Viktori -> RE: Алерго тест (2.3.2011 23:58:18)
|
Син ми немаше осипи по кожата, ама затоа имаше пневмонии, бронхопневмонии, ангини, за тоа мрсули кивања не ни зборам покрај претходните набројани дали нос му тече ми беше најмалку гајле. Инаку ние сме примале лендацин, линкоцин, амоксиклави небројани, панцеф, толикар (клинички инекции) мислам хаос!!! Не знаеш што доживеав и преживеав додека син ми не наполни 2 ипол години... После тоа (пошо не му поминуваше или ја повраќаше болеста) правевме една бронхоскопија, да не случајно вдишил нешто. Тогаш му видоа огромен трет крајник. Ништо друго. и после тоа на мое барање, си отидовме прво од Козле, па право кај Ежова, за да откриеме дека е алергичен на млеко, јајца и бело брашно. На бело брашно мала алергија ама опасна во комбинација со тие погоре. Знаеш како беше? Носев здраво дете во градинка, а земав дете со 40 температура и пневмонија! После тоа кога откривме дека е алергија почнавме со лоратадин, летизен не му делуваа не знам зошто, фликсотида спреј и фликсоназа во нос само на пролет. Ама лоратадин секој ден долго време. Јас за целото време не му ги прекинав млекото и јајцата, ама му контролирав колку внесува и обавезно со апче претходно. После апчињата му ги давав на 2 дена а му зголемував и млеко и јајца ама не во комбинација. Сега е супер! Откако направивме алерго тест антибиотик нема испиено за настинка, шлајм или шкрипење на гради, освен кога си го исече носот и кога си ја дупна главата [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|