Viktori -> RE: Алерго тест (8.10.2011 11:20:24)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Sandric ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori RR Топче, алерготест преку крв се прави секаде во светот на мали деца. Во трудова медицина беше 150 ден со плаво картонче, а во неуромедика беше 2000 денари. Сега можеби е поскапо во неуромедика ама да сме на чисто, го прави Ежова а во врска со алергиите стручноста не може да и се оспори. Од тогаш пројде време, син ми е сега добар, ние контролирано му дававме млечни производи, затоа што не советуваа дека ако ги исфрлиме тотално, секогаш ќе развива алергија кога ќе дојде во контакт со нив. Инаку се утепавме пиење лоратадин, летизенот не му делуваше, инхалирање фликсотида, и фликсоназа во нос. Никогаш повеќе не разви пневмонија. А и сега пазам со млекото.. уште ми е шубе да му дадам млеко со сирење во комбинација или и јајца ист ден. Jas kolku sto znam alergija ne predizvikuva pokacuvanje na temperatura... е па не било баш така. Затоа што лоратадин не треба да симнува температура, ама на син ми му симнуваше. Алергија е неправилна и бурна реакција на имуниот систем, а реакциите не мора да се баш според книга, затоа што никој со сигурност не може да знае како може да изреагира. Има најчести алергиски реакции, ама секој поупатен и помодерен доктор и не толку суетен ќе ти каже дека не може со сигурност да се знае како организмот точно ќе изреагира. Има најчести реакции, ама има и ретки а кога е имуниот систем во прашање и не толку познати. Чист пример е лупусот.
|
|
|
|