Rossana -> RE: Контрацепција (19.5.2010 12:45:19)
|
Видови контрацепција Пред да одберете видот на контрацепција посоветувате со вашиот гинеколог. Стравот од добивање некоја сексуално пренослива болест треба да го надминете, а тоа најдобро се прави со претходно запознавање на партнерот и користење контрацептивни средства. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley27.gif[/image]Презервативот служи за превенција од сида и полови болести.Имаат различни форми, големини, мириси, вкусови дебелини, бои.Основно кај презервативите е тоа што мора да се внимава при половиот однос да не дојде до оштетување или кинење. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley27.gif[/image]Таблетите – лесни се за употреба а се едни од најнадежните контрацептиви кои го намалуваа ризикот од инфекции на каналите и лигавицата на матката и го оневозможуваат образувањето на цисти на јајниците. Таблетите земаат во првиот ден на мензисот и се пијат редоследно според деновите од седмицата. Не е страшно дури и да пропуштите еден ден и да имате полови контакти. Таблетите не предизвикуваат неплодност, нивното дејство може да доведе до успорување на забременувањето, поради тоа што е неопходно да да се обноват циклусите на овулација.Пред да се одлучите за оваа мерка консултирајте се со вашиот гинеколог. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley27.gif[/image]Спиралата се поставува само од гинеколог тоа е безболно меѓутоа може и да дојде до мало крварење.Спиралата не се препорачува на жени кои не раѓале или оние што имале вонматерична бременост. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley27.gif[/image] Спермицидите се хемиски средства кои го оневозможуваат евентуалното зачнување. Имаат формата на тампони, глобули, кремови, желе - се поставуваат во зенскиот полов орган непосредно пред половиот акт. Тие се препорачуваат на жени кои имаат нередовен полов однос. Нивното дејство е од 8 до 10 часа. Тие се превенција од заразни полови болести меѓутоа не штитат од сифилис, херпес и сида.
|
|
|
|