Еца -> RE: Контрацепција (8.8.2009 1:09:36)
|
Со оглед на тоа дека има поделени мислења околу таблетите како контрацепција, мислам дека е добро да го прочитате ова: Со редовно консултирање со гинеколог таблетките се безбедни Девојките и жените одбегнуваат користење на хормонска контрацепција заради различни заблуди. Ви донесуваме 10 заблуди и 10 вистини за таблетките за контрацепција *Таблетката е посигурна отколку кондомот Вистина: Таблетката енајмалку 30 пати посигурна од кондомот. Кај апсолутно правилната употреба на таблетките, во една година бремени можат да останат 0,1 - 0,2% жени, ако се сметаат и грешките направени за време на употребата бремени остануваат 0,5% жени. *При употреба на таблетки се зголемува тежината Вистина: Таблетките не влијаат на зголемување на телесната тежина. Просечно зголемување на тежината е исто како кај жените кои не пијат траблетки, како и кај оние кои ги користат. *Таблетките можат да се користат долгорочно Вистина: таблетките можат да се користат долгорочно. Во современите упатства за препишување на комбинирани орални контрацепции, според ставовите на Светската здравствена организација времето на траење на оралната контрацепција не е ограничено. *Вештачките хормони од таблетките се штетни Вистина: хормоните на таблетките одговараат на природните хормони кои се создаваат во јајниците. Нивниот однос е дури поповолен во „природниот циклус“ - заради тоа таблетките во одредена мерка штитат од рак на матката и јајниците, или од настанување на цисти на јајниците и миом на матката. Доколку жената престане со користење на таблетки овие хормони веднаш почнуваат да ги произведуваат јајниците и тоа во поголеми количества. *Во текот на еднонеделна пауза при употреба на таблетките жената не е заштитена Вистина: таблетките штитат за време на еднонеделната пауза исто толку сигурно како и мимо тоа па нема потреба за други контрацепциски средства. *Со употреба на таблетките треба да се престане неколку месеци пред бременост Вистина: жената може да остане бремена веднаш откако ќе престане со користење на таблетките. Бременоста се одвива нормално. *Таблетките гто зголемуваат ризикот од стерилитет Вистина: таблетката заштитно делува на плодноста бидејќи зашштитува од непроодност на јајните акнали, го намалува воспалувањето на каналите, операции на јајниците, вонматерична бременост и т.н. ендометроза. *При користење на таблетките мораат да се прават тестови на црниот дроб Вистина: извршувањето на тестови на црниот дроб не е потребно. Само кај жените кои неодамна прележале некое заболување на црниот дроб и кај жените кои за време на бременост имале „трудничка жолтица“ добро е да се направат овие тестови и да се повторуваат на секои три месеци. *Таблетката го зголемува ризикот од рак на дојките Вистина: таблетката не го зголемува ризикот од рак на дојките, напротив штити од рак на матката, јајниците и дебелото црево и анусот. *Жените кои пушат не смеат да користат таблетки за контрацепција Вистина: само жените по 35 години кои пушат се во групата со зголемен ризик за одредени компликации. *Со користење на таблетки за контрацепција девојките добиваат акни Вистина: не е точно. Токму одредени контрацепциски таблетки се припишуваат за лекување на дури и потешки облици на акни. Некои таблетки покрај контрацепциското делување помогнуваат и кај лесните облици на акни и мрсна кожа на лицето и мрсна коса.
|
|
|
|