, малку затнат нос, ама ете веќе има некој воспалителен процес на увото и да и давам антибиотик. Јас не давам антибиотици за ништо освен за пнеумониа, гнојна нагина и за воспаление во уво. И ја барав матичната да се консултирам со неа, не ми се јави и земав и дадов антибиотик. Следнниот ден ми се јави и ми рече дека имало вириоза кај децава која предизвикува рефлексна болка во уво. Ми рече „јас ретко праќам деца на ушен лекар, гледам со мојов инструмент какво е увото - стварно има едно такво за гледање во уво- и оваа недела од 50 деца на ден што прегледувам 40 се жалат на болка во уво и не треба антибиотик оти нема ништо во увото“. Јас жива ќе се изедев, ама ај кога веќе почнав со давање....Од мое искуство специјалистиве секогаш ќе те испратат со антибиотик а добар педијатар ќе види ќе процени што како...Затоа консултирај се со педијатарот и батали тоа специјалистите.
|
|
|
|